Интернет кафе - во Македонија и надвор

  • Креатор на темата Креатор на темата Decko-SK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 септември 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ме интересира што мислите во врска со Интернет Кафеата кај нас. Услугите што ги нудат? Што нудат интернет кафеата надвор од Македонија?. Цени на услугите кај нас? Што фали, која уште услуга би можела да се понуди во интернет кафе. Јас колку сум информиран во интернет кафе покрај интернет можеш да, испринташ, да скенираш, некаде има меѓународни разговори а дали и што фали како услуга што треба да се понуди
 
Уф.... Откако почна ерата со АДСЛ, и сличните срања, кај ни ги извадија парите од дома, кај ни ставија зависност +. Во интернет кафе немам стапнато со години. Мислам дека бизнисот значително им е опаднат, во споредба со тоа што беше пред некои 4-5 години, кога се беревме децата од школо, за да одиме на МИРЦ, или да играме Кантер во мрежа.
 
Веќе година дена не одам во интернет-кафе толку редовно како што одев претходно (пред да ставам интернет дома), сум бил во некои интернет-кафеа во Скопје и можам да потврдам дека единствено засега Ентернет ми е по мој “вкус“, бидејќи е релативно ефтино (40 денари е час, а ако се зачлениш е 30 денари час, а во вторник (нешто како Happy Day) е 20 денари). Големо е, има место, мислам и дека работаат до подоцна, до накај 02:00-03:00.
Можеби би било убаво да има некакви бенефиции за тие што се редовни таму, како што бев јас пред некое време, да речеме на секои 5 часа - 1 гратис или слично, бидејќи се осиромашив фрлајќи пари таму.
Брзината не им е којзнае колкава, дома ми е побрз интернетот, ама верувам варира од тоа дали има многумина што во моментот користат интернет (или можеби не?:kesa:)
За печатење, скенирање, играње игри, гледање филмови и сл. - не знам, ниту сум скенирал, ниту печател итн.

Во Буњаковец има едно интернет-кафе Асторија, таму одев пред да се отвори Ентернет и сега можам слободно да искоментирам дека е катастрофално во споредба со Ентер. Имааат далеку помал број на компјутери, сите се стари и бавни, со Win98, се наплаќа 60 денари од час и компјутерите или немаат CD-драјвови или немаат USB. Back in time.

Исто сум бил и во тоа спроти ЈБТ ("Cyberia"), тоа е буквално исто како Асторија.
 
Во интернет кафе не сум била откако ставивме дома интернет. И општо, ретко кој оди сега, покрај интернетот дома. Не е тоа што беше порано, соберисе повеќе другарки и оди на мирц, или па кога бев 3 одд барби игравме :pipi: За цените не сум баш информирана, ама колку што знам поефтино е во споредба од порано.
 
Веќе година дена не одам во интернет-кафе толку редовно како што одев претходно (пред да ставам интернет дома), сум бил во некои интернет-кафеа во Скопје и можам да потврдам дека единствено засега Ентернет ми е по мој “вкус“, бидејќи е релативно ефтино (40 денари е час, а ако се зачлениш е 30 денари час, а во вторник (нешто како Happy Day) е 20 денари). Големо е, има место, мислам и дека работаат до подоцна, до накај 02:00-03:00.
Можеби би било убаво да има некакви бенефиции за тие што се редовни таму, како што бев јас пред некое време, да речеме на секои 5 часа - 1 гратис или слично, бидејќи се осиромашив фрлајќи пари таму.
Брзината не им е којзнае колкава, дома ми е побрз интернетот, ама верувам варира од тоа дали има многумина што во моментот користат интернет (или можеби не?:kesa:)
За печатење, скенирање, играње игри, гледање филмови и сл. - не знам, ниту сум скенирал, ниту печател итн.

Во Буњаковец има едно интернет-кафе Асторија, таму одев пред да се отвори Ентернет и сега можам слободно да искоментирам дека е катастрофално во споредба со Ентер. Имааат далеку помал број на компјутери, сите се стари и бавни, со Win98, се наплаќа 60 денари од час и компјутерите или немаат CD-драјвови или немаат USB. Back in time.

Исто сум бил и во тоа спроти ЈБТ ("Cyberia"), тоа е буквално исто како Асторија.

Епа кога сме кај Ентернет имаат повеќе бенефиции. И прилично доцна работат ...24/7 :)
Бидејќи и Ентернет и Инсомнија ги држи ист сопственик и двете работат по исти принципи. И во Ентернет има поволност наречена Daylight(Daymare) односно играње од 10:00 сабајле до 20:00 вечер (10 часа) за само 100 Денари, или пак Afterdark (Nightmare) што е исто така само цела вечер.
 
Уште од мал одам во маалското интернет кафе, што се вели таму пораснавме. И од кога си ставив интернет пак одев таму. Чисто заради дружба, се играше кантер, Age of Empires, пикадо-во последно време многу, и други занимации. Најчесто одам таму заради муабетот, дома досадно па да излезам малце-ако не ми се оди во град. Инаку услугите, па не им се нешто посебно, како бенифиција можам да ја спомнам можноста за беспари да пушите цигари, газдата-кој работи таму, зима и ги остава на шанк и ако си редовен, можеш слободно да си земаш.
 
Епа кога сме кај Ентернет имаат повеќе бенефиции. И прилично доцна работат ...24/7 :)
Бидејќи и Ентернет и Инсомнија ги држи ист сопственик и двете работат по исти принципи. И во Ентернет има поволност наречена Daylight(Daymare) односно играње од 10:00 сабајле до 20:00 вечер (10 часа) за само 100 Денари, или пак Afterdark (Nightmare) што е исто така само цела вечер.

E да ама тоа се однесува само за игри.
 
како бенифиција можам да ја спомнам можноста за беспари да пушите цигари, газдата-кој работи таму, зима и ги остава на шанк и ако си редовен, можеш слободно да си земаш.
:pos::pos::pos:
бенефицијава ти вришти...
инаку јас откако ставив интернет дома само 2-3 пати имам појдено а пред тоа многу пари фрлав по такви места, обично поприлично зачадени од такви како лордов шо го цитирав :pos:
 
Eeee oва не сум го знаел :pos:

Инаку не е бенефиција, ама ај ќе ја сместиме во графата “позитивно нешто“, е што можете да си влезете во Ентернет и да си истерате кафе муабет, со грицки-мицки и слични глупости, донесени од дома :pos: Имаше едни сепареа во зоната за пушачи, па често си идеа тие 8-моодделенците од Коле Неделковски и тука јадеа, пушеа па дури и дремнуваше по некој :pos:
А да, и роденден може да славите таму :):pos:
 
сериозен си? :nesvest: :nesvest: :nesvest:

Да бе, речиси секој ден некое детенце слави, има посебна просторија за нив :)
Имам кажано на друга тема ама ќе кажам и тука: тоа личи на се само на роденден не. Децата испоседнати на компјутери, до нив сокче и некакви грицки, паузираат само за да испејаат Happy Birthday To You со славеникот, ап-лап тортата и пат под нога дома :) Никаква роденденска атмосфера.
 
па тие будали биле, можат преку групњак на мсн то да му го напишат...:pos:
 
Во Буњаковец има едно интернет-кафе Асторија, таму одев пред да се отвори Ентернет и сега можам слободно да искоментирам дека е катастрофално во споредба со Ентер. Имааат далеку помал број на компјутери, сите се стари и бавни, со Win98, се наплаќа 60 денари од час и компјутерите или немаат CD-драјвови или немаат USB. Back in time.
Асторија беше популарно нет кафе пред 10 години и нормално да биле компјутерите со вин 98. Сигурно има повеќе од 5 години како не работи тоа интернет кафе
 
:pos::pos::pos:
бенефицијава ти вришти...
инаку јас откако ставив интернет дома само 2-3 пати имам појдено а пред тоа многу пари фрлав по такви места, обично поприлично зачадени од такви како лордов шо го цитирав :pos:
Хахаха, да бе. Добро сеа не е баш бенефиција, еве како што кажа Тоше, позитивна работа. Од тие што пушат и што нон-стоп се таму, ретко некој навечер да си купува цигари, се е на гага. И да, само опаљач си носат, цигари полесно наоѓаат :)
 
Асторија беше популарно нет кафе пред 10 години и нормално да биле компјутерите со вин 98. Сигурно има повеќе од 5 години како не работи тоа интернет кафе

E како не. Не знам за годинава, не сум бил од лани, ама знам дека лани сеуште работеше, бев таму :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom