Малце забегавме од темата ама сепак , металкорот не е метал, па дури ни деткорот не е метал. Секој кој што има преслушано бендови и од двата жанра ќе ти го каже истото , очигледна е разликата.
И Хардкор е култура пред тоа што е музика , зборев дека бендот е ,сепак , дел од Хардкор субкултурата. Металот да бидеме реални не понесува со себе свое движење , такоџе има бендови чии лирикални теми варираат , од фантазија , самовили па се до расколени пи**кетини кој ги онадиши црнец , а Хардкорот е преполн со општествено/социјални текстови и не бегаат многу од таа тематика . Секако има бендови кој имаат различни текстови , меѓутоа се еден во милион. Еве земи ги за пример основите на хардкорот , Biohazard , Madball , Hatebreed (иако се металкор повеќе) и сл , и ќе видиш дека сите се горе/доле исти. Поемоционален е и затоа бајаги хардкор/металкор/деткор бендови денес го добиваат епитетот Емо , што е бајаги неточен али тоа е веќе друга тема.
Металот од спротива варира поради тоа што има многу (во периода) субжанрови , од Хеви преку Прогресив и Техникал Дет па се до Брутал Дет . Специфична одлика нема металот поради разноличието и поради тоа нема ни култура која ја застапуваат , така да кон тоа целев.
Ајде ајде... почнавме да звучиме куромераторски сеа... Не ми се дискутира појќе за темава
Муабетот ми беше дека знам баш под каков утицај ги прават Хардфејсд песните... Death, Stampin' Ground и Hatebreed се нивни главни влијанија... Можеш во било која песна од Хардфејсд да забележиш рециклирани рифови од горонаведените познати бендови... Добога Death имаат појќе социјални и филозофски текстови од Madball бе другар хаха... Не ми е идејата да се докажуваме кој колку слушал и свирел пошо сељачки ми е идејата да се курчам со тоа што го слушам и живеам и го сметам за едни од ретките искрени нешта што останаа на светот... Можеме да се курчиме со тоа кој шо има смувано и легнато, тоа е интересна тема веќе, а не кој има слушано деткор, металкор, трешкор, горграјнд, франциско беј ејрија треш, босански севдалинки енд Џино Банана д кинг хахахахаха мајтап беше ова... да не се налути некој
Да, Хардкорот е култура и движење... ама не знам оти сите упорно го земаат њу јорк хард корот за основа... абе луѓе дури и пред ЊЈХК имало хц бендови и бендови кои се развивале во исто времетраење... Ги имаш Дисчарџ Англија кои се од 1977... Ги имаме D.O.A. кои се канаѓани и се од 1978... Плус можам да ти набројам милион бендови кои се метал и кои имаат само социјални тексови и политички текстови... И СЕ МЕТАЛ.
Да избегавме од темата... ама со задоволство бегам од темата, искрено, ко шо кажав смешка ми е темата... Ај за шо да гласам молим те??? За најдобар бенд??? Не сме на избори! Се знае... на избори победува тој шо највише пари има фрлено за кампања и тој шо најпојќе замара со пропагандна програма на телевизија (перење мозоци на велико), а не тој што е најискрен и има најискрена програма. Да гласам за Дедикејтед оти имаат највише спотови, албуми, најпојќе пари имаат фрлено да се промовираат и то ги прај "професионални" (професионални металци?! WTF?! :pos2
или за Формлес Терор оти се најбрутални и само тоа е д тру метал??? Брат! Смешно е!!!
За мене се едни... Ама за други се можеби друг бенд... Секој си има свој вкус, само глупи деца примаат влијанија од постариот метал другар комшија шо пие по едно кило ракија по цел ден
и дроби по цел ден шо е тру а шо не.
Металот не е движење?! Ако те слушнат трешерите и олд скул дет металците па и некои блекери ќе те мразат
Секоја музика си има свое движење... Ако не е така тогаш немаше да се прават секти во Норвешка... Плус уште еден пример ти се беј ејрија треш бендовите... Тинк абаут дет... Не значи дека ако не си политички определен како анархо. комунист или слично дека не си приврзаник на некое движење... Ако не сме движење тогаш шо бараме на свирки да се дружиме, пиеме, разменуваме мислења, шуткаме, скокаме или ако сме во бенд да пишиме текстови, искажуваме револт кон одредени општествени појави, сваќања или дешавки...
Хардфејсд ако беа ставени во листа на хард кор бенд немаше да се чудам... Но и да ги ставеа како метал бенд немаше да се чудам... Оти припаѓаат и на едните и на другите... Човече имаат треш рифој повеќе од сегашните Металика
Нема везе сепак ова се само мои гледишта