Најдобар македонски метал бенд?

Најдобар Македонски Метал Бенд?

  • Вкупно гласачи
    133
Член од
9 октомври 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
Темава е најдобриот македонски метал бенд а во анкетата учествуваат 6 метал бендови....nice....разбирам дека секој човек има различен вкус но неможам да разберам како не научивте ( чест на исклучоци ) да го почитувате тоа што е наше македонско а сепак стилот не е по ваш мерак. Да се надоврзам на коментарите за Dedicated For Life ( значи да не ме разбере некој погрешно не сум фан на DFL ) ама според мене се моментално најпрофесионалниот метал бенд во мк,едноставно дечките знаат како да си ја завршат работата почнувајки од албуми,спотови,свирки,омоти... што е реткост кај нас
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323

Абе ако гледаш така и Metallica се ептен професионални, ама па колку се музички лошииииииии. :pos:
 
S

smart ass

Гостин
а зошто Санаториум ги нема?
еве ги.

чисто онака ме интересира на која локација е сниман спотов??

Бидејќи,таман со лудачка кошула хехее како одговара...мислам не е лејм ко рапер и ролс ројс.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
таман е шо си ги ставил ама мислев на листата ги нема... :smir:
 
J

JOEY JORDISON

Гостин
Жити се кажи ми како изгледаат правилата за текстот да биди метал, и како треба да биде презентирањето на металот за да биде метал?!
Ако ја истрижиш косата значи дека не си метал? Ако имаш текст за то колку сакаш комшивката да те задоволи орално не е метал? Треба барем минимум 5 пати во текстот да се опцуе Исус, да има 2 до три кила крв пролиено за да биде метал? И што ако јас со бендот се облечеме во широко ко рапери и ставиме капчиња настрана и не носиме мартинзи и излезиме да свириме, и автоматски не свириме метал па ако сака и Кери Кинг да ни свири на триангл до нас?!
Стварно не ми е јасно... :toe:

А да и ќе заборавев... Анкетата е жива смешка... Како прво не можеш да речеш најдобар метал бенд... Металот никогаш не се свири за да биде најдобар во нешто... Ако сакаш да се натпреваруваш и да бидеш најдобар во нешто играј футбал или оди на натпревари по математика... Музиката е уметност и не треба да служи за некаков натпревар, туку се слуша и се прави од срце и душа... А не за да се фалиш пред другарите шо слушаш и шо свириш.
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:БРАВО !!!
 
Г

Господ

Гостин
А да и ќе заборавев... Анкетата е жива смешка... Како прво не можеш да речеш најдобар метал бенд... Металот никогаш не се свири за да биде најдобар во нешто... Ако сакаш да се натпреваруваш и да бидеш најдобар во нешто играј футбал или оди на натпревари по математика... Музиката е уметност и не треба да служи за некаков натпревар, туку се слуша и се прави од срце и душа... А не за да се фалиш пред другарите шо слушаш и шо свириш.
П искрено прв пост во темава кој има смисла.Толку се стремиме да изградиме добра репутација со тоа каква музика слушаме/свириме што ја забораваме нејзината суштина т.е дека тоа е една од малите работи во кои треба да уживаме безрезервно.
Често пати сум сведок на дијалози од типот на:
-Абе ги знаеш тие и тие(да не посочувам бенд)
-Не...
-Ех ништо не знаеш.

и

-Колку време слушаш метал?
-2 години.
-Ја слушам 4.(сакајки да каже повеќе сум запознаен со жанрот или накратко боље сум од тебе)

Ова укажува дека музичкото познавање и интелигенција луѓето го мерат со тоа кој колку бендови знае и колку време слуша одреден жанр.Демек поупатен е тој што може да наброи повеќе бендови што според мене е глупост...
Јас на пример не можам да набројам 30000 бендови но тие што ги слушам или сум ги слушал сум успеал да ги изанализирам комплетно и сум успеал да го исцедам сето знаење кое можам да го примам од таму воедно уживајки и учејки истовремено.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
163
Поени од реакции
23

Постов ти е на место со тоа што ке ти коментирам на болд... Првото се случува многу кај лугето што почнуваат со метал односно по младите да речеме накај 15 години пошто уште не знаат што сакаат, дали музиката која ја откриле ке ги направи "фраери" или тврди момци или па ке почнат стварно да слушаат и да разберат што има да понуди таа.

А за вториов дел и не ти е на место. Да лошо е кога некој ке ти каже за некој бенд што не си го слушал "ништо не знаеш". Ама па од друга страна неможеш ти да му наметнеш бендови на некој што стварно долго време слуша. Ти си ги знаеш твоите бендови и ке му влезеш со став "овој бенд е најбоље" е тогаш упаѓа она стандардно прашање "што си слушал?", мислам дека ме разбираш.
 
dacimf

безобразен
Член од
16 ноември 2009
Мислења
60
Поени од реакции
7
Едноставно се дел од Хардкор културата , т.е го презентираат оној ист-беј хардкор живот . И текстовите во металот се поразнолични отколку во Хардкорот , во Хардкорот текстовите се поеднолични и се воглавном за животот и неговото значење , стрејт-еџ културата , хардкор фамилијата.
Иако воглавно зависи од металот стилот на свирење ама пософистициран е од хардкорот и не се содржи од Power акорди и Palm-Mute-ови.
Metalcore-от е мешавина од Metal и Hardcore , секако , ама не се потенцира Металот како главна инфлуенца туку хардкорот.
Види бато... не знам колку ме свати... не ми кажвај колку се дел од хард кор културата ко Буфо и Јово мастурбираат дома на Death, Pantera, Testament и посебно на Therion :D

Плус... Имаш бенд ко Converge кои се едни од основоположувачите на Бостон хард кор сцената а немаат текстови ко шо спомна ти... Туку текстовите им се филозофски поетични и прилично комплицирани... Дури имаат и еден куп љубовни текстови...
После... Ги имаш Refused кои и то како имаат филозофски текстови... не ти држи многу вода муабетов... После имаш уште еден куп хард кор бендови кои се занимаваат со политички теми.... Имаш хард кор бендови кои свират и солажи еден куп....

А од друга страна ги имаш Nevermore кои се метал и имаат пак политички текстови. Ги имаш D.R.I. кои свират металкор и кои го измислија на некој начин металкорот и кои главен утицај им е металот а не хард корот... Ги имаш и Hatebreed кои изгледаат ко ултра хардкорци демек и сами си ја лепат етикетата хард кор а појќе звучат ко Obituary и Slayer одколку на некој олд скул хард кор бенд ко Black Flag или Bad Brains кои пак се растафаријанци и не се замараат ниту со стрејт еџ ниту со хард кор фамилијата... Ги имаш S.O.D. кои се кросовер треш а имаат хард кор текстови и се исто основачи на металкор звукот а се појќе метал него хард кор... Како не знам само распределуваш кои се по хард кор а кои не? :toe:

Исто ги имаш и Tankard кои имаат нај еднолични текстови на цел свет! Цел живот за пиво пеат, за тоа колку биле пијани и за некои си вонземјани со им го крадат пивото цело време... Ако во метал текст нема death, suffocation, blood и слично не е метал ахахахаха и ти после ми викаш дека во металот имало поразнолични текстови :D
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361

Малце забегавме од темата ама сепак , металкорот не е метал, па дури ни деткорот не е метал. Секој кој што има преслушано бендови и од двата жанра ќе ти го каже истото , очигледна е разликата.
И Хардкор е култура пред тоа што е музика , зборев дека бендот е ,сепак , дел од Хардкор субкултурата. Металот да бидеме реални не понесува со себе свое движење , такоџе има бендови чии лирикални теми варираат , од фантазија , самовили па се до расколени пи**кетини кој ги онадиши црнец , а Хардкорот е преполн со општествено/социјални текстови и не бегаат многу од таа тематика . Секако има бендови кој имаат различни текстови , меѓутоа се еден во милион. Еве земи ги за пример основите на хардкорот , Biohazard , Madball , Hatebreed (иако се металкор повеќе) и сл , и ќе видиш дека сите се горе/доле исти. Поемоционален е и затоа бајаги хардкор/металкор/деткор бендови денес го добиваат епитетот Емо , што е бајаги неточен али тоа е веќе друга тема.
Металот од спротива варира поради тоа што има многу (во периода) субжанрови , од Хеви преку Прогресив и Техникал Дет па се до Брутал Дет . Специфична одлика нема металот поради разноличието и поради тоа нема ни култура која ја застапуваат , така да кон тоа целев.

:pipi:
 
:D Ајде ајде... почнавме да звучиме куромераторски сеа... Не ми се дискутира појќе за темава :D Муабетот ми беше дека знам баш под каков утицај ги прават Хардфејсд песните... Death, Stampin' Ground и Hatebreed се нивни главни влијанија... Можеш во било која песна од Хардфејсд да забележиш рециклирани рифови од горонаведените познати бендови... Добога Death имаат појќе социјални и филозофски текстови од Madball бе другар хаха... Не ми е идејата да се докажуваме кој колку слушал и свирел пошо сељачки ми е идејата да се курчам со тоа што го слушам и живеам и го сметам за едни од ретките искрени нешта што останаа на светот... Можеме да се курчиме со тоа кој шо има смувано и легнато, тоа е интересна тема веќе, а не кој има слушано деткор, металкор, трешкор, горграјнд, франциско беј ејрија треш, босански севдалинки енд Џино Банана д кинг хахахахаха мајтап беше ова... да не се налути некој :D

Да, Хардкорот е култура и движење... ама не знам оти сите упорно го земаат њу јорк хард корот за основа... абе луѓе дури и пред ЊЈХК имало хц бендови и бендови кои се развивале во исто времетраење... Ги имаш Дисчарџ Англија кои се од 1977... Ги имаме D.O.A. кои се канаѓани и се од 1978... Плус можам да ти набројам милион бендови кои се метал и кои имаат само социјални тексови и политички текстови... И СЕ МЕТАЛ.

Да избегавме од темата... ама со задоволство бегам од темата, искрено, ко шо кажав смешка ми е темата... Ај за шо да гласам молим те??? За најдобар бенд??? Не сме на избори! Се знае... на избори победува тој шо највише пари има фрлено за кампања и тој шо најпојќе замара со пропагандна програма на телевизија (перење мозоци на велико), а не тој што е најискрен и има најискрена програма. Да гласам за Дедикејтед оти имаат највише спотови, албуми, најпојќе пари имаат фрлено да се промовираат и то ги прај "професионални" (професионални металци?! WTF?! :pos2:) или за Формлес Терор оти се најбрутални и само тоа е д тру метал??? Брат! Смешно е!!! :vozbud: За мене се едни... Ама за други се можеби друг бенд... Секој си има свој вкус, само глупи деца примаат влијанија од постариот метал другар комшија шо пие по едно кило ракија по цел ден :vozbud: и дроби по цел ден шо е тру а шо не.

Металот не е движење?! Ако те слушнат трешерите и олд скул дет металците па и некои блекери ќе те мразат :P Секоја музика си има свое движење... Ако не е така тогаш немаше да се прават секти во Норвешка... Плус уште еден пример ти се беј ејрија треш бендовите... Тинк абаут дет... Не значи дека ако не си политички определен како анархо. комунист или слично дека не си приврзаник на некое движење... Ако не сме движење тогаш шо бараме на свирки да се дружиме, пиеме, разменуваме мислења, шуткаме, скокаме или ако сме во бенд да пишиме текстови, искажуваме револт кон одредени општествени појави, сваќања или дешавки...

Хардфејсд ако беа ставени во листа на хард кор бенд немаше да се чудам... Но и да ги ставеа како метал бенд немаше да се чудам... Оти припаѓаат и на едните и на другите... Човече имаат треш рифој повеќе од сегашните Металика :D

Нема везе сепак ова се само мои гледишта :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom