Уау..првиот збор што ке го кажам е тој..
Од 4 саат бев таму..и чекав ..и за неверојатни 30минути од кога почнаа да пуштаат се наполни пола стадион..
Водителите супер си ја извршија задачата,јавувањата по малку ме нервираа,но и тие поминаа.Благодарност до сите оине звезди кои дојдоа да испеат по некоја песна на Тоше..иако според мене едни од подобрите беа изведбите на Аки и Бојан М.,сепак никој не е како него.Очекував да го слушнам неговиот глас,со првата песна кога почна ритамот.За еден момент заборавив дека Тоше не е веке мегу нас и очекував,се дигав на прсти да го видам и да го чујам,но кога искочи друга личност која запеа негова песна,почнав да плачам
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
.Сакав Тоше да е тука,и да ни каже ве обожавам,ве сакам,ми го продолжувате животот.Но место тоа морав исечок од концерт да видам,кој ми ги врати спомените од минатиот концерт
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
.Концертот беше супер,на моменти имаше тага и солзи,на моменти имаше среќа и смеење,но ние не престанавме да ги пееме неговите песни.Така верувам ке биде и понатаму.Единствено што највеке ме погоди беше песната на Тоше и Кристијан.Допре до сите срца,и накај кого и да се свртев после изведбата сите беа расплакани.И навистина заслужува такво внимание.Песната е одлична,а за текстот..немам зборови со кој можам да го опишам,многу језив,но сепак толку жалосен,тажен и мил.Дај боже тоа дете,еден ден да го наследи Тоше во неговиот талент,така секогаш ке имаме некој што ке не потсека на него.Феноменално,се исплати чекањето и стоењето кое траеа со часови.Ангелот наш,не чуваше и не виде сите од онаму.Сигурно е сега горд,кога го потврди успехот на својата мисија.Мисијата да ги обедини СИТЕ.Дури и кога он не е тука.Ние СИТЕ бевме тука за него,и овој пат ние му покажавме колку љубов имаме за него,како што некогаш тој ни ја покажуваше љубовта која ТОЈ ја има за нас.Тоше,те сакам сите!