Па посакуваат, може не толку практично, колку теориски, барем јас. Тоа значи дека во реалност најверојатно никогаш нема да имам секс со жена, ама во сексуалните фантазии се случувало да се јави и женска фигура.
Иам во една тема кажано дека сите жени се бисексуалки, повеќе или помалку. Сфаќањата, воспитувањето и околината ги прават геј или стрејт. Што не е случај и со мажите, кај кои што е или црно или бело.
Секоја жена има потенцијал сексуално да се возбудува од друг женски субјект. Жените со поголем таков потенцијал се со хомосексуална ориентација. Жените со помал таков потенцијал се со хетеросексуална ориентација, но зависно од сфаќањата, традиционалниот начин на воспитување, ставовите, вкусот и други фактори, во животот можеби ќе пробаат секс со жена, а може и не.
Без оглед на тоа дали ќе пробаат, сите барем еднаш се запалиле на помислата/сликата на лез-сцена и тоа е факт. Тие што истото не го признаваат, веројатно или имаат мал потенцијал (од тој што го спомнав претходно), или не си ги истражувале доволно сексуалните желби и фантазии, или лажат.
Ама да не давам јас груби претпоставки, кога сепак можеби грешам
(иако во моите очи шансите да грешам се 1:1.000.000
) .