Не би верувала. Скептик, јебига.
Веројатно би ги реметела тие кои ќе почнаат да параноичат, ќе земам пуканки и ќе фатам ложа. Ќе им пукам сеир на наивните кои сум ги надмудрила и потсмешливо ќе чекам да дојде утре за да им докажам дека џабе се потресувале.
И кога ќе дојде утре, а со него крајот, ќе се чешам. :uvo: За среќа ништо нема да постои веќе, па ќе нема кој да ми пука сеир мене за пукањето сеир на празно...
Второ сценарио: Да речеме дека е 100% сигурно дека утре е крај и цела планета се сложува и помирува со фактот.
Ќе биде тоа напорен последен ден од мојот живот. Нема да правам ништо конструктивно, ко на пример садење цвеќе, зошто се ќе отиде јабана за 20тина саати ениуеј. Затоа ќе правам себични работи од себични побуди за само лично себеси да си удоволам. Пример,ќе си основам свој фан-клуб или нешто. Може следната цивилизација нема да има докази за постоењето на тој клуб, ама нема да има ни докази дека не сум имала ниеден член во него.
Ќе се плеснам со неколкумина што сум ги намерачила некогаш претходно. Хеј, нема да морам ни заштита да користам, што ми значи СИДА или бебе кога нема утре да ме има!
Ќе се чувствувам ко Џек Бауер во 24.
Ќе напишам писмо со мрсна содржина врз некој тешко распадлив материјал и ќе го закопам во двор. Може некој ќе ме откопа некои милијарда години од денес.
Денот сигурно ќе го завршам со чашка ракија уз “Краљица тротоара“. И тоа не е зошто денес денот ми е во знакот на таа песна, туку зошто песната е химна над химните во ТФ областа. Секоја добра кафанџика треба да го заврши денот со таа песна. А особено последниот. :pijan:
Ќе соберам неколку луѓе за заедно да си умрИме. Колективноста е полезна работа.
Ако секој ден се плашам да не утре биде последниот, до кај ќе стигнам ако стварно вака се однесувам... :nesvest:
Крајот на светот никогаш нема да дојде „утре“.
И да дојде, ние сигурно нема да бидеме известени.
И да бидеме, јас нема да бидам у тек, зошто не пратам вести, па ќе умрам изненадно.