Како се мести фиксна протеза ? (инспирација)
Еве малку по корисен пост на темава. Покрај постовите на Џену Гирл и ред други да не ги набројувам
За сите страшливци како мене - Како се мести фиксна протеза !
Нај првин, во зависност каков случај сте вие, докотор/ката ке ви кажат дали треба да ги вадите 4-ките во зависност од тоа дали ја местите горе или доле протезата.
НО, пред да ги извадите треба да ви земат мерки :helou: Значи вака
седнувате на едно столче, како во мојо случај кожно беше и тоа кафејаво
и на тоа столче ви ги зимат мерките. Мерките ке ви ги земат со тоа што : докторот/ката зема една како лажица која прилега на која било вилица и ја пуни со една маст, ама иста е како паста за миење заби. Ви ја протнува во устата. И така ви ја држи едно 5 минутки во уста за да се отцртаат вашите линии на непцата и забите. После они знаат што прават со тоа т.е. ја добиваат вашата вилица преку пастата која се стврднала.
И после.. идете вие после 2 дена и спремни сте и визички и психички да ја ставате протезата. Седнувате на стол. Морално е да седите за тие што не сакаат да седат !
Седите и прво она/он ти вади едно желевце и пак вади паста :nesvest:, ама со таа паста ви ги полира забитеееееее. Со едно желевце ке ви ја нанесе на забите и после со едно машинче ... бззззззззззззззззззззззззз.... ке ви ги направи ко на реклама. Ти ја плакне устата со тоа дувалото, и веке сте спремни.
Цап, вади од тамо алатот и треба да ве наоружа ! Става тоа шмукалката да ви ја шмука плунката. После ти става во уста едно КИСЕЛА :nenene: течност.... ама петен гадна. И да продолжам ! Ги вади тие камчињата кои ви стојат на забите.
Ви ги премачкува забите со една маст, која користи како подлога на лепакот која треба да го нанесе. Ви ги премачкува и сега следи лепењето ! Ама не заборавајте дека цели 30-40 мин треба устата да ви стој ОТВОРЕНА
. И сега вади еден шприц голем колку
... се шалам .. нормалене е.. и сега тука ве фаќа страв, мислите дека ке ве боцка (барем јас така мислев) . Ама нема! Тоа е уствари лепакот. И полека ви става и камче по камче ги лепи.
Афтер 20 мин .. залепени се сите камчиња и сега следи да ви ја стави жицата која ке ве притиска ! Ја мери жицата околу цела вилица и ја сече. Исто така и жицата ја лепи за камчињата. Ама камчињата си имаат посебна вдлабнатина во која ке лежи жицата. Ама не е смао тоа. Ке ви даде една кеса полна со гумички и ке треба да изберете каква боја сакате : имате
црвена, жолта, бела, љакова, зелена .. ама црна нема. ШИТ! И со гумичките ви ги захевтува жиците и камчињата врз камчињата.
И ТОЛКУ! А не ! Нај важното ! Диксате од стол и плаќате половина од цената. На 2 рати е ! Барем така за мене беше ! Ке издржите неколку дена, па махимум 1 недела, да ве боли, да ви се шират забите, да ве боцка и такви глупости. Но една од нај важните работи е тоа што треба да ги ЧЕТКАТЕ после секое ЈАДЕЊЕ!
ЦЕЛ ОВОЈ ПРОЦЕС ТРАЕ 1 САААТ ВРЕМЕ МАХИМУМ !
Пријатен апетит. :lol: