Филип Давидовски
Роден: 1995
Позиција: Напаѓач
Клуб: Копенхаген
Филип игра за младинскиот тим на Копенхаген. Бил на проба во гол број европски врвни клубови, како Реал Мадрид и Челзи. Како што цели, има желба да настапува за Македонската репрезентација. На Youtube се појави и клуб во кој фудблската легенда, Дарко Панчев- инаку негов голем идол, му посакува се најдобро на Филип, и се надева дека еден ден Тој ке игра за Македонија.
Драган Наумовски
Роден: 1990
Позиција: Среден ред
Клуб: Њу Јорк
Потекнува од Струга,моментално има 18 години и веќе 6-7 години живее во САД.Фудбалската кариера ја започнал во Њу Џерси,каде неговиот талент бил забележан од страна на Њу Јорк Ред Бул. Лани во овој период заедно со екипата на Њу Јорк учествуал на турнир во Шпанија (Futbol Mundial De Clubes Trofeo Quixote) и неговиот талент бил приметен од страна на неколку европски клубови.Клучно се работело за 3 официјално понуди од Ајакс,Валенсија и Партизан.Исто така по тој турнир бил оценет како иден перспективен играч.Игра во средниот ред и му се предвиува голема идина .При разговор со него, изјави дека добил повик и од младата репрезентација на Македонија под 18 години и иако има Американско државјанство подготвен е да ги брани боите на Македонија доколку добие шанса..Околу понудите нема размислувано многу но сепак планира прво да ја заврши школата во САД,па потоа ќе го напушти Њу Јорк Ред Бул.
Желе Исмаил
Роден:1992
Позиција: десно крило/напаѓач
Клуб: Волверхемптон
Роден во Македонија, Желе на 2годишна воздраст заминува за Англија заедно со неговите родители каде има можност подоцна да настапува за клубот Волверхемптон. Исмаил го привлече вниманието на мноштво скаути за време на престижниот турнир за фудбалери под 16 години кој уште се нарекува Милк Куп, кога со одличната игра за својот тим беше прогласен за играч на турнирот, иако беа поразени во финалето. На ова натпреварување исто така учествуваа екипите на Челзи, Борусија Дортмунд, Макаби и Евертон кој триумфираше во финалето со 3:2.
Според написите, Сините од Стемфорд Бриџ понудиле 2 милиони фунти за потенцијалниот талент, Исмаил и покрај тоа што има само 15 години, но од Волверхемптон добиле негативен одговор.
Арменд Аслани
Роден: 1998, во Тетово
Позиција: Средина
Клуб: Копенхаген
Многумина го споредуваат со Зидан. За него пријавија интерес Реал Мадрид и Арсенал, но голема е веројатноста да премине во Арсенал затоа што самиот Арсен Венгер го има следено во живо Алсани и изразил задоволство од прикажаната игра, па дал согласлот да се ангажира талентот во редовите на Арсенал.
Џејсон Најдоски
Роден: 19 Јули 1989
Позиција: Среден ред
Клуб: Њукасл Џетс
Во моментов игра за членот на А-лигата (австралиска прва лига) Њукасл Џетс. Двајцата негови родители Миле и Роза се родени во Македонија, па и покрај тоа што Џејсон досега беше член на речиси сите младински австралиски селекции, тој не е загубен за Македонија. Кога некој можеби малку би се позаинтересирал за него, можеби би можеле наскоро да го видиме во “црвено-жолтиот“ дрес. Со оглед на тоа што има само 19 години, Најдоски би бил долгорочно решение за националниот тим.
Во своја дадена изјава ке каже: „Знам дека се уште можам да играм за македонската репрезентација и ако добијам покана сигурно би бил почестен да заиграм за државата од каде потекнуваат моите родители. Но, факт е и дека се што научив досега, целата моја кариера ја поминав во Австралија и би било фер на некој начин да вратам за тоа. Сепак, кога ќе дојде време за да одлучувам за кого ќе играм, сериозно ќе размислам, ќе ги послушам чувствата и ќе слушнам што велат луѓето околу мене. Никогаш не велам никогаш. “
Бен Кантаровски
Роден: 20.01.1992
Позиција: Средина
Клуб: Њукасл Џетс
Бен Кантаровски, 17-годишен играч кој наскоро најверојатно ќе потпише за Баерн Минхен.
Инаку има изјавено дека е горд на тоа што е Македонец и дека сака да настапи за нашата репрезентација. Веќе еднаш беше повикан за сениорската репрезентација на Австралија но не настапи поради повреда. Дали ФФМ ќе превземе нешто за ова дете ќе видиме наскоро, ама по се изгледа ќе оди и овој талент по ѓаволите...