Македонци во високата политика на Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Актуелниот претседател на бугарското Народно собрание, Георги Пирински, е син на познат Македонец. Неговиот татко Георги Николов Зајков, заедно со Смиле Војданов, војвода од Илинденското востание, во Америка ја пропагираа македонската вистина. Тие ќе го формираат Македонскиот народен сојуз и ќе се борат светот да дознае дека македонската нација е реалност.

Кога Георги Зајков ќе биде протеран од Американците и ќе се врати во Бугарија, синот што го носи неговото име, а ќе го преземе и псевдонимот Пирински, имал само три години. Растел и се школувал во бугарски дух. Дипломирал во Софија на Високиот економски институт „Карл Маркс”, а потоа се вработил во Министерството за надворешни работи. Тоа што неговиот татко бил еден од најголемите борци за македонската вистина во Америка, спротивно од она што го тврди официјална Софија, ни малку нема да му пречи да создаде успешна политичка кариера.


Во 1996 година, ако не постоеја формални пречки, Пирински можеше да биде избран и за претседател на Бугарија. За време на претседателските избори беше кандидат на бугарските социјалисти и сите анкети му даваа голема предност пред Петар Стојанов, кандидат на СДС, кој беше избран за претседател. Главната пречка да не застане на чело на државата не беше тоа што татко му 28 години се борел против политиката на таа иста држава кога станува збор за македонскиот идентитет, туку фактот што беше роден во Њујорк.

На активностите на стариот Пирински во САД и во Канада меѓу Македонците и на неговите национални определувања тогаш потсети весникот на десноориентираната СДС - „Демократија”, но тоа немаше некакво влијание и не предизвика речиси никакви реакции во јавноста. Клучно беше тоа што Пирински не беше роден во Бугарија и поради тоа Изборната комисија ја отфрли неговата кандидатура. Според бугарскиот устав, за да стане некој претседател на државата мора да биде роден во Бугарија. По ова тогаш анонимниот Стојанов немаше речиси никакви проблеми да го победи непознатиот кандидат на БСП, Иван Маразов, кој не ги имаше политичкото педигре, авторитет и харизма на Пирински.

Младиот Георги Пирински лесно се искачуваше по скалилата на хиерархијата во БСП, тогаш, а и сега моќна партија, наследник на бугарските комунисти. Многумина тврдат дека во напредувањето во кариерата му помагал поранешниот премиер на Бугарија, Андреј Луканов, кој исто така има македонски корени, чиј љубимец бил. Пирински беше заменик- претседател на партијата и потпретседател на владата на Луканов. Тој беше министер за надворешни работи во владата на Жан Виденов, но поднесе оставка за време на големата политичка и економска криза во зимата 1996 -1997 година, не согласувајќи се со политиката на премиерот.

Се зборува дека голема поддршка да успее на политичката сцена Пирински имал и од семејството на сопругата, Клавдија Кашева. Таа е ќерка на генералот Илија Кашев, кој во времето на Тодор Живков повеќе години беше началник во Државната безбедност. Кашев се самоуби под неразјаснети околности.

За разлика од синот, кој не го признава македонскиот национален идентитет, таткото се чувствувал Македонец и се борел против сите оние кои ја негирале македонската нација. На конгресот на Македонскиот народен сојуз во 1933 година во Детроит, во уводниот реферат рече дека расправата нема да биде целосна ако не се фрли повеќе светлина и по прашањето за македонската нација, кое, според него, е едно од најважните и најтешко за објаснување. „Велиме тешко за објаснување затоа што, како резултат на долгогодишната пропаганда на нашите балкански поробувачи, кај многумина Македонци се вгнездило убедувањето дека ние Македонците не претставуваме одделна нација, туку, според едни, сме ‘најдобриот дел од бугарското племе’, според други ‘чисти Срби’, а според трети ‘словеногласни Елини’. Особено силно е убедувањето дека сме ‘најдобриот дел од бугарското племе’”, ќе истакне таткото Пирински. Притоа, посебно ќе подвлече дека Македонците треба гласно да изјават дека не се ниту Срби, ниту Грци, ниту пак Бугари, туку одделна македонска нација што се бори за своето национално ослободување и одделување во своја македонска држава. „Во Македонија се на лице сите елементи на една самостојна македонска нација со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја“, ќе образложи Пирински.

Академик Блаже Ристовски, кој го истражувал делото на Георги Зајков – Пирински, пишува дека тој го уредувал и весникот на Македонското народно движење „Трудова Македонија“, во која сите позначајни текстови ги пишувал самиот тој. Покрај тоа, сите важни документи, соопштенија и конгресни материја биле негово дело. „Тој ја водеше кореспонденцијата со Македонците од татковината и во емиграцијата, одржуваше разни конференции и митинзи, со сите сили и средства ја градеше националната и патриотската свест на Македонците каде и да се наоѓаат“, вели академик Ристовски.

Таткото на сегашниот претседател на бугарскиот парламент е роден во 1901 година во Банско, место каде што се родил и еден друг голем Македонец, Никола Јонков Вапцаров. Како што подвлекува академик Ристовски, Пирински и војводата Смиле Војданов од охридското село Лактиње во периодот на триесеттите и четириесеттите години од минатиот век ќе настојуваат да ја обединат македонската емиграција во Америка која Македонија ја чувствува за своја татковина, а македонскиот национален идентитет им бил света работа, за разлика од Македонската патриотска организација која, под влијание на Ванчо Михајлов, се борела за бугарската кауза. Двајцата, Војданов како претседател, а Пирински како секретар на Македонскиот народен сојуз секоја година ќе организираат конгреси, ќе издаваат весници и успешно ќе ја шират вистината за Македонија.

„И кога по резолуцијата на Информбирото против Југославија американските власти, како странски државјанин, го осудија Георги Пирински за ‘комунистичка дејност’ и го поставија пред дилемата да оди в затвор или да биде екстрадиран онаму од каде што дошол, тој и не можеше да дојде во тогашната антиинформбировска Македонија, туку ја прифати услугата на НР Бугарија и на 5 септември 1951 година стигна во Софија, Натамошниот пат веќе беше јасен. Судбината на Венко Марковски ја делеа заедно – со ордени, почести и слава за сметка на неговите најубави 28 македонски борбени години во САД“, пишува академик Ристовски за дејноста на големиот Македонец од Банско чија политичка активност по враќањето во Бугарија ќе тргне во друга насока.

Според академик Ристовски, Македонскиот народен сојуз во САД и во Канада и неговите весници непосредно пред и во текот на Втората светска војна биле единствените што континуирано, објективно и сеопфатно го следеле одот на Македонското ослободително движење и на оружената Народноослободителна борба. „Тој ги обединуваше Македонците од сите делови на распокинатата татковина и претставува верен сведок за нивната национална свест и за карактерот и континуитетот на ослободителните стремежи и државотворни идеали”, подвлекува тој. Војданов и Пирински ќе бидат во Комитетот за изградба на болницата во Скопје веднаш по ослободувањето во 1946 година.


 
Македонците крем на бугарското општество

301F6AA565B52944809B7DA507210F0E.jpg

Валкано побугарчување на големиот поет Никола Вапцаров

За разлика од многумина Македонци кои се определуваа како Бугари под влијание на средината во која живееја, големиот поет Никола Јонков Вапцаров си остана Македонец до смртта. Го стрелаа бугарските фашистички власти во јули 1942 година, заедно со Антон Попов, прогласувајќи ги за државни непријатели и терористи.

Поради тоа што не се вклопува во вообичаените бугарски шеми, тој ги збунува тамошните критичари. И по близу седум децении од ликвидирањето на Вапцаров, се' уште полемизираат и ги валкаат неговите живот и дело. А главната причина за тоа е неговата поезија во која ја воспева својата татковина Македонија. Сепак, и покрај тоа, тие настојуваат да докажат дека бил бугарски поет, а македонството што зрачи од секој негов стих го објаснуваат со тоа дека бил наивна жртва на комунистичката идеологија. Некои одат дотаму и го оспоруваат неговиот голем поетски талент.

Никола Јонков Вапцаров не е сакан поет во Бугарија. Тоа се виде уште во времето на Информбирото, кога Софија почна да негира се' што е македонско, а литературните критичари да го минимизираат неговото творештво. Неговиот пријател Михаил Сматракалев, инаку близок со семејството Вапцарови, во едно писмо до мајката Елена во 1947 година напишал: „Од она што го читам за него од други автори, не сум задоволен. Се гледа дека не ги познаваат добро неговото творештво и неговиот карактер. Некако пишуваат за далечен човек. Го испостуваат неговиот свеж и интересен лик. За мене тој беше самиот Горки, самиот човек“.



Сматракалев е многу лут на лицемерите, на сите оние кои некогаш не сакале да го забележат неговото творештво. „Понекогаш киптам во справедлив гнев кон оние кои сега го слават. Вријам, зашто додека беше жив, тој не беше вреднуван од нив. Не го гледаа големиот талент, не го гледаа револуционерниот поет“, и' напишал тој на мајката на Вапцаров. „Ми тежи исто така и тоа што брзаат да го прогласат за бугарски национален поет, кога Кољо и по чувства и по погледи беше Македонец. Тоа може да го види и најголемиот книжевен слепец. Тоа во неговата стихозбирка е искажано со силни бои. Кољо не е бугарски национален поет. Тој е Македонец кој растел во бугарска реалност, цврсто се споил со бугарските работници, но тој со песна на уста умре за Македонија, за Бугарија и за сето прогресивно човештво. Тој ќе си остане инспиратор на бугарската младина. Тој не може да не биде и бугарски поет и револуционер. Но, зошто го кријат фактот оти тој е Македонец, дека е роден на македонска земја и оти самиот тој за своја татковина ја има Македонија, оти тој е син на македонскиот народ“, заклучил Сматракалев, кој од сите најдобро го познавал големиот поет.

Вистинско сатанизирање на делото на Вапцаров започна по падот на режимот на Тодор Живков. Во „Третиот растрел“, книга за поетот, нејзиниот автор Марин Георгиев тврдеше дека Вапцаров не успеал да се изгради како самостојна личност и поради тоа станал слуга на комунизмот и на македонизмот. И Цвета Трифонова го прогласи Вапцаров за жртва на комунизмот и на околностите во кои живеел. Таа оди до таа крајност што тврди дека на него влијаел и лекар - белогардеец кој во Банско се појавил во 1919 години и живеел во нивната куќа. Наводно, тој бил агент на Коминтерната. Таа тврди дека ставовите што ги изнесувал Вапцаров пред Македонскиот литературен кружок, „своите мисли за ’македонското’ тој ги изразувал од позиција на одделен, дистанциран исполнител на туѓа волја“.



Јордан Каменов, автор на книгата „Власта, историјата и Вапцаров“, причините за промакедонската ориентација на Вапцаров ги бара во власта која „за неколку месеци од еден невин политички субјект продуцира непријател број еден“. Тврдејќи дека е еден од најдобрите познавачи на Вапцаров, тој вели дека во песните не открил ништо македонско.

Стефан Влахов Мицов, кој будно ги следи сите обиди на бугарските литературни критичари да го побугарчат Вапцаров, истакнува дека сето она што безобразно му се накалемува на големиот поет за да се докаже дека тој не се чувствувал Македонец може да се демантира уште со првата збирка што ја објави на 17-годишна возраст и ги назначи граничните места на родната територија: Пирин, Струма, Преспа, Шар, Воден. „Нешто повеќе. Во стихозбирката ’Земја‘, напишана во текот на 1939 година во Софија, каде што живеел веќе неколку години, тој е категоричен: ’Таа земја,/по која сега чекорам,/таа земја,/во пролет што ја губи југот,/таа земја - своја не ја знам./таа земја,/простете е: туѓа/‘“, ја цитира Влахов Мицов познатата песна, подвлекувајќи дека целокупното творештво без никакви дилеми го претставува Вапцаров како поет со македонско самочувство.

Влахов Мицов препорачува дека е време да го „ослободиме“ Вапцаров од догмите што го заробуваат со децении, од политичката и идеолошката конјунктура и од националистичката реторика. „Нема да излезе ништо страшно и лошо од тоа што Вапцаров пишувал на бугарски јазик, а бил со македонска свест. За неколку години ќе одбележуваме еден век од неговото раѓање. Грдо е кога годишнините го делат светот на противречни страни и уште погрдо е што се случува тоа меѓу два соседни народа“, заклучува тој.



По повод 90-годишнината од раѓањето на Вапцаров, во Софија се кажаа многу други нешта за последните мигови на поетот. Како што напишаа весниците тогаш, една вечер пред вратата на внуката од неговиот брат, Маја, која е режисер, заѕвонил непознат белокос старец и и' се обратил со зборовите дека на душата му тежи голема тајна што сака да и' ја каже за спокојно да си оди на другиот свет. Се претставил дека се вика Љубомир Спасов и во времето на профашистичката влада на Бугарија бил полициски началник и гледал како бил стрелан поетот.

Спасов тогаш и' раскажал дека штом го видел Вапцаров, извикал: „Зошто е тука тоа момче? Го познавам. Јас го интернирав. Тоа немаше направено ништо лошо“. Бившиот полицаец на висока функција и' објаснил дека ниту еден од војниците одредени да го стрелаат не сакал да пука во него. По стрелбата се покажало дека тој е жив и дека е само ранет во рамото. Според тогашните закони, требало да биде помилуван. Меѓутоа, секретарот на директорот на полицијата ја зел судбината на поетот во свои раце. Го тргнал настрана лекарот што сакал да му помогне и со неколку истрели од револвер го застрелал Вапцаров.

Истата приказна тогаш ја повтори и Божидар Божилов, кој раскажува дека во деновите додека Вапцаров бил в затвор го тепале многу често. Двапати го изведувале од градот и му велеле: „Гледаш како е прекрасен животот, нели сам пишуваш дека за него би направил се'. Потпиши само дека се откажуваш од идеите и нема да те стреламе“. За да го спаси својот син, мајката Елена отишла кај секретарот на царот Борис за да моли да го спасат. Царот бил добар пријател на нејзиниот сопруг Јонко, меѓутоа интервенцијата на дворот за помилување на поетот, наводно, не била прифатена и така тој бил стрелан. За Вапцаров имало помен, но не и јавен погреб. Осудените на смрт биле закопувани надвор од гробиштата, исто како и самоубијците.

Во бугарските весници се отвори и друга полемика меѓу сопругата на поетот, Бојка, и неговите внуци Маја и Никола. Предизвикани од нивната стрина, која во едно интервју истакна дека мајката на Вапцаров, Елена, ја сакала и и' се доверувала само нејзе, омаложувајќи ги нив, објавија писма од кои може да се види спротивното. Сопругата на Вапцаров истиот ден по стрелањето и' кажала на неговата мајка дека повеќе не припаѓа на нивното семејство.
 
Апсурд е да се праиш турко-монгол во една измислена од Русите држава на Балканот.

Нема никаков спор, или си од турко-монголите на Аспарух или не си; Вапцаров не бил. И Пајсиј Хилендарски воопшто не зборувал за турко-монголските бугари, тој поимот бугари го поистоветува со словени. Затоа вели дека првите бугарски кралеви биле Вукич, Драгич, .....

А темава само докажува дека без учеството на Македонците, руската губуернија Бугаристан не можела да пркне.
 
:helou:

со првата збирка што ја објави на 17-годишна возраст и ги назначи граничните места на родната територија: Пирин, Струма, Преспа, Шар, Воден. „Нешто повеќе. Во стихозбирката ’Земја‘, напишана во текот на 1939 година во Софија, каде што живеел веќе неколку години, тој е категоричен: ’Таа земја,/по која сега чекорам,/таа земја,/во пролет што ја губи југот,/таа земја - своја не ја знам./таа земја,/простете е: туѓа/‘
 
Да се чуди човек да плаче или да се смее. Стига глупости сте др'нкали. Относно турко-монголите: Имаше един френски президент, Франсоа Митеран му беше името, та тој сподели дека ''бугарите са един от с'здателите на цивилизацијата на нашата планета''.
Македонеро, знаеш ли колко б'лгарски комунисти и партизани са убити от жандармеријата и полицијата. Ти взе всички за канарчета, какво искаш да кажеш, че Вапцаров е застрелјан, заштото се е изт'квал като македонист ли. Ајде спрете с простотиите.
Б'лгарија винаги ке подкрепја република Македонија за п'лен интегритет на истата во европејските структури, но никогаш нема да се разберем с кражбата на б'лгарската историја и с признаването на македонски език. А докато не се разберем за историјата и езика, Европа винаги ке гледа на македонците като гетото на Балканите.
Турко татарите создале цивилизација на планетава:pos2::pos2::pos2:. Ние не крадеме туѓо. не ви го крадеме Ботев , Левски, Кубер, Аспарух. Правиот бугарски е турски јазик:helou:
Еве нешто за Бугарите
10a.jpg
Камен напис од туркотатарoбугарскиот ХАН СЈУБИГИ ОМУРТАГ: ТУРДАЧИС (присутни типично турки титули и турки имиња)

9a.jpg
Камен напис од туркотатарбугарскиот ХАН СЈУБИГИ ОМУРТАГ за висок бугарски чиновник ИЧИРГУ

11a.jpg
Камен напис од туркотатарбугарскиот ХАН СЈУБИГИ ОМУРТАГ за неговиот телохранител ТАРКАН
 
Венко Марковски от Скопие
160px-Venkomarkovski.jpg

б'лгарски писател. Венко Марковски е доказателство за гигантското прест'пление на с'рбите изв'ршено над населението на Македонија. Израства в ревностно б'лгарско семејство. Под влијание на сатанинските марксистко-комунистически идеи започва да се изјавјава като македонист. Самија Венко Марковски споделја: " Изпитах в'рху себе си експеримента как от б'лгарин се прави македонец" След това променја позициите си:
"
От един народ с'здадохме ниј два народа. От език един направихме езика два. В името на истината бранехме заблуди. Стар јарем разбивахме. Ковехме нов хомот. На Б'лгарија без жал делехме небосвода. Хв'рлјахме позор на мајка с мајчински слова... "Негов син е Миле Марковски
160px-Milemarkovski.jpg
б'лгарски писател, член на С'јуза на б'лгарските писателиВнуци на Венко Марковски са:Игор Марковски
160px-Igormarkovski.jpg
журналист и актьор, директор Вр'зки с обштествеността на ПФК ''ЦСКА"и Вени Марковски
160px-Veni.jpg
компјут'рен специалист, председател на С'вета за информационни технологии к'м Президента на Републиката




Каде е тука Миле Марковски син на Венко? Откако тој (Миле) заминал со мајка му Филимена во Софија,подоцна Бугарите го подготвувале за дипломатски претставник во Канада, но една вечер малку поднапиен,во една кафеанска расправа,удрил со раката на масата, велејќи: ,,Јас сум Македонец''. По неколку дена ,,загинал'' во ,,сообраќајна несреќа''.
 
професор Благој Шклифов от село Черешница (Костур)
27060112.jpg

известен б'лгарски езиковед и диалектолог, изследовател на б'лгарските диалекти в Егејска Македонија. Има 40 годишна забрана от Г'рција да посештава Беломорието. Убит от гр'цките тајни служби през 2003

професор Анастас Дудулов от Струга- скулптор и преподавател в Национална художествена академија. Автор на много паметници в Б'лгарија.
dud_mother.jpg
"Мајчинство"- една от блестјаштите творби на професор Дудулов

поручик Андон Калчев от село Жужелци (Костур)
160px-Andon_Kalchev_scetch.jpg

б'лгарски офицер, преподавател в Лајпцигскија университет. Поручик Калчев е основател на б'лгарската доброволческа военизирана организација "Охрана". "Охрана" е оп'лчение на б'лгарите в Егејска Македонија по време на Втората светска војна за самозаштита от нападенијата на гр'цки андартски банди.
Разстрелјан от г'рците през 1948, последните му думи при разстрела са: "Ура Македонија"!

доцент доктор Спартак Паскалевски от Скопие
sp_paskalev_txt.jpg

б'лгарски художник и изкуствовед, преподавател в Шуменскија университет ''Епископ Константин Преславски''
 
..Ненормална и абсурдна ситуација, както е тр'гнало вие и Паисиј Хилендарски от Банско ке го пишете за ''голем македонец''....

turko-tataro-mongolce...
kako ne te e sram?
Паисиj Хилендарски "Историја славјаноб'лгарска"), напишано во 1762 година.ZAPMTETE GO OVA.
Во своjот текст за прв пат Паисиj MAKEDONECOT ги искажува идеите за бугарската национална преродба.

ZAPAMTETE GO I OVA:
...од Букурешкиот договор од 1821 година, според кој била постигната согласност за уредување на заемните односи помеѓу балканските народи пред претстојните востанија против Турција.
Интересно е што во овој документ Бугарите воопшто не се спомнуваат како еден од балканските народи, а не е таков случајот и со Македонците:
Да им се спротиставиме на интригите и да не дозволиме Романците да им бидат потчинети на Албанците, ниту пак Албанците да им бидат потчинети на Грците, ниту пак Грците на Србите, а ниту Србите на Македонците.
(Notis Botzaris. Visions Balcani-ques dans la preparation de Is revolutionqrecque, Paris,Geneve,1962,стp. 229).

Од изнесеното може да се заклучи дека тогашните жители на Бугарија дури и до почетокот на 19 век и дури по 50 год. откога Паисиј Македонецот започна да ги осознава , во најголема мера воопшто не биле свесни за своето етничко бугарско потекло и себеси се декларирале како Грци и како Срби
(а за Средниот век и да не зборуваме).


и сега,тука,разноразни турко-татарско-монголски вулгаристи ќе кажувале кој што бил.
ако нема Македонци во "булгарската историја",каква историја ќе им остане на Азијците?
никаква.
 
Од изнесеното може да се заклучи дека тогашните жители на Бугарија дури и до почетокот на 19 век и дури по 50 год. откога Паисиј Македонецот започна да ги осознава , во најголема мера воопшто не биле свесни за своето етничко бугарско потекло и себеси се декларирале како Грци и како Срби
(а за Средниот век и да не зборуваме).
Точно дека не биле свесни за своето потекло , но Пасиј не е Македонец тој е од друг крај на Бугарија не од Пиринска Македонија, Банско, како што пропагираат Бугарите.
"И досега не е открит документ, за да се разреши в'прос'т, в кое село или град се е родил п'рвијат народен будител — Паисиј Хилендарски. Известно е само това, което тој с'обштава за себе си в заглавието на своето с'чинение „Историја славјаноб'лгарска": „и пришед'ша ва Светьiе гори Афонские у епархiи Самоковскiие в' л'то 1745" („дош'л в Света гора Атонска от Самоковска епархија в 1745 година
ЦАНКО ЖИВКОВ, писател:
"Нај-голјамото доказателство, че Кралев дол е родното мјасто на Паисиј, това е език'т, на којто тој се обр'шта к'м своите слушатели и читатели. Това е език'т на палакаријските и кралевдолските селјани. Един тамошен учител, Веле Кралевсски, пр'в изследва тези податки и извади 240 думи от историјата на Паисиј, които са от кралевдолското наречие. В текста на Паисиевата историја не се срешта нито една от банските! Банското наречие е много характерно, то е македонско и родопско, но не можеш да го об'ркаш с граовското."
 
Апсурд е да се праиш турко-монгол во една измислена од Русите држава на Балканот.

Нема никаков спор, или си од турко-монголите на Аспарух или не си; Вапцаров не бил. И Пајсиј Хилендарски воопшто не зборувал за турко-монголските бугари, тој поимот бугари го поистоветува со словени. Затоа вели дека првите бугарски кралеви биле Вукич, Драгич, .....

А темава само докажува дека без учеството на Македонците, руската губуернија Бугаристан не можела да пркне.
И затова истата тази БГ постоела и преди русите,заштото не можела да пркне.Аjде со здраве.
Парадоксално е поентата дека во нашата политика каjмака е от македонци,па бугарската политика била против македонците.
 
И затова истата тази БГ постоела и преди русите,заштото не можела да пркне.Аjде со здраве.
Парадоксално е поентата дека во нашата политика каjмака е от македонци,па бугарската политика била против македонците.
Навистина интересен став македонски да сме ние "руска творба".Б'лгарија вече постоеше и се развиваше като држава години преди да се создаде дури Киевска Рус.Како може да те создаде некои кои се родил след тебе?Дали може татко ти да ти е син?!
 
Не е широко обjавено во Македониjа,али по смртта на Борис во втората светска воjна еден македонец е регент.Има 3-ма регенти на царот и ако нешто се случи со царското семеjство еден от регентите може да биде следваштиот цар на Бугариjа.
Това е Тодор Павлов от Штип.

Бугариjа има 2-ма премиер министри от Македониjа.

Илjади военни,бизнесмени,министри,депутати и учени луге.


Во првата светска воjна во бугарската армиjа има 16 генерали кои са родени во Македониjа.

16!!!!!


Кojа држава ке даде на луге од друга националност да врти политиката на државата???


 
Македонеро ...
За разлика од многумина Македонци кои се определуваа како Бугари под влијание на средината во која живееја, големиот поет Никола Јонков Вапцаров си остана Македонец до смртта. Го стрелаа бугарските фашистички власти во јули 1942 година, заедно со Антон Попов, прогласувајќи ги за државни непријатели и терористи. ..
Македонеро, пиле шарено. Си чул него, маика му, брачетка му шо сборат? Ас сам ги чул. И аиде молам те имаи малце мерка. Ти да кажеш на човекот, маика му и блиските му каков е.
Еве шо кажува Маја Вапцарова, ама сметам дека ке биде избришано, ама от интернрт не може.
Саа на кои да верувам. На теб Македонеро или нан нега.

Па сичко кажано до сега значи дека ние, лугето од Пиринско, Егеиско и Вардарско имаме сите права во Бугариа како сите бугари, даже и повеке.
 
Простата истина е че сме били един народ, заштото сме били обединени от идејата да се освободим от турците. Затова сега имаме обшта историја и много видни хора са родени на територијата на Македоија. Винаги Б'лгарија е давала мило и драго за Македонија и оште ви имаме за братја. Истина е с'што че сте прихванали национализма от с'рбите, имали са интерес да си мислите че сте уникална нација, и имат интерес да ви учат за б'лгарскија фашиз'м.
Но има и една друга истина и тја е че великите сили имат интерес да има конфликт на Балканите, не искат силна д'ржава тука. Големите д'ржави определјат политиката заради икономически интереси, иксат да има Косово, искат да разделјат југославија, искат да се караме помежду си и го постигат. А резултата за нас е негативен.
И вие слушате како се говори по телевизијата и пишете против Б'лгарија, а не си давате сметка, че ние сме наи добрите ви с'седи на балканите. Т'жно ми е че е така. Затова и пиша тука.
 
Простата истина е че сме били един народ, заштото сме били обединени от идејата да се освободим от турците. Затова сега имаме обшта историја и много видни хора са родени на територијата на Македоија. Винаги Б'лгарија е давала мило и драго за Македонија и оште ви имаме за братја. Истина е с'што че сте прихванали национализма от с'рбите, имали са интерес да си мислите че сте уникална нација, и имат интерес да ви учат за б'лгарскија фашиз'м.
Но има и една друга истина и тја е че великите сили имат интерес да има конфликт на Балканите, не искат силна д'ржава тука. Големите д'ржави определјат политиката заради икономически интереси, иксат да има Косово, искат да разделјат југославија, искат да се караме помежду си и го постигат. А резултата за нас е негативен.
И вие слушате како се говори по телевизијата и пишете против Б'лгарија, а не си давате сметка, че ние сме наи добрите ви с'седи на балканите. Т'жно ми е че е така. Затова и пиша тука.


 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom