ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
Сведоци сме на според мене агресивен феминистички емнаципирачки покрет кој се етаблира во модерното општество. Правата на жената се потенцирани а соодветно тоа и нивната заштита. Разни социјални групи и центри на големо се залагаат за борба против злоставување на жената во бракот посебно во делот на семејното насилство. Стереотип е станата сликата за жената како незаштитено суштество во бракот а додека мажот е представен како потенцијален насилник. Меѓутоа денешнината со сите атрибути би рекол дека фрла нови моменти врз реалноста а тоа дека мажот е многу почесто изложен на насилство пред се психошко во бракот. Од него се очекува да е ``глава на семејството` од една страна а од друга страна луцидноста на спротивниот пол тоа му го дозволува само декларативно но не и фактички. Сето тоа зачието со егзистенцијални проблеми, фрустранции ``времегазење``, декорирано со поголеми очекување, доведуваат до кризи во бракот каде честопати мажот е жртвата . За ова не се говори многу посебно не во неопатријалхално општество како нашево ама не значи дека не постои. еве ви пример
извор http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FD9A367B3E98EA41814D4323F4688430
Ме тепаше без причина и за тоа водеше дневник
Го тепала и навредувала сопругата дури ја поправал штетата, а некогаш и неколку часа подоцна откако повторно ќе и текнело на тоа, а по малтретирањата, жената во дневник ги запишувала сите лоши работи што му ги правела
Едно саботно утро, минатата година, Стојан А. добил добар ќотек од својата сопруга госпоѓата Марина А.. Настанот се случил пред нивната семејна пиљарница пред очите на повеќе муштерии. Поради срамот од женскиот ќотек, човекот се повлекол позади пултот и касата, каде што клекнал и почнал да плаче.
"Прво ме поттапна по раме а потоа турна една кутија полна со производи кон мене...ми стана срам од луѓето кои го гледаа циркузот, па влегов внатре и почнав да си плачам, не знам дали солзите беа од срам или пак од болка", ја раскажува Стојан маката и теророт претрпени од својата жена.
ЧУДНА ВРСКА
Враќајќи се назад во времето, тепањето тоа утро било само една насилна епизода од нивната чудна брачна врска. Марина го тепала својот сопруг неколку пати претходно, и тоа секогаш кога ќе направел некоја ненамерна грешка. Го тепала и навредувала дури ја поправал штетата а некогаш и неколку часа подоцна откако повторно ќе и текнело на тоа. Човекот понекогаш му доаѓало на мисла да најми телохранител кој ќе го заштити од насилната сопруга. По малтретирањата, жената во дневник ги запишувала сите лоши работи што му ги правела, што подоцна се покажала како многу корисна работа за нејзиниот сопруг.
За четиринаесет години додека биле заедно, таа го напуштала вкупно 13 пати од кои најдолго го оставила на 4 години. Тој период го оставила Стојан за да се омажи за друг, но откако таа врска се распаднала таа повторно се вратила во прегратките на првиот маж. За чудо на сите тој ја примил назад. Драмата се повторила. Сепак на крај Стојан бил тој што собрал доволно храброст и ја избркал насилната сопруга по 14 пат и тоа засекогаш. За да го направи тоа Стојан ја однел сега поранешната сопруга пред суд каде побарал развод. Откако му дошло преку глава од тепањата и ќотекот, од спиењето надвор пред влезната врата, Стојан решил да ја побара правдата во законот. Тој побарал заштита во еден шелтер центар каде биле згрижувани жени жртви на семејно насилство.
Во изјава пред судот Стојан рекол: "Таа користеше маша и со неа ме тепаше по целото тело. Јас бегав и се заклучував во моето комбе за да се сокријам од неа. По мене потрчаа нашите синови кои ме турнаа на земја и почнаа да ме удираат. Некако успеав да им се извлечам. Го стартував комбето и побегнав." Потоа раскажувајќи: "Многу бев претепан од мојата законска сопруга и децата така што постојано чувствував болка во главата. Таа ме нападна со маша, и со неа ми ги пресече прстите на десната рака. Избегав во комбето кога таа со камења почна да мава кон мене така што ја скрши шофершајбната и десниот ретровизор".
"Страв ми е од таа ужасна жена па го молам судот да ја натера да ме остави на раат и да престане да ме малтретира", тоа беше молбата на претепаниот Стојан.
Судијата со чудење го следеше процесот велејќи дека во нејзината досегашна судска кариера ова и е прв случај на злоупотребуван маж.
Судот пресудил двојката законски да се разведе, по што насилната жена требало да го напушти домот, а добила и забрана за приближување.
ТАГА
Поради пресудата на судот Стојан сега е разделен од неговите синови за кои вели дека многу ги сака. Според него, тие сега го одминуваат на улица и не разговараат со него. Топејќи ја својата тага во алкохол тој рече: "Пред очи ми е сликата за нивното детство и како сум се грижел за децата повеќе отколку за себе. Секој ден плачам и единствено само тоа ми останува".