ОДЛУКАТА НА ФФМ ЗА ЗАБРАНА НА ТРАНСФЕРНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВАРДАР НАЈМНОГУ ЌЕ ГИ ПОГОДИ ФУДБАЛЕРИТЕ НА ОВОЈ КЛУБ КОИ САКААТ ДА СИ ЗАМИНАТ
ПОЛОЖАНИ, МИТРЕВ, ИЛИЕВСКИ... ЖРТВИ НА НЕПЛАЌАЊЕТО НА ВАРДАР!!!
*Ниту еден фудбалер на "црвено - црните" не може да си замине без разлика дали има слободни документи поради фактот што до донесување на одлуката, а тоа е 26 мај, биле под важечки договор со клубот. Навистина шокантно за Положани, кој има "готов" трансфер во странство, но и за Митрев и Илиевски, кои веќе тренираат со Металург
Ќе доживееме ли конечно во мак - фудбалот еден месец, една седмица или барем еден ден без скандали, без некои чудни работи, да владее досада. И да се интересираме и пишуваме за подготовки, за "чисти" натпревари, за фудбалски нешта... е па тешко.
"Најново" е тоа што фудбалерите на Вардар, Хоризонт Т, Скопје и Шкендија не можат да ги напуштат овие клубови без разлика што од 1 јуни имаат слободни документи, "готови" трансфери во странство, што сакаат да си заминат во нови средини.
А зошто е тоа така? На 26 мај, на седницата на Дисциплинската комисија овие четири прволигашки клубови, и уште три второлигаши и три кои веќе речиси и да не постојат, поради неплаќање на своите долгови се казнети со по 1.000 евра, притоа се казнети и со секаков вид на трансферни активности с$ додека не го платат својот долг, било кон ФФМ, било кон други клубови. А тие казни важат токму од 26 мај.
Се поставува прашањето тогаш каква е оваа одлука на ФФМ, дали е легална, по прописите. И пред с$ дали може ФФМ да изрече ваква казна која ако се гледа од аспект на фудбалерите е тотално на нивна лична штета.
Од ФФМ анонимно ни беше образложено дека оваа одлуката е според новиот Дисциплински правилник. Кој бил усвоен на УО на ФФМ, а кој треба да се усвои и на Собранието на ФФМ, но и моментално имал важност. А казната за трансферни активности била пренесена од Дисциплинскиот правилник на ФИФА. Таа веќе била изречена во некои други земји, значи не била "екслузивност" на ФФМ.
Што значи сето ова?
Тоа значи дека Артим Положани, Васко Митрев, Милан Илиевски, Дино Најдоски (Вардар), Драган Георгиев (Хоризонт Т) без разлика што по 1 јуни важат за слободни играчи не можат да се преселат во друг клуб. Не можат да направат трансфери во странство с$ додека нивните клубови не си го платат долгот. Значи с$ додека Вардар не го плати долгот од 5.000 евра кон Силекс за минатогодишниот трансфер на Бошко Ступиќ, никој од Вардар не може да си замине. Без разлика што на сите договорите им истекоа по 1 јуни. Проблемот е во тоа што оваа одлука има важност од 26 мај, впрочем кога и е донесена.
На крајот се поставува прашањето а каде е моралниот аспект на оваа одлука на ФФМ. Дали Федерацијата е свесна дека со оваа одлука не го казнува клубот (овите) туку само и само фудбалерите. Каде е моралот во една казна со која се сака апсолутно правилно да се санкционира клубот, а се суспендираат правата на играчите? Па каква врска имаат Положани, Митрев, Илиевски, Најдоски, Георгиев и др. со своите некогашни клубови?
Сосема за крај еден совет на играчите на Вардар. Ако се десетмина кои сакаат да си заминат од клубот, тогаш нека соберат меѓу себе по 500 евра и нека ја платат таа фамозна казна. Со тоа тие автоматски стануваат слободни играчи кои можат да си одат во странство, Металург и др. клубови. Тогаш на потег ќе биде Верификациската комисија на ФФМ која ќе ги верификува договорите со новите клубови.
З. Ѓоршоски
Преодниот рок од 15 јуни до 15 јули
И официјално нема место за паника во редовите на Работнички и Металург. Од вчера и официјално двата клуба беа информирани од ФФМ дека од оваа година има промена во терминот на летниот преоден рок. Имено, место од 1 јули до 1 август, преодниот рок ќе трае од 15 јуни до 15 јули. Значи нашите клубови кои први ќе настапат во фудбалска Европа ќе имаат доволно време да ги регистрираат своите нови играчи, ФФМ да ги верификува нивните трансфери, а потоа тие да се најдат на списокот на фудбалери кој ќе биде испратен до УЕФА за настап во квалификациите во Лигата на шампиони или УЕФА Евро лигата.
Можен е и "специјален" преоден рок
Нашите информации велат дека ФФМ ќе им дозволи на клубовите кои се наши претставници во Европа и т.н. "специјален" преоден рок. Тоа значи дека за нив тој преодон рок би траел нешто подолго, или би се овозможил друг преоден рок со цел да добијат поквалитетни тимови. Единствено треба само заеднички усогласено барање до надлежните до федерацијата.
Засилувања само за Европа!?
Она што беше практика пред неколку сезони може да продолжи и ова лето. Имено, ФФМ нема да прави никакви проблеми ако некој клуб, како на пример Металург, планира да доведе некој фудбалер, од екипата на Пелистер на пример, и тоа само за евро настапите. Тој ќе биде регистраран правилно, ќе настапува за Металург с$ додека овој клуб ќе настапува во фудбалска Европа, а кога ќе заврши анстапот тогаш автоматски се враќа во Пелистер.