Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.767
Поени од реакции
30.621
Стварно не пратам Македонско првенство али ме интересираше која екипа онака е најфаворит за следната сезона?
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
Стварно не пратам Македонско првенство али ме интересираше која екипа онака е најфаворит за следната сезона?
Победа 2010 :tv:
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Меќу Ранова,Металург и Работнички ке се бара новиот шампион,а екипи кој може да изненадат се Шкендија и Вардар
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.912
Поени од реакции
73.219
Меќу Ранова,Металург и Работнички ке се бара новиот шампион,а екипи кој може да изненадат се Шкендија и Вардар
Работнички е потроешена роба веќе :)
Следна сезона фаворити Металург, па мноооогу после нив Ренова, а шанса за изненадување им давам и на Шкендија. Не сметај многу на Вардар :wink:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
jas za favoriti gi smetam metalurg
Имаш сезонска карта од мене :)

Буџетот и добрата организираност ги ставаат Металург меѓу фаворитите, ама знаеме дека кај нас треба уште по некој „ситен“ детал за да се биде шампион.
И Металург фаќа некој благ курс накај ФФМ, ама далеку е позади Ренова и Брацо.

Оваа година беше добра. Тие нерешените на Ѓоре (6 или 7) испаднаа клучни за пласманот.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Се продаваат сезонски карти кај нас ?!
:) Не знам дали се зезаш.
Вардар имаше оваа година сезонски, ама тоа повеќе беше како потег за собирање пари за клубот.

На Металург бесплатен е влезот.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
:) Не знам дали се зезаш.
Вардар имаше оваа година сезонски, ама тоа повеќе беше како потег за собирање пари за клубот.

На Металург бесплатен е влезот.
Хехех мислев дека си сериозен затоа прашав,:) инаку знам дека ни е катастрофа првенството.:toe:
 
B

Beck's

Гостин
1.Shkendija
2.Renova
3.Teteks
4.Metalurg
5.Vardar
6.Rabotnicki
7.Pelister
8.Sileks
9.Horizont
10.Skopje
11.Napredok
12.Milano/Bregalnica

:zlo:
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Паѓа Идризи, а по него и Харалампие!
*ОФС Тетово го руши тимот на Ренова, кој нема време за славење затоа што ја губи власта во својата база, а со тоа и функциите во ФФМ

Тоа што штипскиот градоначалник Зоран Алексов си замина од УО на ФФМ и го напушти режимот на Харалампие Хаџи-Ристески значеше и старт на новите турбуленции во "куќата на фудбалот". А таму од тврдината на Хаџи-Ристески с$ уште не собраа сила и не објавија дека Алексов си замина, а нема ниту став на нападите од негова страна кон фудбалскиот врв кој според Алексов "местел" натпревари и форсирал екипи. Тешки беа обвиненијата, но Хаџи-Ристески нема образ, а такви се и сите други околу него. Меѓу нив и потпретседателот Кенан Идризи. Првиот човек на Ренова и сите во неговата екипа деновиве ја славеа шампионската титула, но на радоста & доаѓа крајот. Утре паѓа Кенан Идризи од функцијата прв човек на ОФС Тетово, а со тоа ја губи и функцијата во ФФМ. Тоа ќе биде класичен нокаут за луѓето од Џепчиште, кои сега за свои ривали ги имаат градските клубови како Шкендија и Тетекс. Фудбалските работници од градот под Шара веќе покренаа иницијатива за смена на Кенан Идризи. Запазени се сите процедури според статут на ФФМ и на споменатиот ОФС. Затоа утре, на Задушница, на Вонредното собрание Тетово ќе има нов фудбалски лидер и тоа секако дека нема да биде Идризи. Гневот на фудбалските работници во Тетово против Идризи и неговата компанија е голем, а треба да кулминира на утрешниот собир со што ќе се докаже дека луѓето од Ренова ја немале поддршката во минатото кога со помош на ФФМ и Хаџи-Ристески добија делегатски мандати и власт, а со тоа и право на глас во Собранието на ФФМ.
Одењето на Алексов и падот на Идризи ќе бидат огромен удар за Хаџи-Ристески. Од понеделник следува и ударот кон првиот човек на ФФМ со што на виделина ќе бидат обелоденети скандалите за хаотичното финансиско работење во федерацијата на чело со Харалампие. Алармот е вклучен и нема кој да го изгаси во ФФМ и затоа е нормално однесувањето на луѓето во федерацијата во последниве неколку дена. Имат проблем, и тоа голем. Сега нема кој да ги спасува затоа што на сите им стана јасно за каков криминал станува збор во домашниот фудбал. И оние кои му веруваа на лажните приказни на човекот од Прилеп повеќе не се со него. Не откако ФИФА и УЕФА ја "збришаа" ФК Победа. Во самиот Прилеп постои голем гнев и кон Хари и кон Ацуле затоа што тие двајца се причината за страдањето на фудбалот во овој град, но и во Македонија. Постојат докази и парчиња хартии на кои убаво пишува кој кому му давал пари и зошто! Кој кого спонзорирал и тоа во времето на "местенката" со Пјуник. Од тоа нема бегање и нема спасување. Можеби некои високи фунционери досега за одредена награда го спасувале ваквиот режим, но сега се претерани сите граници. Сега е доста и време е да се спаси и така уништениот фудбал во оваа земја. Време е затоа што сега повеќе нема шампионат и има пауза во која постои временски рок во кој можат многу работи да се вратат во нормала за и во наредната сезона да немаме вакво нерегуларено и сомнителено првенство.
И. Д. Ивановски

Мадрид е поважен од финалето на Купот
Сезоната во Македонија заврши на скандалозен начин, а и на таков ќе заврши и финалниот меч од Купот на Македонија. ФФМ на самоволен начин си најде термин за одигрувањето на крајниот меч притоа не побара никакво мислење од оние кои ќе го играат тој меч. Направена е штета на Работнички, чии фудбалери од Бразил веќе имале резервирани билети за 25 мај со знаење дека финалето се игра ден порано. Сепак, Миле Спиркоски одлучи финалето да биде на 26 мај па затоа "куќата на фудбалот" ќе мора да го отштети Работнички за платените билети и резервации.
Згора на тоа, зошто финалниот меч не се играл на 22 мај? Одговорот е јасен. Харалампие треба да оди на финале во Мадрид. За него тоа е поважна работа, а не случувањата во неговиот уништен фудбал. Ќе одел да гледа Интер - Баерн Минхен!!! Па и во Полска се игра финале на нивниот национален куп и претседателот на таа федерација нема да оди за Мадрид.

Ренова најмирна на состанокот
Завчера, во Скопје члениците на ФФМ имаа средба со екипите од Првата и Втората лига. Не дојдоа луѓето од најтрофејниот клуб Вардар, а потоа и од Миравци, но и од Брегалница Штип. На средбата клубовите реагира на идејата да биде воведена котизација. Во таа расправа сите биле против, но само од Ренова биле најмирни и не се побуниле против котизацијата.
Дел од клубовите побараа отчет од ФФМ за регуларноста на првенството кое заврши. Хаџи-Ристески одбил да одговори, а на прашањето зошто нема здружение на прволигашите рекол дека не вика такви состаноци затоа што на истите не доаѓале вистинските личности од клубовите.
"Вие треба да се прашате зошто на тие средби не ви доаѓаат тие што треба...", му рекле на Хаџи-Ристески од ФК Работнички.
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
145
Поени од реакции
2
SAmpion za sledna sezona ke bide turnovo:drk:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
^Ако дочекаме да видиме првенство следната сезона нека биде,нема проблем.......:nesvest:
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
145
Поени од реакции
2
Koga ke igraat begalnica so milano u pm
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom