Паѓа Идризи, а по него и Харалампие!
*ОФС Тетово го руши тимот на Ренова, кој нема време за славење затоа што ја губи власта во својата база, а со тоа и функциите во ФФМ
Тоа што штипскиот градоначалник Зоран Алексов си замина од УО на ФФМ и го напушти режимот на Харалампие Хаџи-Ристески значеше и старт на новите турбуленции во "куќата на фудбалот". А таму од тврдината на Хаџи-Ристески с$ уште не собраа сила и не објавија дека Алексов си замина, а нема ниту став на нападите од негова страна кон фудбалскиот врв кој според Алексов "местел" натпревари и форсирал екипи. Тешки беа обвиненијата, но Хаџи-Ристески нема образ, а такви се и сите други околу него. Меѓу нив и потпретседателот Кенан Идризи. Првиот човек на Ренова и сите во неговата екипа деновиве ја славеа шампионската титула, но на радоста & доаѓа крајот. Утре паѓа Кенан Идризи од функцијата прв човек на ОФС Тетово, а со тоа ја губи и функцијата во ФФМ. Тоа ќе биде класичен нокаут за луѓето од Џепчиште, кои сега за свои ривали ги имаат градските клубови како Шкендија и Тетекс. Фудбалските работници од градот под Шара веќе покренаа иницијатива за смена на Кенан Идризи. Запазени се сите процедури според статут на ФФМ и на споменатиот ОФС. Затоа утре, на Задушница, на Вонредното собрание Тетово ќе има нов фудбалски лидер и тоа секако дека нема да биде Идризи. Гневот на фудбалските работници во Тетово против Идризи и неговата компанија е голем, а треба да кулминира на утрешниот собир со што ќе се докаже дека луѓето од Ренова ја немале поддршката во минатото кога со помош на ФФМ и Хаџи-Ристески добија делегатски мандати и власт, а со тоа и право на глас во Собранието на ФФМ.
Одењето на Алексов и падот на Идризи ќе бидат огромен удар за Хаџи-Ристески. Од понеделник следува и ударот кон првиот човек на ФФМ со што на виделина ќе бидат обелоденети скандалите за хаотичното финансиско работење во федерацијата на чело со Харалампие. Алармот е вклучен и нема кој да го изгаси во ФФМ и затоа е нормално однесувањето на луѓето во федерацијата во последниве неколку дена. Имат проблем, и тоа голем. Сега нема кој да ги спасува затоа што на сите им стана јасно за каков криминал станува збор во домашниот фудбал. И оние кои му веруваа на лажните приказни на човекот од Прилеп повеќе не се со него. Не откако ФИФА и УЕФА ја "збришаа" ФК Победа. Во самиот Прилеп постои голем гнев и кон Хари и кон Ацуле затоа што тие двајца се причината за страдањето на фудбалот во овој град, но и во Македонија. Постојат докази и парчиња хартии на кои убаво пишува кој кому му давал пари и зошто! Кој кого спонзорирал и тоа во времето на "местенката" со Пјуник. Од тоа нема бегање и нема спасување. Можеби некои високи фунционери досега за одредена награда го спасувале ваквиот режим, но сега се претерани сите граници. Сега е доста и време е да се спаси и така уништениот фудбал во оваа земја. Време е затоа што сега повеќе нема шампионат и има пауза во која постои временски рок во кој можат многу работи да се вратат во нормала за и во наредната сезона да немаме вакво нерегуларено и сомнителено првенство.
И. Д. Ивановски
Мадрид е поважен од финалето на Купот
Сезоната во Македонија заврши на скандалозен начин, а и на таков ќе заврши и финалниот меч од Купот на Македонија. ФФМ на самоволен начин си најде термин за одигрувањето на крајниот меч притоа не побара никакво мислење од оние кои ќе го играат тој меч. Направена е штета на Работнички, чии фудбалери од Бразил веќе имале резервирани билети за 25 мај со знаење дека финалето се игра ден порано. Сепак, Миле Спиркоски одлучи финалето да биде на 26 мај па затоа "куќата на фудбалот" ќе мора да го отштети Работнички за платените билети и резервации.
Згора на тоа, зошто финалниот меч не се играл на 22 мај? Одговорот е јасен. Харалампие треба да оди на финале во Мадрид. За него тоа е поважна работа, а не случувањата во неговиот уништен фудбал. Ќе одел да гледа Интер - Баерн Минхен!!! Па и во Полска се игра финале на нивниот национален куп и претседателот на таа федерација нема да оди за Мадрид.
Ренова најмирна на состанокот
Завчера, во Скопје члениците на ФФМ имаа средба со екипите од Првата и Втората лига. Не дојдоа луѓето од најтрофејниот клуб Вардар, а потоа и од Миравци, но и од Брегалница Штип. На средбата клубовите реагира на идејата да биде воведена котизација. Во таа расправа сите биле против, но само од Ренова биле најмирни и не се побуниле против котизацијата.
Дел од клубовите побараа отчет од ФФМ за регуларноста на првенството кое заврши. Хаџи-Ристески одбил да одговори, а на прашањето зошто нема здружение на прволигашите рекол дека не вика такви состаноци затоа што на истите не доаѓале вистинските личности од клубовите.
"Вие треба да се прашате зошто на тие средби не ви доаѓаат тие што треба...", му рекле на Хаџи-Ристески од ФК Работнички.