Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Колку се отрилика коефициентите за од 0-2 гола у нашава лига и во кои кладилници има наша лига?

Има Македонско првенство во Sport Life ама можеш да играш само 1, х или 2, друго нема ништо. Не се будали да му ги земаат парите.:helou:
 
Има Македонско првенство во Sport Life ама можеш да играш само 1, х или 2, друго нема ништо. Не се будали да му ги земаат парите.:helou:

Можеш да играш и дупла шанса и на голови 0-2 и 3+
За 0-2 помали се коефициентите 1,50 одприлика,а за 3+ 1,90 и 2 коеф за некои натпревари
 
Фалсификат записник во Прилеп!!!
*Во 54. минута од средбата Победа - Работнички во игра кај домашните влегол фудбалерот со бр. 21 место играчот со бр.10. Ништо сензационално, проблемот е во тоа што таков фудбалер со бр. 21 не постои во официјалниот записник. По завршување на средбата направен е нов, значи фалсификат записник со знаење и инсистирање на записничарот Зоран Стојчевски од ФК Победа, делегатот Кимов, контролорот Идризи и судиската четворка на чело со Шулески, во кој го има тој фудбалер со бр. 21
Од извори блиски до ФК Победа и луѓе кои вистински го сакаат фудбалот, инаку прилепчани, само неколку часови по натпреварот меѓу овој клуб и Работнички во рамките од 22. коло предминатиот викенд дознавме за голем СКАНДАЛ, за ФАЛСИФИКАТ направен од страна на домашните и службените лица на таа средба, која патем заврши со 4:2 за Победа.
Значи и покрај с$ сепак има конструктивна опозиција во најфудбалскиот град во Македонија, нешто што искрено не е за верување.
А за што всушност станува збор.
Уште еден во низа, по "местенката" со Пјуник, по случаевите Шиков и Родриго и безброј други, скандал во изведба на фудбалските "мајстори" во ФК Победа, овој пат во спрега со делегатот на таа средба Ангел Кимов од Кавадарци, контролорот Аднан Идризи (Тетово), судиската четворка на чело со Стевче Шулески (Охрид), неговите помошници Кирил Негриески и Симон Грданоски (Струга), четвртиот судија Петар Велјановски (Битола) и се разбира раководството на домашниот клуб, но и записничарот, оној кој го прави записникот Зоран Стојчевски.
Не ја информиравме јавноста веднаш зошто едноставно немавме докази, материјални докази. И кога успеавме да дојдеме до нив убаво е спортската јавност во Македонија да знае кои лица кај нас водат клубови, кој суди, кој е делегат, кој е записничар. И дали ФФМ презема нешто против вакви појави или и натаму ќе се брани дека нема докази или, пак, оштетениот клуб не поднел жалба. Па ќе се случи ли еднаш самата ФФМ да покрене постапка против лица кои работат "каубојски", кои прават фалсификати, кои не ги почитуваат прописите само некому да не се замерат?
Во 54. минута од тој натпревар, меѓу Победа и Работнички во игра кај домашните влегува играчот со бр. 21, а излегува играчот со бр.10. Според официјалниот записник потпишан од службените лица и одобрен од делегатот и судиската четворка, штом почнал мечот значи с$ било в ред, таков играч немало. И ништо, Нико Пластиноски со бр. 21, а во записникот стои дека овој играч е со број 14, си влегол во игра на местото со бр. 10 Благојче Рутевски. Четвриот судија Велјановски не забележал ништо, каде ли му бил паметот или мислите? И тогаш настанала мешаницата, прво кај делегатската клупа на Ангел Кимов. Тој сфатил што се случува и веднаш ги запознава сите службени лица. И што сега?
Ништо посебно, "мајсторите" прават нов записник по натпреварот со нови повторно официјални потписи. Сега на новиот записник стои Нико Пластиновски со бр.21. Оној првиот записник може да оди во канта за ѓубре, тој не важи. Колку ли фудбалери Победа има по име Нико и по презиме Пластиноски? И ако тој е само еден, тогаш следува прашањето тој Пластиноски кој всушност број носи. Број 14 според официјалниот записник или број 21 според фалсификаторите?
За оние што не знаат некои работи поврзани за мак фудбалот да им објасниме. Овој натпревар не е од некоја селска лига. Ова е дебри средба меѓу Победа (некогашен двократен) и Работнички (некогашен трикратен шампион) на 22. коло. Значаен меч, екстремно важен како за опстанокот така и за титулата.
И ако ова се прави во елитата, и што е поважно минува без проблем, што ли с$ се случува и што се прави во натпреварувањата од понизок ранг? Можеме само да претпоставиме... Се прават чуда, но не фудбалски, за жал.
З. Ѓоршоски

Што вели член 74?
Повеќе од јасно е дека тоа што го направиле службените лица на таа средба е материјална повреда на правилата. Правилникот за натпреварување член 74 го вели следното: На основа поднесена жалба на оштетен клуб ќе биде донесена одлука за регистрација на натпреварот 3:0 (службено) во негова корист доколку не постигнал подобар резултат, ако противничкиот клуб:
7. Настапил со играч кој претходно не е внесен во записникот пред почетокот на натпреварот.
Покрај одлуката за регистрација на натпреварот со 3:0 (службено) органот кој го води натпреварувањето должен е, во сите горенаведени случаи, на надлежниот дисциплински орган да му поднесе пријава против клубот и играчот.

Зошто Работнички не се жали!?
Едно не е јасно. Зошто, повторуваме зошто Работнички ако веќе знаел, а сигурно знаел што се случува на таа средба не поднел жалба? Правилата се јасни, Победа славела победа од 4:2, можела да победи и со 100:2, сепак, Работнички треба да ги добие тие три бода. Победа направила материјална повреда на правилата и таа како клуб не само што треба да загуби со 0:3 (службено) туку треба против неа да биде поднесена постапка. Од друга страна и разбираме зошто Работнички не се жалел. Знаат челниците на овој клуб дека кога станува збор за Победа или Ренова (ако тие се засегнати) тогаш не важат правилата, тогаш некоја виша сила ги штити овие клубови и ФФМ не работи според правилата. Тука пред с$ мислиме на случајот "Алтипармаковски и К. Ристевски".

Што сега ќе преземат Хаџиристески и Спиркоски?
Еве јавно ги прашуваме претседателот на ФФМ, Хари Хаџи - Ристески, и комесарот на натпревари, Миле Спиркоски, кога имаат и тоа какви докази пред себе, што ќе преземат. Дали ќе ја суспендираат или ќе покренат постапка против Победа? Дали резултатот од овој натпревар ќе се добие по службен пат? Дали ќе се преземе нешто против делегатот, контролорот и судската четворка? Ова е скандал. За ова мора некој да одговара. И двајцата јавно истакнуваат дека тие секогаш работат врз основа на докази. Еве "Македонски спорт" им дава в раце докази, па ајде да видиме какви консеквенци ќе сносат фалсификаторите.
КАЈ НАС СЕ ИГРААТ ПРВОЛИГАШКИ НАТПРЕВАРИ И БЕЗ ПРИСУСТВО НА ДЕЛЕГАТИ, КАКО НА ПРИМЕР НА ЗАВЧЕРАШНАТА СРЕДБА ВО КРАТОВО МЕЃУ СИЛЕКС И МИЛАНО
Делегатски хаос...
Во извештаите во дневните весници, барем оние што с$ уште ги интересира мак - фудбалот, од натпреварот Силекс - Милано 1:1 одигран завчера во Кратово, местото каде што требаше да стои делегат беше празно. Читателите ги уверуваме дека не станува збор за грешка, за некој пропуст од страна на новинарите кои ја следеа таа средба туку за сосема нешто друго. А тоа друго е дека овој меч се одиграл без присуство на делегат. Па како е можно тоа ќе се прашаат љубителите на фудбалот. Одговорот е дека с$ е можно во овој наш скапан фудбал.
Панче Игњатовски од Скопје е лицето кое требало да ја извршува улогата на делегат на овој натпревар. А зошто тој господин не се појавил во Кратово? Неофицијалната приказна зошто Игњатовски во неделата попладнето не бил во Кратово е следната...
Човекот кој ги одредува делегатите патниот налог му го предал на братот на Игњатовски, лице кое работи во ФФМ, со молба да му го предаде налогот на својот брат. Ветено, но не и исполнето. Но тој заборавил да го инфоримира Панче Игњатовски дека треба да оди во Кратово. И кога околу 15:30, некаде околу половина час пред мечот претставниците го побарале телефонски г. Игњатовски да се информираат зошто него го нема, а овој им возвратил "Ма каков делегат. Вие си играте со мене. Јас поим немам, ниту некој ме информирал дека јас сум одреден за делегат во Кратово на таа средба".
Делегатски хаос со други зборови. Не е проблемот во братот на Игњатовски што го заборавил писмото или налогот сеедно, туку проблемот е во човекот кој ги одредува делегатите што лично не го запознал Игњатовски каде треба како делегат да оди во недела попладнето.
И тоа е Македонија. И тоа е мак - фудбал. И тоа е...
Зарем треба на ова некој посебен коментар. Ова е можно само во Македонија.
Да се разбереме и во некои други случаеви натпревари се играле без делегати. Се случуваат не дај боже "сообраќајки", болести, проблеми и слично. Тогаш судијата како главен ја презема улогата и на делегатот. За ова нема казни и санкции, само звучи куриозитетно, мислиме тука на случајот со Панче Игњатовски.
Инаку, има пример каде што делегатите место најмалку час и половина пред почетокот на натпреварот да дојдат на некои 5-10 минути. Како на пример на средбата Хоризонт Т - Вардар. Потоа се случувало обично во Втората лига средбите да доцнат и по еден час. Причината е во тоа што домаќинот треба на трансакциска сметка да им ги исплати трошоците на службените лица. Проблемот е во тоа што некои од нив се неписмени па не знаат ни како и до кого се пополнува тоа обично парче хартија.
Хаос...
 
^Хаос, сето е дива лига...:tapp::tapp::tapp:
 
ova e liga na hari i braco pravat kako oni sakaat

Глупо е тоа што освен Македонски Спорт, ниеден ама баш ниеден медиум не напишал ништо за ова или пак досега напишал за вакво нешто.


Затоа и ова како и сите други, ке си остане како ништо да не било!:toe:

Жално е тоа што оваа е многу честа појава во Втора лига, да не зборуваме за оние со понизок ранг.:kesa:
 
Глупо е тоа што освен Македонски Спорт, ниеден ама баш ниеден медиум не напишал ништо за ова или пак досега напишал за вакво нешто.


Затоа и ова како и сите други, ке си остане како ништо да не било!:toe:

Жално е тоа што оваа е многу честа појава во Втора лига, да не зборуваме за оние со понизок ранг.:kesa:

Во трета лига записниците се прават уште пред да почне утакмицата :)
Пишуваш нема жолти картони, нема црвени и фурај си :)
 
ova e liga na hari i braco pravat kako oni sakaat

Тешко дека е на Брацо. Пре би рекол дека моментално е на Хари и Идризи. Кој судија дојде му го напика на Тетекс, Работнички се знае дека неможе да биде шампион додека Идризи е потпретседател. Точно дека Брацо е близок со Хари, но тешко дека има толкаво влијание. Може има некое влијание зошто држи повеќе клубови во Македонија, па си ги мести утакмиците како сака. Ама тоа е кога не се иде по правилата, само овде го има тоа еден човек да држи колку сака клубови...Едноставно кажано, НИШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА КАЈ НАС.

И уште еднаш ќе кажем дека Брацо не беше толку крив и за пропаѓањето на Вардар. Единствена негова грешка беше што даваше пари и со тие пари оставаше други да му го водат клубот. Истата грешка ја прави и во Тетекс...Зошто Костовски замина од Вардар? Зошто не е будала како Брацо, сакаше самиот да си го води клубот. Никој не е будала да дава пари а со истите друг да си прави што сака и како сака, освен Брацо :tapp:
 
ne mu treba nego rabotnicki sampion da bide on zima pari od kladilnici

Епа тоа е тоа ја што го зборим, држи повеќе клубови и нормално дека ќе си зема пари од кладилници. А да се иде барем малку по правила друго ќе биде. Ама од Куралампие ако чекаме нешто да биде, поарно да се утепамо.
 
Значи вака сега да расчистиме нешто,Брацо не го држи Работнички како клуб туку неколку фудбалери или 7 или 8 така нешто е.
На него исто му е кое место ке биде Работнички важно му е само да ги продаде тие играчи што ги држи и да лаоне пари
Како што го шитна Савиќ
Он ги држи бразилците во Работнички и уште два-тројца.
Е тука Работнички е во голем минус зашто ништо не добива од продажба на играчите,со исклучок на Глигоров и Божиновски од поквалитетните,другите сите се на Брацо.
 
Тим на колото од минатиот викенд
:bip:

:nerv: :nenene: :icon_roll :icon_mrgr:

:vozbud: :pos:

:cuc:

:aplauz: :bip: :ojea:​
 
23 kolo
Metalurg 3-0 Milano
Renova 2-0 Turnovo
Pelister 1-0 Sileks
Pobeda 2-0 Teteks
Rabotnicki 1-1 Vardar

Tabela:
1.Renova 57
2.Rabotnicki 47
3.Metalurg 40
4.Pelister 36
5.Sileks 31
6.Pobeda 25
7.Turnovo 22
8.Teteks 21
9.Vardar 21
10.Milano 9

Sledno 24 kolo
Milano-Rabotnicki
Pelister-Pobeda
Sileks-Metalurg
Turnovo-Teteks
Vardar-Renova
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom