Очигледно судење за Металург, мислим дека и слеп би забележал. Немам ништо против вас, ама стварно ова денеска беше срамота. Фаули што немаа врска со фаул ги судеше за Металург, па уште и жолти делеше, а опасни стартови на Металург (пред се од Трајчев и Вајс) не беа ни судени како фаул, а камо ли жут картон да покаже. Тетекс праеше контра, 3 на 3 излегоа...судијава беше по страна и наеднаш тргна во средина кај што беше играчот со топката и се удри во него?! Неможеш ни да замислиш колку беше више смешно тоа. Неможев да веруем у тоа што го гледам. Чиста акција на Тетекс, а господинот помошник суди офсајд. Ајде добро може беше тесно, во линија беа...но играчот на Тетекс беше на едно 2 метра пред него. Ајде и тоа нека биде...Вајс конечно доби второ полувреме жут, и тоа едвај. 10 мин. пред крај, Аце Стојановски излага сам пред гол, старт на Вајс од позади и ништо, само фаул. Тоа беше за директен црвен картон, а полесно ќе беше за судијата да покаже црвен зошто Вајс и веќе имаше жут картон. После тоа, Захариевски краде топка на 25 м од гол, влага од страна, двојката на Металург и повеќе од очигледно го влече за дрес, и господинот судија повторно не суди ништо. Едноставно апла судење за Металург, имало повеќе утакмици каде што имаше грешки на судиите, ама вакво судење до сега не сум видел. И на крај господинов судија свири крај, а Ѓоре со насмевка тргнува накај него и си се гушкаат како да се браќа. Среќа што не сме како комшииве наши, иначе да се судеше вака против Ренова или Шкендија ќе го прашв судијата кај ќе завршеше, а и противничкиот тим...
Иначе за тоа како течеше натпреварот, Тетекс заслужи убедлива победа. Прво полувреме Металург имаше поголем посед на топка, но и покрај тоа не направи шанса за гол. Второ полувреме целосна доминација на Тетекс, една погодена статива и уште 5-6 добри шанси за гол. Металург имаше само една шансе пред крај, но и тоа заврши преку гол.