Креми за лузни

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Од "Законот за лековите, помошните лековити средства и медицинските помагала"

Тинке смисла за хумор под нула. Насловот на темата е јасен. Праша совет, не мора да се пише на тема може и по п.п. или на п. како сакаш, сеедно е... важно ако знаеш да помогнеш.

Кремите за белези и лузни не се ефикасни. Јас имам еден наследен белег, на тилот ми е, ама покриен е со костата, не е голем и воопшто не ми смета, оти ем не се гледа ем е мал белег. Сепак ме нервираше помислата дека го имам и пробав да го третирам со некои креми. Џабе ги дадов парите!

Јас три пати сум шиена на главата на исто место. Ми остана лузна и решив да појдам на лекар да ми препише некои креми. Испадна дека џабе си ги фрлив парите, а не помогна ич.

Значи совет: не давај пари за креми кои ги има во Македонија, не се ефикасни.
 
А зашто мислиш дека тоа треба да делува смешно??
Ја наведов горе фармаколошката група каде би требало да припаѓа тој лек. Немора ти да знаеш, фармацевт знае што треба да понуди ако побараш такво нешто.
 
Тинке смисла за хумор под нула. Насловот на темата е јасен. Праша совет, не мора да се пише на тема може и по п.п. или на п. како сакаш, сеедно е... важно ако знаеш да помогнеш.

Кремите за белези и лузни не се ефикасни. Јас имам еден наследен белег, на тилот ми е, ама покриен е со костата, не е голем и воопшто не ми смета, оти ем не се гледа ем е мал белег. Сепак ме нервираше помислата дека го имам и пробав да го третирам со некои креми. Џабе ги дадов парите!

Јас три пати сум шиена на главата на исто место. Ми остана лузна и решив да појдам на лекар да ми препише некои креми. Испадна дека џабе си ги фрлив парите, а не помогна ич.

Значи совет: не давај пари за креми кои ги има во Македонија, не се ефикасни.

Јас имам стекнат белег на ногата (значи од рана) и многу ме нервира. Исто така и јас имам пробувано со креми, масла исто и со некои раствори но не ми помогнаа, па затоа сакав да ги прашам тие што имале некое вакво искуство. Како и да е фала многу :)
 
Контратубекс се вика кремата. Малце е солена, користи ја упорно 6-7 месеца и белегот ке го нема . Проверено.
 
Кога се распрашував за овој проблем - ми рекоа дека кремите се ставаат на раната за да не остават лузни, а лек за лузни нема.
Мене ми останува лузна од се, од најмала гребнатинка, таква ми е кожата глупава :) И нервира многу ама тоа е...
 
Не ми е битна цената, секако многу пари имам фрлено ама ништо не ми помогнало. Фала многу за советот, јас сепак ќе отидам повторно кај специјалист па ќе се консултирам и со него.

--- надополнето ---

Кога се распрашував за овој проблем - ми рекоа дека кремите се ставаат на раната за да не остават лузни, а лек за лузни нема.
Мене ми останува лузна од се, од најмала гребнатинка, таква ми е кожата глупава :) И нервира многу ама тоа е...

Не ти е глупава, само ти е многу осетлива :) Јас имам исто и од депилација белези на нозете и тие ме нервираат морам да трупам пудро за да се покријат :(
 
Не си била упорна и сите тука што викаат дека кремите не помагаат не биле доволно упорни. Изгореница од 9 месеца мачкање се има намалено 80% и прекинав пошто не ми смета. Другар ми рана на ногата со 9 конци не му се познава по 6 месеца мачкање. Контратубекс се вика кремата, нема потреба за специјалист.
 
Па добро може и не сум била до толку упорна со една иста крема да се мачкам од 6 до 9 месеци. Јас во рок од една година сум упорна но со различни креми и масти. Фала на советот ќе пробам.
 
Мирисот на оваа контрактубекс во ностот ми влезе :( :( :(
 
Не си била упорна и сите тука што викаат дека кремите не помагаат не биле доволно упорни. Изгореница од 9 месеца мачкање се има намалено 80% и прекинав пошто не ми смета. Другар ми рана на ногата со 9 конци не му се познава по 6 месеца мачкање. Контратубекс се вика кремата, нема потреба за специјалист.
Се мачкав со контратубекс 6 месеци и не видов никакви резултати, ова мене ми личи на реклама за контратубекс.
 
Дали некој користел београдски мелем или знае каде (во која аптека) може да се најде?
 
Кремава,контратубекс се мачка на "свежа" рана така... После од кога ќе се олупи оној слој (незнам како се вика онаа кафеавата кора), џабе е...
 
Imam beleg duri i nasobrana koza posle dve opreacii na usi da mi odgovori nekoj postrucen ako moze - Dali moze so nekoja krema barem da se namali ova ?
 
Здраво момци и девојки,прв пост и за лошо пишувам :( Пред некој ден јас целиот така смасен,поднав и се сопнав врз незгодна површина,поради што се здобив со една подлабока рана над десната веѓа (која по консултација решив да биде средена од хирург) и неколку помали рани/гребнатини во пределот на очите.
Сега прашањето ми е дали Контратубексот (или било која друга гореспомената крема) треба да го користам откога ќе ми бидат извадени конците на сошиената рана или тој ќе може да го користам веднаш откога ќе се излупат другите помали рани/изгреботини? Поздрав и секое добро.
 
дали некој знае каде може да се најдат креми за лузни?
ми треба некоја крема за многу стара лузна-
а и некоја за не толку стари лузни.
не сум сигурна дали во македонија може да се најде,па ако има некој информација нека кажува.
фала
Немав време да гледам што пишеле по темава ама од искуство многу помага контактубекс, нема да зажалиш мене ми препорачаа и една од авен, се вика цикалфат ама не би ја препорачал за стари рани само за нови ама искрено ен е ефикасна колку контрактубексот
цена околу 500-600 денари
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom