Eдна молба, за кој ќе прочита тука... кој нема да прочита, кога ќе ја донесеме како резолуција, ќе мора
Значи, Кајгана е форум за дискусии во мрежата. Не е агенција за анкетирање на граѓани, нити регионален центар за статистика - кон што целам: Еве на пример, оваа тема се вика - Што пиете рано наутро?
Не ми значи многу ако го прочитам постот на Геџа (на пример, зш знам дек нема да се наљутит :smir
кој цел и целовит вика: Кафе. Четири букви..... Дискусија до јаја.
Ајде малку напор омладинци и омладинки.... опишете едно утро после пијанка, на пример. Јас при такви моменти се будам рано, значи кратко спијам бидејќи дехидрирам и со зомби-ходање се влечкам до фрижидер да барам јогурт (се друго ми е со пелинаст вкус). Можам и литро јогурт да смачкам за пола минута, колку да дојдам на себе... Иначе обично, доколку милата ми мајка станала пар минути пред мене и спремила некој свеж овошен коктел (бидејќи сака да живеам 147 години, како Џек Ла Лејн) пристапувам кон омилената утринска дисциплина (после драпање мадиња и утрински прдеж) "Ѕверење во фрижидер со 5 рафтови". Обично шарам, барајќи некој сокич (шо понешеќерест, тоа поубав). Ако има некој оринџ со пулпа - феноменоменално. Ако не, се ќе заврши работа.
Е сега, ако си во небрано и мора да бираш меѓу стара жолта, блага бела или вода отчешма... типувам на вода. Освен, ако пастата за заби не ти е потрошена. Ако е потрошена пастат, логично е да ти фали калциум во организмот, коските да одат кон рахитична состојба и да се губи рамнотежата... Токму затоа Лет 3 зема нектарина наутро - и тоа е сосема оправдано и медицински коректно.