P
Princ
Гостин
Специјалниот посредник на ОН во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц, кој вчера во Њујорк имаше средби со претставници на двете земји, настојува конечното решение да се базира на име кое ќе ги вклучува зборовите „Северна Македонија“, пишува денеска грчкиот весник „Етнос“.
Според извори во Њујорк на кои се повикува весникот, Нимиц на вчерашните средби го предложил токму тоа име во пет варијанти.
„Катимерини“, пак, забележува дека Нимиц речиси 12 години по потпишувањето на Привремената спогодба во 1995 година не презел сериозна иницијатива за затворање на прашањето, а сега наеднаш го интензивира целиот процес. Тоа, според весникот, е поради интересот на САД за членство на Македонија во НАТО.
„Од моментот кога за спорот се заинтересираа Вашингтон и големите држави во Европа, Нимиц почувствува дека има сериозни шанси да успее“, наведува „Катимерини“, посочувајќи оти според плановите на медијаторот, септември би можел да биде клучен месец за решавање на проблемот.
Грчките медиуми денеска ја пренесуваат изјавата на Метју Нимиц по средбата во Њујорк со македонските претставници дека „спорот е решлив“ и оти централно прашање во преговарачкиот процес е името, како што е предвидено и со Резолуцијата на Советот за безбедност и со Привремената спогодба. Тоа, според нив, е одговор „за обидите на Скопје да го прошири дневниот ред на преговорите и со други прашања“.
Извор

, сакам еден искрен одговор (испровоциран од тезата дека се согласуваш со оние кои би прифатиле промена на името) доколку истиов услов и бил поставен на Албанија да го смени името, од Грција или кој и да е, дали ти како Албанец би прифатил такво нешто?