TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 878
Името не смее да е пречка за влез на Македонија во НАТО - Кондолиза Рајс
Курви и ороспии...како можат само вакви работи да изнесуваат од себе после се што се случува...!
А КАДЕ БЕШЕ ПРЕД ТРИ МЕСЕЦИ, КОГА ИМЕТО, ДЕ ФАКТО БЕШЕ ПРЕЧКА ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО?!Спорот за името не треба да биде пречка за членство на Македонија во НАТО, изјави Кондолиза Рајс, американски државен секретар во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик.
„Нашиот став е дека Македонците треба да бидат примени во НАТО – тоа беше ставот во Букурешт. Надежта е дека спорот околу името сега ќе може да се разреши мошне брзо. Разговарав со моите грчки колеги; и Македонците беа тука во Стејт департментот. Ова е нешто што не треба да се испречи на патот на приемот на Македонија во НАТО, и на тоа работиме“, рече Рајс.
Рајс направи и паралела меѓу Грузија и Македонија. - Ова не и требало
„Eдна од причините за Акциониот план за членство во НАТО, и, во крајна линија, приемот во НАТО, е дека тоа им помага на државите да ги надминат долготрајните тешкотии, разлики и судири под закрила на организацијата за колективна безбедност, односно одбрамбената организација на демократии“, рече Рајс.
Првиот човек на американската дипломатија потсети дека само пред неколку децении, кога се распадна советската империја, било незамисливо дека ќе се решат разликите меѓу Унгарија и Романија, или пак меѓу Бугарија и Турција, на пример. Но, рече Рајс, тоа денес фактички се случува под закрила на НАТО.
Според Рајс, ширум Централна и Источна Европа, земјите како Чешката Република, Унгарија, Полска, балтичките земји, Албанија, Хрватска, Македонија и други веќе направиле или вршат транзиција кон трансатлантските институции.
„Тоа им овозможува не само да ги разрешат разликите, туку и да имаат причина и мотив за внатрешни реформи и натамошна демократизација“, додава Рајс во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик.
Курви и ороспии...како можат само вакви работи да изнесуваат од себе после се што се случува...!