Абе чоек ти се обидуваш да не убедиш дека треба и треба ноќна линија. Сеа за јсп мислам сеуште е државна сопственост ама ај сметај го ти за приватна компанија која нуди услуги за превоз. Ако ти си сопственик на компанијата и воведеш ноќна линија, а во просек се возат околу 5 души во автобусот и немаш профит ќе ја одржуваш? Секој разумен човек ќе каже не може ноќна нема луѓе така да би требало и ти. Затоа ЈСП за само ќефот на 5 души нема шанси да пушти ноќна.
Чоек, градот има буџет. Меѓудругото тој буџет има намена за одржување на јавниот возен ред.
Купување, реновирање на автобуси.
Профит, ако се работи САМО и исклучиво за профит, тогаш ќе имавме неколку приватни градски превозници.
Меѓутоа постои ЈАВЕН СЕРВИС. Кој се финансира од ГРАДОТ.
Бидејќи ноќе не постои иста фрекфенција на патници, линиите не се редовни на секои 15 минути. Туку на секои 45.
После 00 часот, потребни се 3 основни тури, да речеме на пример во 00:45, 1:30, 2:15.
Потребни се да речеме
10 автобуси ноќе да покријат сите најдолги и најфрекфентни траси во Скопје.
Трошок... не споредливо мал во однос на дневната заработка.
Mlad_man напиша:
Ама човек како и да е буџетот на градот не е бесконечен. Има граница има и за инвестирање на други ствари кои очајно му требаат на градот. Плус ако постојано се работи со загуба и тој буџет додека да трепнеш ќе го снема.
Намалувањето на загубите нема да се смали ни 1% со укинување на некоја ноќна линија.
Способноста за менаџирање на градската управа е главниот виновник лошо искористување на буџетот и работење во загуба.
Пример: Владата даде пари за десетици нови автобуси, меѓутоа кадарниот ни самобендисан градоначалник пробува да закочи, зашто.... бидејќи тој нема да ги собере заслугите, туку владата.
Заради неговите лични интереси ќе се возиме во 30 годишни лименки. Кои не само што не се редовни, прокиснуваат, никаква хигиена, туку и се најголеми трујачи во градов.
Сите плаќаме даноци на државата, дел од тие давачки одат во градскиот буџет. Тој е должен да ми обезбеди јавен превоз.
П.С. Не реплицирај од инат.