Кој е за ЈСП да воведе пак ноќна линија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Elena F.Sinatra
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сите сме за да има... И јас сум за да има. Ама реално - не може да има.
Инаку убаво би било до 4 саат да си седиш у дискотека, а шоферот да те чека пред Хард-рок.

Ама неможе. Местоположбата на живеење ти налага да ги кроиш малку поинаку плановите.
И јас веќе не одам навечер во Радишани со автобус, туку попладневно. Ако сакам навечер, ќе си планирам дека треба или на време да излезам за да фатам последна 57-ца, или ќе си спремам пари за такси.
 
Сегде низ светот има ноќни автобуси/метроа и слично.Па макар и 5 патници мора/треба да има.

Не е баш така. :)
Еве во Рим на пример, метрото има само 2 линии од кои едната затвара во 9 саат, а другата во 11. А пошто за 90% од релациите ти треба и таа што затвара во 9, испаѓа како до 9 да имаш метро на располагање.
 
И зошто ги има секаде мора и кај нас? Океј. Погледни ги автобусите во „сите“ европски градови и погледни ги кај нас. Кај нас пола столчиња се изгорени, им фалат делови и се исшкртани. Да беше културата на народот на исто ниво како и насекаде во светот - може и ќе имаше ноќни линии. Искрено, не заслужуваме. Зошто не го цениме туѓото... 10 од 15 луѓе во еден автобус се шверцаат ебаго. Автобусите не се гнасни затоа што сами се изгнасиле, туку зошто патниците ги направиле такви.

Културата на народот кај нас не е на исто ниво како и насекаде во светот, ама и насекаде во светот има и напушени и напијани не само во Македонија, пак има ноќни линии, (да не прам муабет по метроана поготово). Викаш дека треба држиш вработени на работа во ниедно време поради никаков ќар. - Успешна компанија е таа која знае да си го обработи нештото и кога профитот е помал. А со такси не значи дека ќе ме фати исто. Можда имам девојка која живее малце подалеку од мене и сакам да појдам кај неа (немам пари да излезам и ете ќе одам кај неа ќе си седиме )и ете сум се задржал. Најверојатно нема со сите другари да идам кај девојками за на враќање да платиме заедно такси. :toe:
 
Преспиј си. Чим си се задржал, значи после полноќ. Ако нејзините се таму, а ти и така така си после полноќ кај неа, нема да им пречи да преспиеш. Шо ти е гајле. Преспиј си. Може и ќе ти дае ;) у ќар си.
 
Без разлика дали имало ваква или онаква култура и деца што прават бељи, тоа е проблем на компанијата.

Тие се должни да обезбедат ноќен јавен превоз. А како ќе се справат со проблемите нивна работа. Дали со обезбедување, со казнување..,со камери, полиција..итн.
 
Немора да пишува. Должен е градот, а со тоа и јавното собраќајно претпријатие.

Мора да се овозможи постојан транспорт на патници, нормално вечерните тури со ограничени автобуси, но мора да се покријат сите релации.

Доколку нормално очекуваме да исполниме некои светски стандарди.
 
Па тоа е работата, Светски стандарди, не те обврзуваат да ти работиш 24/7.

Не мора да се овозможи ноќна смена на транспортот, и доколку се овозможи, не мора сите релации да се покријат. Ти кажа Флава како е во Италија, ти кажав јас како е во Прага, во Америка исто така има ептен редуциран сообраќај (барем во Њу Јорк а во предградија да не зборам воопшто го нема). Што се филмаме ние? Сакаме некој дома да не носи, епа нема бе, не сме деца на кралот па сите за нас да работат.

Кога ќе поченеме ние да плаќаме карти за автобус, кога ќе почнеме дневниот превоз да го користиме, тогаш ЈСП ќе се замисли да воспостави ноќна тура.
 
Да бе, должен е градот... Претпријатието нема пари за непфоритабилни линии. И тука е крајот. Треба повеќе возачи да плаќаат, повеќе контролори, нафта ќе им оди за неколку патници (кои и онака ќе се шверцнат), знаеме дека инцидентите се зачестени навечер и тн...

Постојан превоз? Како 24 часа? Не се должни... Должни може ќе бидат роботите возачи, за некои 50-тина години.

Они се должни да си возат според распоредот кој ќе го дефинира управниот одбор. А ти си должен да платиш карта доколку одлучиш да се возиш според распоредот што они го дефинирале. Тука завршува приказната. Ако не ти се допаѓа - ќе си најдеш друг превоз. Па на крај краева бојкотирајте ги... Може ќе се најде друго сообраќајно претпријатие што ќе понуди подобри услуги.

Мене ми се гади од ЈСП искрено... Тоа трафиките како од 1985-та да се. Продавачките внатре се забарикадирале со весници и постери - никој да не ги види. Како дрога да купуваш, а не карта. Треба малце да си се преиспитаат и они. Ова со укинувањето на линиите беше добар чекор напред. Може конечно ќе испеглаат некои работи. Нека продолжат така.
 
Да бе, должен е градот... Претпријатието нема пари за непфоритабилни линии. И тука е крајот. Треба повеќе возачи да плаќаат, повеќе контролори, нафта ќе им оди за неколку патници (кои и онака ќе се шверцнат), знаеме дека инцидентите се зачестени навечер и тн...

Постојан превоз? Како 24 часа? Не се должни... Должни може ќе бидат роботите возачи, за некои 50-тина години.

Они се должни да си возат според распоредот кој ќе го дефинира управниот одбор. А ти си должен да платиш карта доколку одлучиш да се возиш според распоредот што они го дефинирале. Тука завршува приказната. Ако не ти се допаѓа - ќе си најдеш друг превоз. Па на крај краева бојкотирајте ги... Може ќе се најде друго сообраќајно претпријатие што ќе понуди подобри услуги.

Мене ми се гади од ЈСП искрено... Тоа трафиките како од 1985-та да се. Продавачките внатре се забарикадирале со весници и постери - никој да не ги види. Како дрога да купуваш, а не карта. Треба малце да си се преиспитаат и они. Ова со укинувањето на линиите беше добар чекор. Нека продолжат така.

Според глава 10, позиција 4, стаф 10 од Законот за град Скопје, афирмацијата и организација на јавен градски и приградски превоз, како единствен превозен системот во градот, ЈСП е во сопственост под власништво на градот Скопје.
Превозот е обврска на Јавното сообраќајно претпријатие како јавен превозник
 
Превозот е обврска на Јавното сообраќајно претпријатие како јавен превозник
Океј... Да не имаш број да им се јавам?
Треба да идам до Ѓорче! Нивна обврска е превозот.

Море мамицата... Само ако нема автобус во 02:30 кога ќе се враќам. Нивна обврска е превозот.

Друже.. се читаш ли? Јавен превозник се, да.
Ама не се обврзани да работат кога ти сакаш, туку кога ќе одлучи управата на јавното претпријатие. Така да, пастање на некои „глави“ од 1978 некако немаат голем удел во дискусијава. Од поголема корист ќе биде информацијата за тоа колку ноќни линии има во моментов.
 
Според глава 10, позиција 4, стаф 10 од Законот за град Скопје, афирмацијата и организација на јавен градски и приградски превоз, како единствен превозен системот во градот, ЈСП е во сопственост под власништво на градот Скопје.
Превозот е обврска на Јавното сообраќајно претпријатие како јавен превозник

Глава таа и таа, никаде не читам време на работа кое е задолжено ЈСП да го почитува...Посочи ми те молам. Се што читам е дека ЈСП е задолжено да обезбеди јавен превоз. Крај. ЈСП тоа и го прави. Те вози.
 
Па тоа е работата, Светски стандарди, не те обврзуваат да ти работиш 24/7.

Не мора да се овозможи ноќна смена на транспортот, и доколку се овозможи, не мора сите релации да се покријат. Ти кажа Флава како е во Италија, ти кажав јас како е во Прага, во Америка исто така има ептен редуциран сообраќај (барем во Њу Јорк а во предградија да не зборам воопшто го нема). Што се филмаме ние? Сакаме некој дома да не носи, епа нема бе, не сме деца на кралот па сите за нас да работат.

Кога ќе поченеме ние да плаќаме карти за автобус, кога ќе почнеме дневниот превоз да го користиме, тогаш ЈСП ќе се замисли да воспостави ноќна тура.

Ко само ти и Флава да сте излегле надвор од Македонија?:)
Баш конкретно и од Чешка имам искуство.

Незнам стварно што се филмате, секаде ама баш во секој град постојат ноќни автобуски линии.

Возат на секои 45 минути.
Ги покриваат најдолгите релации, не возат како денските линии туку овие имаат посебни броеви и станици, на пример ако е ноќен автобус ќе го носи бројот Н57, на секоја временска табла на секоја станица ќе стои точно време на пристигање и трасата.

Да не вадам и ја слики како функционира тоа.

За тие ноќни линии можат да се користат постариве автобуси, за да се заштити шоферот се вградува посебна кабина со преграда и мал отвор. За да се спречи насилство треба договор со полиција, на повик на возачот. Нека се стават и камери. Да не продолжувам.

Срамота е градот да се умртвува после 22 часот. Ние немаме ниту метро, ниту трамваи и сл.
 
Така да, пастање на некои „глави“ од 1978 некако немаат голем удел во дискусијава.

Ако ЈСП има страница од 1978 тогаш и главата е од тогаш :pos2: Ок нема врска...
 
Ко само ти и Флава да сте излегле надвор од Македонија?:)
Баш конкретно и од Чешка имам искуство.

Епа ајде де, кажи си како е во Чешка. Дали има метро после полноќ? Нема. Дали има автобуси? 5-6 линии се, и тоа не подолга релација од 10 км. Како ќе стигнеш од Дејвичка до Летиште? Преку ден патот трае 15 минути, навечер саат и пол, дека треба да чекаш конекција од пола саат.

Да напоменам, во Чешка си видел дека сите тие автобуси се полни. Во Скопје само 2 линии се полни. 2ка и 57ца. Да не се лажеме :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom