Џез клуб во СК?

  • Креатор на темата Креатор на темата Elena F.Sinatra
  • Време на започнување Време на започнување

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
15
Што мислите???
Дали треба да се отвори Јazz Club во Скопје, каде ке се фура само Јazz, Blues, i soul музика? И онака немаме строго селективен Јаzz Club, само понекој годишен фестивал, евентуално скриен концерт...
Или би немал газдата на клубот, профит? :D
 
Ааааах браво за муабетов, ова го мислам одамна и јас :)
Срамота, кај главен град, а нема вакво нешто, мислам ок, си има некои замислени локали у тој стил ама не е тоа тоа.
Земам за пример нешто како Џез Ин во Охрид (редовен посетител веќе 6 години), такво нешто според мене му треба на градов - мислам дека ќе има посетеност на ниво и се по список, ама ајде де кој да се нафати.
Има уште многу луѓе кои го сакаат ова, се надевам дека ќе биде кај и да е :)
 
Ако не се лажам, во Палата имаше едно мало такво `кафиќче` ама само еднаш успеав да одам пред да го затворат, веројатно кратко време работеше.
 
Што мислите???
Дали треба да се отвори Јazz Club во Скопје, каде ке се фура само Јazz, Blues, i soul музика? И онака немаме строго селективен Јаzz Club, само понекој годишен фестивал, евентуално скриен концерт...
Или би немал газдата на клубот, профит? :D
Мислам дека има два... ама баш не сум сигурна... и тоа едниот го отворија пред неколку месеци....
 
Eј стварно?
На Магор да не мислиш? ама не е тој дефинитивен Јazz club :(
 
Eј стварно?
На Магор да не мислиш? ама не е тој дефинитивен Јazz club :(
не ми текнува баш на имињата.. пош не сум од скопје... али цимерка ми слуша џез и затоа и знам.. А Магор не е дефинитивно
 
Eј стварно?
На Магор да не мислиш? ама не е тој дефинитивен Јazz club :(

Имаше порано Блуз Брадрс. Карши Скејтшоп старото во еден пролаз. Не беше место каде се бркаше профит. Газдата (или газдарицата, женско беше) само онака сакаша да си слуша музика за душа. Се затвори поради други фрки некои.

Во процес сум истото место да го заживеам, ако старион ми го дава под кирија али тешко иде.
 
Да го заживееш, jazz-ерски?:nesvest:
Ќе отворам и јас за некое време јazz club... Мора конкуренција, неможе така :)
 
Дефинитивно треба вакво нешто во Скопје, а не ќе го препунуваат со шаблонски кафичи и кафани. Ми се гади од нив веќе. Штета што не сме толку добро културно развиени. Вакви работи по тешко успеваат бидејќи масава Скопска (и пошироко) е во една невидена глупа шема со турбо-фолк/RnB комбинација зачинети со претерана доза на алкохол.
 
Баш најкласичен џез бар во Скопје нема ама нешто приближно на тоа е Мамас. Во најголем дел пуштаат џез а имаа(т) и живи свирки, Тони Китановски пример настапуваше таму. Ретко има гужва и баш ќе ми биде криво ако го затворат бидејќи ми е омилен локал и по ентериер и по амбиент и по музика и воопшто цел концепт.
Затоа еве сега му удирам една бесплатна реклама.
 
Пред некој ден видов дека има едно клубче во Три Бисери, одма позади Седмица, Jazz Cafe Chicago...Е сеа, не сум бил и не знам како е ама можете да пробате ако сакате...
 
Ај да ја заживеам темава, гледам нема активност со години. Дали има во меѓувреме некој џез бар отворено во Скопје, со програма во живо...? Па и да нема со жива изведба, некој друг клуб каде што се пушта строго џез...?
Сега скоро бев во таков класичен џез бар во Берлин. Имаше вечерта настап според програма и после тоа како изненадување имаше Jam Sessions, отворена сесија... Преубава атмосфера за опуштање и нешто што кај нас нема никогаш да го имаме и да го видиме, за жал :(
Ми недостасува кај нас едно такво место, кај што ќе можиш да си појдиш, да седниш после напорен ден и ништо да не правиш освен да уживаш во добра музика и да се релаксираш.
 
На улица македонија, кога одиш од рекорд наспрема стара железничка од лева страна позади првата зграда. топ е
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom