За жал иако никој не сака,најверојатно името ќе се смени(ќе се додаде некоја одредница), оти не зависи од нас. Голема игра е во тек, и за жал пак ние сме фудбалска топка.
Притиснати од Русија да ги признаеме новите држави од Кавказот, не ставија на раскрсница: Русија или САД, ЕУ, НАТО?
Така да ако се распише референдум, нека биде прашањето: Дали сте за змијата или магарето?
Најдобро е да се опстои на ставот за двојна формула, едно име како замена за ФИРОМ во некои меѓународни институции и уставното за сите кои не признаваат под уставното име. А Атињаните, кој ги е.е .
Најважно е е во оваа игра да го задржиме идентитетот и корените, оти многу арно нема да видиме ни од ЕУ ни од НАТО. Ако не се средиме дома, да си изградиме нормални услови за живот, никој нема да не рани, бар тоа е сигурно.
Затоа, да не се однародуваме, да не се побугарчуваме или посрбуваме заради е.ени “бенефиции“, да се сплотиме и да опстоиме во овие турбулентни времиња.
И по 1000 години , пак ќе грее сонце над оваа земја, само дали ќе грее македонци или...?