Koga veke prakjal vo Grcija sho ne pratil i Bugarija...pa i tamu imame Makedonci. Ili ne smee, da ne go karaat od Sofija?
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Љубчо Георгиевски при крајот на февруари 1999 година во својство на претседател на Владата на Република Македонија ја посети Република Бугарија. При таа негова прва официјална посета на Софија тој предводеше македонска делегација со намера да се потпишат повеќе меѓудржавни договори. Тоа и се стори.
Но на 22 февруари тој лично потпиша и уште еден
ненајавен документ кој всушност беше заедничка декларација на двајцата премиери и која беше во 11 точки.
Десет точки од декларацијата се однесуваа за „двете страни- потписнички“, но четвртиот став од последната 11-та точка е едностран и се однесува само на Македонија.
Изненадувачки и непринципиелно тој став гласи:„Република Македонија изјавува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува, или некогаш ќе претставува, основа за мешање на Република Македонија во внатрешните работи на Република Бугарија со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државјани на Република Македонија“.
Совршено е јасно од што во тој момент се откажа владата на ВМРО-ДПМНЕ во односите со Бугарија. Тоа остави тежок историски товар врз таа партија и нејзината национална политика. Сега, речиси десетина години подоцна ВМРО-ДПМНЕ прати писма со кои не се откажува од тие права во односите со Грција. Тој чекор наиде на одобрување кај многумина во Македонија. Но, што понатаму?
Сега внесувањето рамнотежа и интегрално третирање на проблемот на македонското малцинство е неопходен чекор.
Секое друго оправдување ќе мора да се протолкува како свесно напуштање на идеите од летните писма на премиерот во полза на Бугарија.
Премиерот и неговата партија ќе мора да одлучат: или ќе се стават во формална одбрана на македонското малцинство секаде каде што тоа живее, или само во одбрана на нашето малцинство што живее во Грција. Од нивните идни чекори одговорот сам ќе произлезе.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A27BEDDBD18CDE418774F4A0651C73FC
------------------------------------------------------------------
3AEДHИЧKA ДEKЛAPAЦИJA
на Mинистер-претседателот на Република Бугариjа и Претседателот на Владата на Република Македониjа ,
Поаѓаjќи од заедничкиот стремеж за развоj на добрососедските односи меѓу двете држави,
Длабоко убедени во потребата од развоjот на соработката врз основа на меѓусебно почитување, доверба, разбирање, добрососедство и заемно почитување на интересите на нивните држави и народи,
Убедени во необходноста од зацврстување на безбедноста и мирот, соработката и довербата во Jугоисточна Европа,
Поаѓаjќи од определбите на двете земjи за интегрирање во европските и евро-атлантските структури,
Веруваjќи дека конструктивниот диjалог во сите области на билатералните односи, како и во однос на регионалните и меѓународните проблеми, ќе придонесе за натамошно унапредување на односите на двете земjи на рамноправна основа,
Почитуваjќи ги принципите на Повелбата на ООН и документите на ОБСЕ, како и демократските принципи, содржани во документите на Советот на Европа,
1. Jа изразуват своjата подготвеност и заедничката желба за развоjот на севкупните односи меѓу Република Бугариjа и Република Македониjа. Тие односи ќе се развиваат во согласност со основните принципи на меѓународното право.
2. Двете страни ќе соработуваат во рамките на Организациjата на Обединетите нации, Организациjата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа, Инициjативата на НАТО Партнерство за мир, Мултинационалните мировни сили на земjите од Jугоисточна Европа и други меѓународни организации и форуми.
3. Двете страни ќе придонесуваат за развоj на соработката меѓу земjите од Jугоисточна Европа, за унапредување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при остварување на регионалните проекти како елемент на процесот за создавање на единствена Европа.
4. Двете страни ќе ги поттикнуват контактите и ќе организираат средби меѓу претставниците на органите на управата на различни нивоа, за развоj на приjателските односи и соработката. Тие ќе придонесуваат за поттикнување на контактите меѓу невладините организации и граѓаните на двете земjи.
5. Имаjки jа предвид географската блискост, двете страни ќе се стремат кон создавањето на неопходните правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување непречено движење на капиталот, стоките и услугите. Тие ќе ги поттикнуваат заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна заштита.
6. Двете страни ќе го поттикнуваат зголемувањето на туристичката размена, како и развивањето на соодветни форми на соработка во областа на туризмот.
7. Двете страни ќе ги развиваат и усовршуваат сообраќаjните врски и комуникации меѓу нив, како и во рамките на регионалните инфраструктурни проекти. Тие ќе се стремат кон олеснување на царинските и граничните формалности за движењето на патници и стоки.
8. Двете страни ќе jа поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието , здравството, социjалната грижа и спортот.
9. Двете страни ќе прават напори за слободен проток на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на печатот, радио и телевизиските емисии, со користење на современите информативни средства.
Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земjи.
1. Двете земjи ќе jа унапредуваат соработката во правната и конзуларната област и особено во областа на граѓанските, казнените и административните прашања, со цел за олеснување на патувањето и посетувањето на своите граѓани, како и за решавање на нивните хуманитарни и социjални проблеми.
2. Двете страни нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат една кон друга деjствиjа и активности кои имаат неприjателски характер.
Ниту една од страните нема да дозволи неjзината териториjа да биде користена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни и сепаратистички деjствиjа или деjствиjа насочени кон загрозување на мирот и безбедноста на другата земjа.
Двете земjи немаат и нема да проjавуваат териториjални претензии една спрема друга.
Република Македониjа изjавува дека ништо од неjзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Република Македониjа во внатрешните работи на Република Бугариjа со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државjани на Република Македониjа.
Двете страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерената пропаганда од страна на институции и агенции и нема да дозволат активности на приватни лица, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични деjствиjа, кои би наштетиле на односите меѓу Република Бугариjа и Република Македониjа.
Потпишана во Софиjа на 22 февруари 1999 година, во два оригинални примерока, секоj од нив на официjалните jазици на двете земjи - бугарски jазик, согласно Уставот на Република Бугариjа и македонски jазик, согласно Уставот на Република Македониjа, при што двата текста имаат еднаква важност.
ЗА РЕПУБЛИКА БУГАРИJА
ИВАН КОСТОВ
ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA
ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ Министeр-претседател Претседател на Влада
_____________________________________________________________