Студирање во странство

Член од
3 април 2010
Мислења
260
Поени од реакции
41
Да, како што напишав. Доколку си државјанин на ЕУ, не плаќаш ништо партиципација. Но Македонија не е, значи треба да плаќаш како секој странец околу 10.000 фунти, или 14000 евра на година.
Доколку си државјанин на било која земја на ЕУ, државата (Шкотска) ти го плаќа целото студирање, како партиципација.
Но имај во предвид дека животот во Британија е доста поскап од другите земји во Европа. Значи ти требат 800-1000 евра месечно за стан и живот.

Но сепак доколку си државјанин во ЕУ, имаш право како на работа 20 часа во неделата, со што ќе можеш да заработиш 600-800 евра и да си платиш дел од трошоците, а можеш да успееш и се да си платиш.


Поднесувањето на документите е централизирано, не е директно до универзитетите.

Доколку си држ на ЕУ пиши ми да ти објаснам подетално,
доколку не си, мислам нема смисла....

Македонци во Британија што студират нема никој, односно многу малку ако во општо ги има, зошто јас не познавам такви,

Доколку сакаш во Британија Шкотска ти е најдобра опција.
Во секој случај и Англија не е толку лошо, бидејќи можеш да земеш кредит од државата за партиципацијата, која е 3500 фунти, и од кога ќе завршиш да ги вратиш. (секако доколку си од ЕУ)

поздрав
А важи ова за мастер студии да продолжам таму инаку имам двојно државјанство македонско и бугаско значи важи ова за бугари? фала ти многу друже за информацијата
 

اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
А важи ова за мастер студии да продолжам таму инаку имам двојно државјанство македонско и бугаско значи важи ова за бугари? фала ти многу друже за информацијата
За жал не важи за магистер (MSc., MA, MEd.) .

Незнам колку се точно партиципациите, но последно бев погледнал за една програма беше 2500 фунти/семестар од областа на здравството...(менаџмент нешто такво). Магистратурата се плаќа 100% од сите, а за кредит е многу тешко доколку немаш работено претходно во УК и немаш кредитен рејтинг, бидејќи треба да го земеш од банка, а не од државата.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
725
Поени од реакции
6
Дали некој слушнал за американски медицински факултет во белград??

Студирам медицински науки во австралија па ако е некој заинтересиран за навака слободно нека праша.

Иначе дали некој од форумов успеал да се префрли од странски факултет на некој од нашиве факултети (или овие од околинава - бугарија, србија)?? Завршувам оваа година во австралија па сакам да продолжам на медицински (ск или белград) ама тешко ми гледа дека би ми ги прифатиле предметите кои овде ги имам положено.. затоа сакам да пробам на американски пошто нивниот систем е нај сличен на овој австралијанскиов па ако некој знае нешто повеќе нека сподели :smir: фалааа
 
Член од
20 април 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Толку знат тие од Универзитетот да ти кажат. Сакат да лапнат пари, не му е во интерес да не платиш :) а најверојатно е дека не се запознаени.

Али како и да е ... ако не си аплицирал касно е веќе за оваја година.
Гледам дека се појавуваат многу нејасности и дезинформации во врска со студиите во Словенија.

Откако прашав во Уписните служби на Универзитетот во Љубљана и Универзитетот во Марибор, на мојот факултет и на Ректоратот на Универзитетот во Марибор, го добив секаде истиот одговор: НЕМА бесплатни студии за македонските државјани во Словенија. Подоцна барав и во Службен весник да видам дали има некоја таков билатерален договор (како што Словенија има на пример со Хрватска) и таков договор не најдов.

Веројатно нејаснотиите произлегуваат од тоа што факултетите имаат право да ослободат студенти од плаќање школарина, но тоа е дискрециско право на факултетите (или Универзитетите). Уште еден трик е тоа што доколку барем еден од родителите на студентот е даночен обврзник на Словенија, односно има статус на даночен резидент во Словенија, тогаш студентите се сметаат како домашни студенти и не плаќаат школарина (во Словенија редовните студенти не плаќаат школарина).

Шпекулациите дека стручните служби на Универзитетите намерно даваат лажни информации ми се чинат како дел од балканскиот начин на размислување. Па какви финансиски интереси би имале вработените во стручните служби на Универзитетот (или било кои вработени во Универзитетот генерално) доколку дадат такви лажни информации? Не постои нешто како бесплатно студирање. Во Словенија, студентите де факто не студираат бесплатно, туку државата им плаќа на Универзитетите за секој запишан и дипломиран студент, а тие пари државата ги добива од даноци, што ги плаќаат државјаните на Словенија, последично и родителите на тие студенти, што студираат “бесплатно“.

Инаку како што е објавено во постапката за упис на www.vpis.uni-mb.si i www.vpis.uni-lj.si рокот за пријавување на странци е 5. август 2010 година, така што никој странец не пропуштил рок за запишување (освен на студиите што бараат посебни тестови за надареност).

Се надевам дека во иднина тие што ќе пишуваат информации во врска со студиите ќе бидат доволно одговорни, да не пишуваат работи во кои не се сигурни.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
5
Поени од реакции
1
Dali ima nekoj sto studira vo Danska? Sakam da odam na postdiplomski studii pa ako mozi i so nekoja stipendija...Ako mozi nekoj da mi pomogni so informacii vo vrska so nekoj fakultet vo Danska, potoa plakanjeto, zivotot tamu i drugo
 
I

Intex

Гостин
Шо услови треба да се исполнат за да студира македонец во Хрватска, поточно во Сплит, на електро факултет? Како е животниот стандард таму? Колку поскапо од Македонијава ни би дошло? Фала! Чао! Пријатно! :D
 
B

BBlisto

Гостин
Некој во Холандија? Ако има таков, нека ми пише порака...имам неколку прашања...фала однапред :)
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали некој знае колку чини студирање во Америка, што е потребно и дали некои факултети нудат стипендии за интернационални студенти?

ве молам за информации :pipi:
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
37
Поени од реакции
18
Најмногу - најдобар универзитет во Бугарија е Софискиот универзитет.
А и таму дипломи имаат најголеми тежина и престиж насекаде во Европа.
А од таму може лесно да се отиде н специјализација или аспиранура во Германија и Франција.
Е тоа односно
Друг универзитет кој има договори повеќе од 30 години за размената на студенти е хемичар-технолошки универзитет во Софија.
Таму испраќаат уште од втор курс во Германија и Франција за продолжување на обуката. (На државните трошоци)
Друго не знам.
 
Член од
5 септември 2010
Мислења
37
Поени од реакции
31
Сакам да прашам дали има некој што учел втора година гимназија во Америка(финансирано од владата на САД )? Доколку има ако може нека пише некој основни информации :) :salut:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Дали некој знае колку чини студирање во Америка, што е потребно и дали некои факултети нудат стипендии за интернационални студенти?
- Прво да ти одговорам конкретно на прашањето, Нина : Многу чини, скапо е за нашиот македонски стандард.

Е сега малце и да ти објаснам ..

1. Имаш community colleges (државни виши школи) кои траат 2 год. и тие се доста поефтини за разлика од универзитетите во САД. Годишните партиципации на тие виши школи се движат од 5 до 8 (максимум 10) илјади долари. За оваа опција ти треба само студентска виза иии положен ТОЕFL (англиски јазичен сертификат без кој не можеш да учиш во САД, бидејќи Мкд не е земја во која англискиот е говорен, официјален јазик). Повеќето такви виши школи НЕ НУДАТ СТИПЕНДИИ, бидејќи сметаат дека тие ''бедни'' неколку илјадарки, ти можеш да ги покриеш т.е. твоите родители. Шансите да влезеш на ваков колеџ ти се огромни, да не речам 100%, ако ти сакаш на таков да студираш. Ама пак ќе ти повторам, тоа е виша школа од 2 год. и ти си без никаква диплома. Тоа е првиот, полесен пат.

2. УНИВЕРЗИТЕТ во САД !! - Е тоа е веќе big deal. Ако те подзинаа цените на овие community colleges, за овие подобро да не ти пишувам. Една годишна партиција на НИСКО котирачки Универзитет во САД чини минимум 15 илјади долари (ваквите се и многу малку, се бројат на прсти). Е сега што се ти треба. Покрај виза и ТОЕFL, за да студираш на Уни. обавезно ти бараат SAT (приемен испит за студирање во САД, нешто како матрата кај нас). SAT се состои до 2 дела, англиски дел и математички дел. Нивото на знаење што го бараат од англискиот е на повисоко ниво од она што ќе ти го бара TOEFL, а математиката се состои од задачи кои се учат во основно и средно кај нас. Не е едноставен тест. АМА, доброто овде е тоа што клучот тебе ти лежи во РЕЗУЛТАТИТЕ што ти ќе ги добиеш од SAT и TOEFL, па врз основа на нив ти ќе можеш да аплицираш на соодветен Универзитет, со одобрена ПОЛНА СТИПЕНДИЈА т.е. што повисоки поени, на толку повисоко рангирани Уни. можеш да аплицираш, со повисоки стипендии, нормално. Максималниот број на бодови што можеш да ги собереш од SAT е 1600 (800 од англиски и 800 од мате.). Пример, ако ти извадиш 1600 т.е. положиш без ниту една грешка, слободно ќе можеш да аплицираш на Харвард, Јелц .. Со одобрена од нив 100% стипендија.

Ова сега што ти го кажав сметај го за повеќе од сигурна инфо, бидејќи I'm in the middle of this. За 5 дена полагам TOEFL, а наредниот месец SAT. Ако си заинтересирана за уште информации, пиши ми ПП и се што знам дополнително ќе ти кажам.
 

Night Crawler

Fear of the dark
Член од
26 јануари 2007
Мислења
187
Поени од реакции
5
Jas sum iden student na Ekonomskiot fakultet vo Ljubljana...Za skolarina se plaka za Makeodnci 2100 evra, tocno e deka mozat da te oslobodat od skolarina no toa e sepak individualna odluka na fakultetot, inaku ima povolnosti stipndija ( socijalno ) 185 evra mesecno + trosoci za smestaj i zivot...Inaku se pravat napori od slednata godina da se ukine participacijata za Makedonskite studenti, toj bilateralen dogovor Slovenija i go ponudile na Makedonija, so toa sto e potpisan od nivna strana a se ceka da bide potpisan od nasa.Nasive se plasat od odliv na studenti i sega se ceka a nie ke go jademe stapot.Inaku mislam deka ovoj univerzitet e najdobar na balkanot + megu najdobrite vo istocna evropa, ima akreditacija za Evropa i od godinava za Amerika.
Studentskiot zivot e odlicno organiziran jazikot se uci mislam deka e najrazumna opcija sto moze da se dozvoli...
Toa e se sto znam za SLovenija, bidejki kontaktiram so dosta luge od tamu i sekojdnevno gi bombardiram so prasanja
Ako ima nekoj sto ke bide prva godina neka pise
Pozdrav vi posakuvam sreka vo studiranjeto
 
Член од
13 октомври 2010
Мислења
65
Поени од реакции
5
Најмногу - најдобар универзитет во Бугарија е Софискиот универзитет.
А и таму дипломи имаат најголеми тежина и престиж насекаде во Европа.
А од таму може лесно да се отиде н специјализација или аспиранура во Германија и Франција.
Е тоа односно
Друг универзитет кој има договори повеќе од 30 години за размената на студенти е хемичар-технолошки универзитет во Софија.
Таму испраќаат уште од втор курс во Германија и Франција за продолжување на обуката. (На државните трошоци)
Друго не знам.

Најдобри универзитети во Бугарија се:

Технички универзитет - Софија (најдобра сериозно образование, особено за компјутери. 1 / 3 од компјутерските специјалисти во Германија се Бугари, кои имаат завршено компјутери во технички универзитет - Софија)

Универзитет за национално и светско стопанство - Софија (најголем прилив и многу тешки испити. Универзитетот е многу богат)

Софиски универзитет "Свети Климент Охридски" (добро образование, но малку прехвалено. Техничкиот и за светско стопанство се посилни. Во моментов има проблем со финансирањето, но Бојко вети пари - нема проблем)

Медицински универзитет - Софија. (Многу тешко и квалитетно образование. Број 1 во Бугарија.)

Сите овие универзитети се целосно признати во целиот свет и дипломата важи.



Двојно државјанство - бугарската држава плаќа образованието. Но за да го плаќа образованието треба да се однесуваат испити и да имаш доволно високи оценки за да заемеш место. Плаќа се смешна сума на семестар (на 4 месеци) од околу 100-150 евра.

Нов бугарски универзитет воопшто не е лош исто така, но е само платен.

http://www.tu-sofia.bg/index.html
http://www.unwe.acad.bg/
http://www.uni-sofia.bg/
http://mu-sofia.bg/
http://www.nbu.bg/entrance.php

Има многу Македонци во медицинскиот универзитет. На мене една Македонка ми направи забите таму - со учење цел. Справи се совршено и Универзитетот ми зеде за 4 заба 10 евра за материјали.:baeh:

--- надополнето ---

За жал не важи за магистер (MSc., MA, MEd.) .

Незнам колку се точно партиципациите, но последно бев погледнал за една програма беше 2500 фунти/семестар од областа на здравството...(менаџмент нешто такво). Магистратурата се плаќа 100% од сите, а за кредит е многу тешко доколку немаш работено претходно во УК и немаш кредитен рејтинг, бидејќи треба да го земеш од банка, а не од државата.

Важи. Сепак, целосно платени места за магистер од државата се помалку. Но, со бугарски пасош државата презема голем дел од платно. Така за магистер надвор целосно платено од државата ти плаќа не 2000 евра, а 350 евра на семестар.

делумно платено од државата.

Во Бугарија нема целосно платено образование во државните универзитети за Бугари. Јас такво нешто не сум сретнал. Само за странски студенти (немаат бугарски пасош) има платено во државните. Во техничкиот универзитет во Софија учат 5000 Турци од Турција. Во 3500 евра годишно + 2000 евра за стан + 1000 за испити. Ако е лошо нема да доаѓаат Турци од Турција да учат таму.

Универзитетот е огромен и има 25000 студенти
 
Член од
6 октомври 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
i jas sum zainteresirana za magisterski nadvor , no nekako nema stipendii za pobliskive zemji , ima li nekoj od tuka iskoristeno Erazmus stipendija ? i kako e iskustvoto.... Fala pozz
 

Kajgana Shop

На врв Bottom