Студирање во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата macedon89
  • Време на започнување Време на започнување
Аман бе луге, скоро 3 месеци никој не ми одговорил на барањето. Ајде некој да каже општо за Скандинавија, не мора да е Финска, може и Шведска. Колку се плака месечно, кои се условите за запишување, визи, ова - она. И дали има студентска работа и ако има, колкав дел од месечните трошоци се покриваат со неа?

Уписите за Шведска се веќе завршени.
Образованието е бесплатно, но повеќето факултети држат настава на Шведски.
 
дали има некој што студира во Словенија....ме интересира дали би можела да се префрлам од втора година?
и каколку се плаќа за семестар
А за кој факултет те интересира и за на кој универзитет? Љубљана е отприлика 1500-2000 евра годината, зависи кој факултет.
 
Уписите за Шведска се веќе завршени.
Образованието е бесплатно, но повеќето факултети држат настава на Шведски.

Убаво е ова. :) А во врска со животот? Колку euros ќе ти одат месечно за живот? Има ли можност тоа некако да се покрие со работа за време на студирањето?
 
Убаво е ова. :) А во врска со животот? Колку euros ќе ти одат месечно за живот? Има ли можност тоа некако да се покрие со работа за време на студирањето?

За работа, може да се најде ама на почетокот малку потешко. Инаку животот е доста скап и да се работи нема да се покрие целата сума која ти е потребна за животот таму која изнесува некаде околу 700 евра па нагоре зависи од тоа каков човек си и колку трошиш.
 
Ако има за Франција некој што се интересира, нека праша слободно. Јас сум таму.

Ме интересира преку што отиде таму и дали полагаше нешто (француска верзија на нашата матура и сл). Колку плаќаш од семестар?
 
Ме интересира преку што отиде таму и дали полагаше нешто (француска верзија на нашата матура и сл). Колку плаќаш од семестар?

Запишав прва година на факултет, нема одење преку „нешто“. Документите треба да се испратат преку Француски Културен Центар (има дел за образование во Франција) кога си 4та година, негде после Нова Година... Јас бев во билингвална и полагав француска матура. За тие кои не се од билингвалната, се полага тест за познавање на јазик. Плаќам 180 евра годишно (+150 задолжително здравствено, зашто не сме од ЕУ).
 
За работа, може да се најде ама на почетокот малку потешко. Инаку животот е доста скап и да се работи нема да се покрие целата сума која ти е потребна за животот таму која изнесува некаде околу 700 евра па нагоре зависи од тоа каков човек си и колку трошиш.
А со работа колкав дел од трошоците се покриваат и најчесто што се работи?
 
За работа, може да се најде ама на почетокот малку потешко. Инаку животот е доста скап и да се работи нема да се покрие целата сума која ти е потребна за животот таму која изнесува некаде околу 700 евра па нагоре зависи од тоа каков човек си и колку трошиш.

Точно, зависи како трошиш и каде живееш.
Инаку, доколку живееш во интернат можеш да поминеш и со околу 500 евра.
 
Дали има некаде да се запише у странство, ама без полагање на математика?
Пошто знам дека претежно на многу места се бара...
 
За студирање во Шведска ми кажаа дека средното школо завршено во Мк не се признава таму. Точно е воа?
 
За студирање во Шведска ми кажаа дека средното школо завршено во Мк не се признава таму. Точно е воа?

Разлистај малку по темава ќе видиш назад дека објаснувам за студирање во Шведска затоа што сум примен на факултет годинава. Инаку имам завршено во Корчагин, значи признаени се.
 
Сакам да студирам во Америка,тоа ми се допаѓа а таму би сакала да стигнам преку Бугарија,ако успеам да се запишам таму на англиски и потоа да заминам,наставничката по наглиски кажа дека уште 1 година може да се оди во Америка.Дали има некој на тој начин одено до Америка и како е таму?Ако некој знае нека каже?
 
Уписите за Шведска се веќе завршени.
Образованието е бесплатно, но повеќето факултети држат настава на Шведски.
Од 2010 ќе се наплаќаат студиите во Шведска, така? На кој факултет си ти, ако може да знам?
 
Дали има некаде да се запише у странство, ама без полагање на математика?
Пошто знам дека претежно на многу места се бара...

Да Бугарија можи бе никакво полагање на што сакаш да се запишиш.


Сакам да студирам во Америка,тоа ми се допаѓа а таму би сакала да стигнам преку Бугарија,ако успеам да се запишам таму на англиски и потоа да заминам,наставничката по наглиски кажа дека уште 1 година може да се оди во Америка.Дали има некој на тој начин одено до Америка и како е таму?Ако некој знае нека каже?

Можи значи прво треба да дојдиш бугарија да се запишиш на некој универзитет кој што врши размена на студенти со некој американски универзитет. Или пак да завршиш нешто на англиски во Бугарија па да одиш во америка. Инаку во америка да студираш ти е прескапо, незнам вака од тука таму да одиш , минимално 10 000 долари најефтино и тоа во некој полош универзитет.
 
Бев 4 година средно во Америка си добив америчка high school diploma :)))
Сега се селам во Литванија на факултет, па можеби втора година пак во Америка:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom