Болт ќе оди на двојно злато во Пекинг
Јамајканскиот атлетичар Јусеин Болт, доби зелено светло од својот тренер да настапи на двете спринтерски трки, на 100 и 200 метри.
Болт се прослави со 9 победи од 10 настапи на овие две трки во изминативе 365 дена. Во Њу Јорк во мај успеа да го собори светскиот рекорд на 100м, кој сега изнесува 9.72 секунди, а пред 3 недели во Атина, патеката од 200м ја истрча за неверојатни 19.57 секунди.
Ако на Болт му успее овој подвиг, да направи двоен учинок, ќе се приклучи на групата спринтери на кои тоа им успеа, како што се: Валери Борзов(СССР, 1972), Перси Вилијамс(Канада, 1928), Боби Мороу(САД, 1956), Џеси Овенс(САД, 1936), Еди Толан(САД, 1932), Ралф Крег(САД, 1912) и Арчи Хан(САД, 1904).
Последен атлетичар на кого ова му успеа пред точно 24 години во Лос Анџелес е Карл Луис.