Пред војната имало друга војна,а пред неа друга и така до недоглед.Штосот е токму во тоа што го велиш,од каде сега после толку години незаинтересираност се појави желба за враќање на имотот кај оние чии фамилии тесно соработувале со Бугарскиот окупатор?Фер ли е наспроти жртвите од фашизмот кој оставиле траги до ден денешен,пред нивни очи да им се врати имот на оние кој помогнале да им се уништат нивните фамилии,да им се убијат нивните најблиски.
Законот за денационализација е прецизен но дали се чита и спроведува токму онака како што е запишан или се мижи од чисто партијски интереси понекогаш?Не може две или три фамилии да ги дупат 200 или 300 фамилии кој во Глобал гледаат потенцијална егзистенција,посебно кога тие две три фамилии бараат “преку леб погача“.
АБЦ, јас правам јасна дистинкција помеѓу воените профитери (соработници со окупаторот, бугарски, германски, балисти и сл.) кои стекнале имот во војната, и оние кои стекнале имотот пред војната, на чесен начин.
После, законот за конфискација, законот за национализација и законот за експропријација ги фатил сите кои имале повеќе од земјишниот и стамбен максимум, со тогашните закони дозволен.
Државата најчесто го земала земјиштето и др. недвижности без, или со помалку од симболичен надоместок.
Но, факт е дека имало и случаи кога некои се осудени како соработници, а не биле тоа.
И, со законот за денационализација, дојде време да се исправи таа неправда, кога луѓето од господа станале голтари, за некои нови голтари да станат господа. И такви кои заслужуваат, а особено такви кои НЕ заслужиле, т.е. сите деца им се родени во времето 1941-1945, а биле првоборци.
Таа страна очигледно не ја гледаш.
Барем во случајот Заев, по мене, состојбата со денационализацијата е јасна.
Земјиштето е од јавен интерес и пред Глобал, па треба луѓето да се обештетат со обврзници и готово.
А самата тема веќе стана глупава.
Се сведе на класично навредување помеѓу двете „завојувани“ страни.