Во вечерва објавеното соопштение на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, се вели дека претседателот Црвенковски изврши упад во надлежностите на македонското Собрание.
„Изјавата на Претседателот на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски, дека одлуките и законите донесени од Собранието на Република Македонија на 1 август 2008 година се невалидни и не произведуваат правно дејство, е директно навлегување во уставните надлежности на Собранието и нивно негирање, без при тоа да се има предвид дека Претседателот на државата е должен да ги почитува Уставот и законите на Република Македонија“, се вели во соопштението.
„Отфрлајќи ги сите изјави на претседателот на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски, како крајно неодговорни, непринципиелни и правно неиздржани, јас како претседател на Собранието на РМ, до крајот на мандатот на овој состав на Собранието, ќе опстојам на уставната надлежност на Собранието, ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Македонија и ќе се спротивставам на секој упад во политичкиот систем направен од било кого, па дури и кога е како во конкретниов случај, од страна на претседателот на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски“, продолжува соопштението.
Ништо помалку не ни очекуваме ние што те направивме претседател на тоа собрание. Како ме нервираат вакви... Месец дена откако стана претседател на собранието ми дава заклетва.
Член 11
Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и
без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон
кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се
однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа
оправдано.
Ништо противзаконски или противуставно не направи Бранко што толку мрчат! Имаше законско право за тоа, го направи. Доколку бил погрешен потег НИЕ граѓаните ќе го осудиме, нема овој претседателов на собраниево што да ми дава заклетви по медиуми.