Пропуштени шанси...

  • Креатор на темата Lady
  • Време на започнување

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Не се каам,има причина зошто сум ја испуштила.
 
Член од
20 декември 2005
Мислења
179
Поени од реакции
1
Zalam sto ne ja iskoristiv sansata da ziveeme sami koga toa seuste bese mozno :tapp: :toe:
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Не жалам за ништо, секоја добра шанса која што ќе ми се укаже, ја прифаќам. А и да пропуштам, не жалам, не живеам во минатото, туку во сегашноста, ќе ми се укажат нови и нови шанси.
 
Член од
12 февруари 2008
Мислења
323
Поени од реакции
4
бо 1992 год.требаше да купам трпезарија за12 луѓе но дента кога отидов да ја земам се предомислив и земав регал а после 10 дена кога отидов да ја куоам веке пеше продадена адруга не можеше да се нарача бидејки беше уникат а истиот регал можеви тогаш да го купам
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Сигурно и на вас некогаш ви се пружила некоја шанса која сте ја испуштиле,,дали несвесно или не не е ни важно...Но,,дали имало некоја таква која доколку сте ја прифателе можела да ви го измени животот? Имало ли некоја која била од големо значење за вас,,но можеби поради оправдани или други причини сте биле приморани да ја испуштите? Каква шанса била таа? Дали можеби се каете поради тоа што некогаш без причина,,само поради вашата добра волја или невнимание,,сте испуштиле нешто што сте го посакувале отсекогаш,,и која што шанса не се пружа секогаш и секому? Сте биле ли така привилегирани да добиете некоја убава понуда без разлика за која област станува збор..дали професија,,приватен живот или нешто слично??? Дали сте од оној тип луѓе кои на шансите реагираат така што ги одлагаат за друг ден,,мислејќи дека можат да почекаат? Но што ако не е така? Паметите ли некоја ваша пропуштена шанса која ви оставила впечаток? Како се чувствувате во врска со нив? Се каете ли? Кога би го вратиле времето назад,,како би постапиле?
Јас нормално како и секој сум имала пропуштени шанси,,но не паметам некоја посебно што ми оставила впечаток,,секако имало такви кои некогаш ми биле важни,,но повеќе не се..обично сум се каела секогаш,,дури и ако сум имала причина за да не ја прифатам можноста...Но,,морам да кажам дека токму пропуштените шанси ме натераа да отворам очи и другпат да не одлагам се за утре и затоа имам извлечено добра поука од нив а тоа е да живеам во сегашноста и да го дофатам се она што животот ми го нуди денес,,затоа што можеби утре нема да ја имам истата шанса!!!:pipi:
Сега повелете вие
:smir::smir::smir:
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
imav sansa da pominam dva dena so mojata simpatija no ja propuustiiivv:(((((((
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.256
imav sansa da pominam dva dena so mojata simpatija no ja propuustiiivv:(((((((
Ако жалиш во животот заради таква шанса, ти уште не си почнала да живееш. Има многу поважни работи од една симпатија.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.580
Поени од реакции
1.885
сега најверојатно ќе бев во некој фудбалски клуб во англија, со сосема добри шанси дури и да играм во првиот тим, но се разболев од улцерозен колит па морав да прекинам да тренирам. ова го пишав бидејќи мислам дека ова ми беше најголема можност што ми има испаднато во животот за да го правам тоа што го сакам - да играм фудбал и да уживам во благодетите од него. во училиштето каде што тренирав ме сметаа за огромен талент, им ги собрав сите награди.

но тоа е тоа, животот си оди напред. сега сум свесен дека физичка работа нема да оди со мене, па затоа се свртев кон учење, што и предходно ми одеше без нималку мака. се запишав на менаџмент на европски, па се надевам оти ќе иде добро.

сепак жалам за таа пропуштена шанса да играм фудбал.
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
и да жалиме и да се кааеме едноставно тоа нема да ни го врати времето,туку ке остане една пуста желба!Многупати ми се има случено д се покаам зш не сум го купила тоа фустанче со зелена боја,туку дупло сум платила за жолтото,или зш не сум отишла кога ме поканиле на некоја голема журка,и сл.ситници,за кои верувам и вас ви се случиле,а за такви работи не треба да жалиме!
Да жалиме ако не прифатиме добра работа која не прави срекни,да жалиме што денеска не сме им рекле на родителите ТЕ САКАМ,да жалиме ако не сме се чуле со саканиот/ата цел ден,...зошто животот е непредвидлив,денес те има,а утре може не!Да го живееме животот со полн здив,секој ден,минута,секунда како да ние последен,со саканите личности и секој ден да ги потсекаме колку ни значат и колку ги сакаме,зошто животот е прекраток за да го поминеме во жалење за пропуштените прилики,туку да ги зграпчиме сите шанси шо ни ги нуди животот!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Пуууу колку шанси сум пропуштила...не можам ни да ги избројам од што се многу. Ама сама сум си виновна. Недоволно храброст, помешано со недоволно висока самодоверба, помешано со срамежливост и стегнатост и ете ти едно милион пропуштени шанси во секое поле од мојот живот. Вака кога ќе подразмислам поголем е бројот на шансите што сум ги испуштила, отколку оние кои сум ги искористила. И се каам многу заради тоа, ама јбг, сама сум си крива. Исклучиво јас и никој друг. На пример, на љубовно поле имало и шанси кои намерно сум ги упропастувала, затоа што сум се плашела да не бидам повредена или сум се плашела од емоции. Ама тоа е. Памет...веројатно ќе ми дое за неколку години, па секоја пружена шанса за било што би било добро во мојот живот ќе ја зграпчувам. Додуша еве последниов месец - два гледам подобрување. Самата почнувам некој напредок да осеќам кај себеси, па гледам дека и сама почнувам да си создавам шанси, што е добра работа, ама ќе видиме како ќе биде во иднина.
 
С

Сатори

Гостин
„Има стотици прилики во животот.Не мораш секоја да ја фатиш, кога и да е.“ - Меша Селимовиќ

Јас се водам по тоа дека секоја можност може да биде и закана откако ќе се искористи, затоа, не може да се искористи апсолутно се, понекогаш треба да се изгуби нешто за друго да се добие.
Сепак, многу ретко дозволувам да испуштам прилики кои што ми се чинат примамливи и корисни, додека оние на кои што сум им го избегнала „искористувањето“ си стојат како неотворени фајлови и никогаш нема да ми биде жал што не сум ги отворила, колку и да разјадува љубопитноста покасно.

Животот не може да се базира само на собирање шанси и нивно исцедување, затоа што не секој сок е добар за нас.Суштината е да се одигра добро партијата, ако можеш да земеш кралица без ништо да дадеш или евентуално да не жртвуваш коњ за пионче.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Сум имал шанси кои што можеби ќе ми го измениле животот, но не се кајам бидејќи таа промена што тие шанси ми ја нудеа не е она за кое јас сонував.
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
780
Поени од реакции
69
Епа ништо посебно само што ми понудуваја да тренирам кошарка и карате и одбив и после бев ептен голем пишман.
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Jas za nisto ne se kaam, ako sum propustila nekoja sansa sigurno sum imala dobra pricina za toa. Vo sekoj slucaj zivot ide dalje.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom