@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.113
СМК
Македонско-грчката времена согласност пред уставен суд!
- Со цел итен и безусловен прекин на разговорите за државното име како флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, Светскиот Македонски Конгрес денес поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Законот за ратификација на привремената спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, склучена во Њујорк на 13 септември 1995 година, со којашто се суспендира една третина од одредбите Уставот на државата Македонија.
Бидејќи Привремената погодба се уште не е ратификувана во Република Грција, ниту грчкиот Парламент има намера тоа да го стори, а во услови на реципроцитет во односите меѓу двете држави, ако за Атина Привремената согласност е во сила без ратификација, таква позиција треба да воспостави и Македонија. Посебно поради фактот што Владата во Атина стави вето за членство на Македонија во НАТО-Алијансата на самитот на НАТО во Букурешт на 3 април 2008 година Грција, тоа го најавува и за Европската Унија, кршејќи го членот 11 став 1 од Привремената согласност, со кој Грција се согласи да не приговара на пријавата за членство и на членството на Македонија во оние меѓународни, мултилатерални и регионални институции и организации во кои Грција е членка.
Светскиот Македонски Конгрес уште еднаш ги предупредува претседателот и премиерот дека игрите со името нема да поминат кај Македонците во целиот свет и дека секоја придавка и додавка на државното име претставува велепредавство за кое не постои никакво оправдување а ќе предизвика дестабилизација на Македонија и регионот, и дека името на македонскиот народ нераскинливо е поврзано со името на државата Македонија! Промената на името на државата претставува трајна промена на името односно идентитетот на Македонците во целиот свет и тоа повеќе никогаш и со ништо не ќе може да се врати, а ќе ја легализира грчката окупација на Егејскиот дел на Македонија и геноцидот врз македонскиот народ.