Размазеност

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Дали сте вие размазени? Знам дека никој нема да признае ама пак :toe:...дали некој во вашето друштво е таков? Што со нив,им ги исполнувате ли сите желби и каприци? Имате ли проблем со комуникацијата и нивните барања...

....вашите мислења повелете...
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Размазена значи, хмм не би кажала дека сум. Не ни сакам да бидам не доликува тоа на мене. Не ме учеле така, ме учеле да се борам не да ме размазуваат. Можеби али ретко кога бев татина ќеркичка. Во друштво постојано сретнувам такви кои живееле под стаклено ѕвоно и се размазени. Хмм не ги обвинувам зашто така пораснале, такви се поради нивните родители кои ги израснале, неможеш да бидеш размазен ако твоите дома не те учат така, и не ти дозволуваат се и сешто. Таквите у друштво ги прифаќам нормално, им попуштам до граница која е нормална, можеби и преку неа, зашто јас сакам да размазувам луѓе и на некој начин тие се среќни поради тоа, а јас уште посреќна што личноста што ми значи е среќна. Немам проблем со комуникација, нивните барања се нивни барања, мое е дали ќе прифатам или не, ако ми одговара и ако сите се среќни ќе прифатам ако не им давам до знаење дека тоа неможе така да биде.:helou:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Си признавам дека сум прилично размазена и разгалена,едно дете сум и речиси сите мои желби биле исполнувани.
Сепак покрај исполнувањето на моите желби,добив и квалитетно воспитување и знам кои се моите можности,знам кои се моите граници и никогаш не претерувам со моите барања и нормално го ценам она што го имам и добивам.
Размазена сум со усул.
Да,сакам обично да биде по мое и за тоа се борам,ама ако не биде - во ред,не правам скандали.

Во мое друштво немам некои претерено разгалени суштества.Сите сме пазени и мазени,ама сепак и сме доста реални и имаме реален поглед на светот и ги пуштаме нозете,онолку колку што ни е долго чергичето.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Си признавам дека сум прилично размазена и разгалена,едно дете сум и речиси сите мои желби биле исполнувани.
Сепак покрај исполнувањето на моите желби,добив и квалитетно воспитување и знам кои се моите можности,знам кои се моите граници и никогаш не претерувам со моите барања и нормално го ценам она што го имам и добивам.
Размазена сум со усул.
Да,сакам обично да биде по мое и за тоа се борам,ама ако не биде - во ред,не правам скандали.


Во мое друштво немам некои претерено разгалени суштества.Сите сме пазени и мазени,ама сепак и сме доста реални и имаме реален поглед на светот и ги пуштаме нозете,онолку колку што ни е долго чергичето.
Се пронајдов во постов:smir:
Сосем истото би го напишал за мене.
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
35
Што знам.. Не сум баш размазена, не би кажала така за себе иако некогаш сакам многу работи по мое да се :)
Ама сакам работи кои знам дека можат и треба да бидат по мое, не посакувам нешто нереално како што спомна Крејзи ин лав.
Во друштво сите некогаш знаеме да се испонашаме така, размазено, иако не сме. Си се сфаќаме и подржуваме во тие моменти, бидејќи знаеме дека тоа е сега па после кој знае кога пак.
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Сум размазена, но во дозволени и нормални граници.
Научена сум речиси секогаш да го добивам она што ќе го посакам, без никаква мака, но знам за граница. Како мала, можеби и не, но сега сум доволно свесна да можам да проценам каде е црвената линија, каде треба да се закочи и затоа никогаш и не претерувам со барањата.

Особено поради таа размазеност, тешкотијата да се прифати зборот НЕ, кога почнав да ја согледувам реалноста од свој аспект ми беше особено тешко да сфатам и да го прифатам фактот дека нешто не може секогаш да биде по мое, не може да се купи по ниту една цена на светот.

За во друштво, ниту една другарка не е воопшто размазена, па баш поради тоа и мојата мала им се чини како огромна. Некогаш им пречи можеби, но не ми пререкле ништо. Со компромис и по некое мало попуштање од нивна страна :kesa: успеваме.
И мене не би ми било тешко, но секогаш поставувам одредена граница, како и сите други впрочем.
 
С

Сатори

Гостин
Дали сте вие размазени? Знам дека никој нема да признае ама пак :toe:...дали некој во вашето друштво е таков? Што со нив,им ги исполнувате ли сите желби и каприци? Имате ли проблем со комуникацијата и нивните барања...

....вашите мислења повелете...
Да сум.
Едно дете на моите родители, каде татко ми ме навикнал Месечината да ми ја спушти ако му ја побарам и да, секогаш, го добивам тоа што го сакам.Најмалото девојче во фамилија, сите се грижеле околу мене.
НО, тоа не значи дека мора да се рефлектира на тој начин и во реалниот живот, затоа што сум била во друштва каде што зборот размазеност не бил дозволен во речник и + најдобрата пријателка ми беше 20 пати поразмазена од мене, сакајќи или не, научив да ги балансирам работите и кога треба да правам компромис.

Додека бев помлада, тоа беше многу поизразено, сега веќе, размазеноста ја манифестирам претежно кај татко ми, не кај другите кои што ми се во близина.

Бидејќи сум била многу долг временски период во близина на личност која што не познавала граници во тој домен на „сакам и морам да добијам“, да бидам искрена, повеќе беа ситуациите кога сум попуштала за туѓо задоволство.Но се си доаѓа со текот на времето, што значи, дојде ден кога без да речам „одјеби“ фино си заминав.:toe:
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Не сум размазена, арно ама затоа децата ми се ептен испоразмазени тешко мене има да биде..(ама шо да праам кога ги сакам највеќе на свет)
Мајка ми била позатворен тип на човек и немало многу галење, мазење секогаш построга и пресметлива(држење ситуација под контрола)е ама сега кога ја гледам со мојте деца како се гали и игра ми иде да ја прашам кај ја скри таа ладнокрвност што ја имаше додека нас не растеше?? Можеби затоа викаат страрите дека вниците се помили од децата кој знае??? И пак ќе кажам не сум ич размазена.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Многу релативна тема за разговор.

Ако се споредиме со децата од Африка што секојдневно гладуваат, тогаш остатокот од светот сме принцези. Но ние зборуваме за наши услови.
Сите сме размазени на некаков начин и за некоја ситница, и тоа е нормално. Само кога тоа преминува граница тогаш веќе не е во ред.

Пример: знам девојки што во животов не стапнале во автобус, немаат автомобил но секаде или ги возат или идат со такци...они едноставно не се јавен превоз ..лилаааа:violent1:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не сум она типично размазена личност...ама неможам да кажам и дека не сум размазена... Секогаш сум го добивала она што го сакам со таа разлика што никогаш не сум барала невозможни нешта...Значи се што можеле да ми овозможат моите ми овозможувале... Посебно татко ми кој никогаш не ми забранил ништо и никогаш ми нема речено НЕ, колку што се сеќавам... така што не можам да кажам дека не сум донекаде размазена...

Што се однесува до моето друштво... од моја гледна точка се слични на мене така што нема никакви конфликти меѓу нас...
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе како дете нормално е да сме размазени. Јас до 8 оделение ако не добиев нешто тоа за моите ќе беше најголем пекол. Немаше да ги оставам да спијат, ќе си правев се по мој кеф ама после тоа ми удри у глава дека се не можам да имам барем во моментов со моменталнава состојба во државава наша. Ама ај може по грешка некој мене ќе ми испрати наследство од милионииииии па ќе се отствари тоа. Инаку за разгаленост порано да сега не
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Се знае пред кого можеш да бидеш размазен и разгален..Со најблиските..Сакам и сум размазена, тоа ме опушта и ме прави да се чувствувам како мало детенце, кое знае понекогаш да претера со неговите желби:)
Мило ми е кога придонесувам моите најблиски да се чувствуваат размазено во мое друштво, сериозноста е за на друго место:)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
Сум. Ама знам да си поставам граница. Секако, не е моја вина. Како единица на моите отсекогаш се обидувале да ми пружат се` што ќе посакам, и ако во 1 часот по полноќ посакав чоколадо татко ми одеше до продавница да ми го земе. Имаше моменти кога не знаев да го ценам тоа, кога се карав и викав за глупости. Тоа беше порано. Бев мала и не разбирав некои работи.
Сега сакам да ги поправам, држам рамнотежа меѓу размазеноста и обидот да бидам самостоен човек. Во друштво и во реалноста надвор од топлиот домашен кревет никогаш не сум се однесувала размазено, посебно е многу тешко ако повеќето околу тебе се разгалени, тогаш не може да се излезе на крај, сите сакаат да биде по нивно, да се прави она што тие ќе го речат, да бидат водичи итн. А тоа не води никаде.
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Како прво женско, воедно и прво дете во фамилијата морам да признаам дека сум прилично размазена од сите, освен од мајка ми и татко ми. Тие на некој начин правеа некој баланс... на пример ако тетките ми дозволуваа се’, мајка ми ќе ми забранеше нешто и така се создаде некоја рамнотежа и научив каде треба да е границата на моите желби и благодарна сум на тоа бидејќи не сакам да сум од оние “татини/мамини мази“ кои цимолат за секоја неостварена желба.
Во друштво никогаш не сум се однесувала размазено, бидејќи ме научиле дека надвор од дома треба да се однесувам културно и плус никој од моето друштво не е таков па сме се погодиле. :)
Од друга страна пак, дечко ми премногу ме има размазено, ме научи да добивам се’ што сакам, да ме носи секаде кај што сакам и не знам дали би можела да се одвикнам од тоа. :kesa: Ама само кај него можам така да си се однесувам, пред други не сакам, бидејќи кажав погоре, знам до каде е границата. :pipi:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не, не сум размазен, бидејки моите имаат строг режим на “обучување“ :pos::pos::pos: неам во друштво размазени пошто ако има ке го избациме од друштво:pos:

али има многу женски размазени и тоа многу ме нервира...не се р`чкам со женски али ми иде да ги истепам таквите!!!!:vozbud:проблем со коминкација ЕПТЕН а разбирање никакво...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom