Сум размазена, но во дозволени и нормални граници.
Научена сум речиси секогаш да го добивам она што ќе го посакам, без никаква мака, но знам за граница. Како мала, можеби и не, но сега сум доволно свесна да можам да проценам каде е црвената линија, каде треба да се закочи и затоа никогаш и не претерувам со барањата.
Особено поради таа размазеност, тешкотијата да се прифати зборот НЕ, кога почнав да ја согледувам реалноста од свој аспект ми беше особено тешко да сфатам и да го прифатам фактот дека нешто не може секогаш да биде по мое, не може да се купи по ниту една цена на светот.
За во друштво, ниту една другарка не е воопшто размазена, па баш поради тоа и мојата мала им се чини како огромна. Некогаш им пречи можеби, но не ми пререкле ништо. Со компромис и по некое мало попуштање од нивна страна :kesa: успеваме.
И мене не би ми било тешко, но секогаш поставувам одредена граница, како и сите други впрочем.