Linux или Windows?

  • Креатор на темата Креатор на темата Creep
  • Време на започнување Време на започнување

Кој оперативен систем е подобар?

  • Windows

    Гласови: 196 69,8%
  • Linux

    Гласови: 85 30,2%

  • Вкупно гласачи
    281
Абе штом ќе решам дека ќе го ставам ќе го држам некое време убаво да го испитам што како е. Инаку мојот 9.10 верзија е. Драјвери и такви ствари може да подесам самиот да си бара?

Нема ништо за подесување од тоа, самиот си бара се што му треба. :)
Значи инстлаираш и пичиш, само... за драјверите за графичката, ќе треба да ги активираш најновите за да ти бидат овозможени екстра ефектите (во темата „Инсталација и подесување на Linux Ubuntu“ имам објаснето како оди процедурата сликовито), исто така и за конекцијата, доколку имаш кабелски интернет, сам ќе си најде мрежа и ќе се конектира на интернет, а доколку не ти е кабелски интернетот ондак во терминал ќе пишеш:

Код:
sudo pppoeconf

...и ќе ги следиш инструкциите и тоа е тоа. :)

Едит: Или па како што кажа Junkie во долниот пост, можеш да го пробаш на Live CD и чим сме тргнале кон економичност ондак не ти треба ни виртуелна машина, дирекно бапни го CD-то во CD Rom-от и бутирај го CD-то, кога ќе ти се отвори едно мени, одбери ја опцијата Try Ubuntu и пичи. :)
 
Пун ми е компјутеров со музика и филмови. Неам место за дуал-бут. Ќе видам деновиве ќе инсталирам, ќе видам што како. Фала инаку за советиве=)

Не мораш со dual boot. На сегашниот windows инсталирај WMware и фајлот од оперативниот ќе го покренеш со помош на програмата, ќе го користиш вирутелно со што ќе можеш да прочепкаш подетално низ оперативниот без притоа да се мачиш со целосна инсталација.

Провери тука
 
фала и на двајцата. ќе го пробам првин да видам шо како. ако е добар ќе го стаам па нека тера доека не ми здосади=)
 
НАј сериозно ... Единствен дефицит на Линуксот е во тоа што просто и едноставно никој производител на игри не обезбедува подршка за Линукс ... И тие игри кои ги има за линукс се тако речи не до развиени . Емулаторите за вин има ( Вајн , цедега ) ама најчето имат проблем со понови игри .

Ама кога ке се исклучи гејмингот , Линуксот го јади пенџерето за секој друг аспект . Работи побрзо , повеќето дистра ги имаат од мајка сите нај потребни апликации , полесно се инсталира , посигурен е ( практично нема вируси за него ) , пофлексибилен е во секој поглед , и крајно ако малце повеке човек разбира може да си направи од него она што сака и во изглед и во начин на работа .

Да сме сериозни линуксот си е подобар за се , освен во однос на игрите .

Освен то кај нас не се согледва фактот дека 90 % од програмите кои се користа на вин се платени . КАј нас дури и винот не се плаќа заправо ... Се е пиратериа ...
Али ако требаше да искашлувате по 40 $ годишно само за адобе ридер и по 160 евра за винот кој го користите ...

Линуксот кај нас ке изгледаше многу по привлечно во таков случај пошто самиот тој е безплатен , програмите за него се безплатни ( 99% од случаите , има ретки исклучоци )

Така да дефинитивно е подобар линуксот .
 
Единствената штета е што го користат само 2 % стандардни луѓе во светов ( со исклучок на Web серверите.. Таму линукс доминира).

И да.. Linux Rulez.. Одамна баталувам Windows, со исклучок на 2-3 3d дизајн/анимациони програми кој ги работам..

И да.. Мразам луѓе што се плашат да научат нешто ново..
 
Па ако се занимаваш сериозно со дизајн земи си мек. Технички гледано, џамот во ништо не е прв.
 
Не сум обожавател на Мек.. Имам имано некоја недела леопард ама.. ноуп.

И онака за After Effects, Sony Vegas за рендерирање, 3д Макс или Маја, photoshop, и електронско банкарство како исклучок за кое што е неопходен Џам, ги бркам преку него.

Остатокот како што кажав го возам на линукс.
 
Ми треба помош

Сакам на компјутер од пред 6-7 години да инсталирам Линукс, компјутерот сега има XP SP3 и кочи, дури беше без SP беше солиден. Има 128 RAM, 2,4 GHz 80GB.
Ќе се користи за интернет и слушање музика.

Кој Линукс да го преземам?

Фала
 
Дефинитивно, без размислување, треба да се бришат постови на темава кои што не се воопшто аргументирани.
Мислам дека постови од типот овој ОС е најбољи или дефинитивно оној ОС или било што слично воопшто не допринесуваат.
Ако некој нема нешто паметно да каже, ја има анкетата, нека си гласа и толку. Ако има што да аргументира зашто, што, како, нека пише пост. Нели е тоа логично?
 
Windows секако! Бидејќи сите апликации и игри досега испрограмирани се само за Windows платформата и џабе е да имам компјутер ако користам Linux па неможам ниту една игра да изиграм :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom