Она реално како тебе?Дека Македонија ќе ја снема, што Премиерот ти е како трнче во окцето?Па ако си реален, нема да го пердашиш само Грујо, Б.Ц. некако ти е запоставен од твоите „реални“ гледишта и експертизи..Твоево е селективно дрн дрдорење...
Ајде кажи ми ја провокацијата во тоа што те нареков песимист..Јас само си кажав свое мислење,дека премногу црно гледаш на работите..Зборот ми беше дека Македонскиот народ многу полоши работи претрпел него ли ова ние што го трпиме, па за толку лесно да се откажеме..За Грујота не се секирај, ако се огреши тука е народот, ќе го казни, не се секирај..Верувам во праведноста на народов, а верувам и дека нема некој дрндрнјариња да го шетаат по тавани, каков што беше случајот 16 години..Народот научи да казнува, а жалам што Б.Ц. и неговата партија, први паднаа на тапет..Впрочем, и сами си се криви..А за другото болдирано, за комунизмот..Тоа и го мислам..Комунизмот му има всадено на луѓево во главата дека за се што не чини , државата е крива..И за тој што не работи државата е крива..
Тој „монолог“ е мое мислење, исто како твоето..Жалам, не мислиме сите исто, како во едни други времиња

Јас сеуште мислам дека си премногу песимистички настроен...До пред една година и кусур, не се имаше некоја јасна и смислена стратегија,не значи дека ако досега немало, не треба да се направи, не е за ништо касно..Според мене последниве години тоа мрдна од мртва точка, се отвораат прашања како ова, ќе се отвори можеби набргу и прашањето за Пиринците во Бугарија, полека пополека..Впрочем, и стратегија не се прави од ден за ден..Ќе им дадеме верба на Егејците дека мислиме на нив, дека не се сами во битката со гејските националисти,се надевам дека следејќи го овај пример, некое убаво сабајле и Прванов ќе добие некое вакво слично писмо, за Пиринците..Тула по тула, куќа...
Провокацијата ти и не можеш да ја видиш...
Но како што напишав, ти и оние сличните како тебе, не се ни најмалку криви.
Вас во партијата така ве учат.
Верувај му на Никола и кога мислиш дека не е во право.
Затвори ги очите и уживај.
Има кој да мисли за тебе.
А ако некој не мисли исто ко Никола...наречи го комуњар, песимист и предавник.
Ти само ги следиш стапките на семоќниот патриот, и од дрвото,шумата не може да ја видиш.
И затоа на таквите ко тебе, и не им замерувам многу.
Оставам времето да ве научи, дека слепата верба...знае и да разочара.
Продолжи ти со оптимизам да зрачиш, и да мислиш дека се што лета се јаде.
А Јас ќе продолжам да критикувам, за се што мислам дека не е правилно, затоа што ја гледам многу добро шумата...па и ливадата што е позади шумата и дрвјата.
Кога пишуваш и тврдиш нешто, треба да бидеш и запознаен со истото.
Глеам комунизмот на вас ви е најмоќното оружје кое служи за критика на вашите или груевите неистомисленици...па би ти поставил неколку прашања, на кои се надевам дека ќе ми дадеш издржан одговор, или евентуално ќе побараш помош од некое поголемо партиско другарче.
Што е тоа комунизам ?
Кога бил присутен комунизмот во Македонија?
Oд кај ти констатацијата дека сите што го критикуваат идеологот твој, се комунисти и ништо не работат, и зошто мислиш дека е тоа така.
Зошто мислиш дека критиката спрема некоја влада или власт, е само сеење песимизам, а не загриженост за државата своја, и нејзината иднина,
Дали мислиш дека оптимизмот, те прави поголем Македонец од мене, и од сите други на овој форум.
Ќе повторам...очекувам издржан одговор, а не вмровски демагогии ..имун сум на нив.
До пред некоја година се немало јасно осмислена стратегија.
А сега се има.
Која е таа јасно осмислена стратегија, по трет пат те прашувам ?
За да подржам некоја стратегија, треба да имам претстава за што се работи, и каде води истата.
Реков за писмото до Караманлис.
Доколку е со умисла направено, за да се зацврсти нашата позиција...во ред.
Доколку се добие барем 10% од она што се бара во пишаното...пак во ред.
Тоа значи дека премиерот мудро размислувал, е добар тактичар, и ќе има стопроцентна подршка од мене.
Доколку е нешто друго во прашање...?
Ќе испадне на виделина, и критиката ќе биде неминовна.