ENK - Приштина 50 катница

  • Креатор на темата Креатор на темата E.R.M
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 јули 2008
Мислења
27
Поени од реакции
0
Во центарот на Приштина се гради огромен комплекс,стамбени и деловни згради,хотел 5*,трговски центар итн.Интересно е што зградата стигнува до 50ти спрат, што е ретко за регионов
Дали на Скопје му фали вакво неш
070822---ENK-Complex-%5BLow_Rez%5D.jpg
c03-0910-%5BLow_Rez%5D.jpg
c08%2809-07%29-%5BLow_Rez%5D.jpg
то?
 
Во центарот на Приштина се гради огромен комплекс,стамбени и деловни згради,хотел 5*,трговски центар итн.Интересно е што зградата стигнува до 50ти спрат, што е ретко за регионов
Дали на Скопје му фали вакво нешто?

Во центарот на многу светски метрополи, во моментов се градат многу поголеми, позначајни и порепрезентативни објекти од наведениов. Не дека секој репрезентативен објект е за коментирање. Поготово ако немаме можност да го поставиме во позиција на архитектонска анализа од наша страна, и ако нема нешто карактеристично за него, некој новост, која го издигнува на посебно место, и не го сврстува во денешните нео-модернистички, веќе конвенционални објекти кои се градат по Балканските метрополи.

Друго, дали на Скопје му фали нешто вакво? Е вака: единствена допирна точка која ја има Скопје со Приштина е статусот на главен град (оф-топик:си ја лупам главава поради напишанава реченица). Како урбана матрица, како просторно планирање и уредување, овие два града немаат ништо заедничко. Немаат заедничко ни од демографски аспекти, богами ни од економски, а за историски да не праиме муабет. Е од кај тогаш идејата дека на Скопје би му требало ваков објект?

Доколку веќе сакаме да пишуваме за станбено-деловни комплекси и трговски центри, ај да пишуваме директно за Скопје. Сте слушнале ли за новиот проект "ERA City" што ќе се гради на сајмиште? Зафаќа огромна површина, во програмата содржи повеќе објекти со комерцијално-деловна структура, хортикултурно уредување на високо ниво, подземно решено паркирање... Единствено не оди хотел во програмата, поради постоечкиот Hotel Continental. За брзо време, ако има заинтересирани, ќе има и 3д-прикази од комплексов.

Благодарам.
 
Не се разбравме,само затоа што Скопје е унапредено во сите тие аспекти за разлика ор Приштина, би требало да има некој таков објект,каков што му личи на секоја метропола? кога тие со 5 месеци држава можат, зошто нашите не можат, а толку време премиерот најавуваше стокатници...а за ера сити баш би сакал да видам некои слики? ако имаш:smir:
 
Се разбравме, и јас ти ја сфаќам поентата на темава. Ајде малку од поинакви перспективи...

1. Дали добро го познаваш централното градско подрачје на Скопје? И ако го познаваш, помисли каде би можел да се постави еден таков објект...? Понатаму, ај ке ти кажам како најдобро да си претставиш што значи тоа градско, односно урбано ткаење. Ќе се качиш на Кале, ќе најдеш некој точка што ти дава широк видик, и полека ќе ја ротираш главата...или фотоапаратот (ако не можеш да запомниш во себе)...Ќе видиш различни висини, ќе видиш поенти во вид на вертикали, и одземени блокови во вид на улици и плоштади...Е сега, во тие вертикалкни поенти, фати и изброј катност на објектите (значи изброј катност на највисоките објекти во Скопје). Ќе видиш уште колку ќе ти треба за да достигнеш до 50 ката.

2. Дај ми идеја, или барем рзмисли, што ние би сместиле во еден ваков гигантски комплекс? Деловни простори - камо да имавме потреба од толку големи површини со таа намена... Трговски центар? Не знаеме што ни со постоечките, само градиме нови и периодично ја дислоцираме народната маса од едно на друго место. Влада и министерства...? Што по ѓаволите тогаш ќе правиме со сите оние бетонски згради во строгиот центар на Скопје?

3. Инвестиција. Кој денес е спремен да вложи во една ваква, за мене лично безперспективна монструозна градба во Скопје? (Не споредувај со погоре споменатата Ера, комплексот е од многу поразличен карактер)

4. Нека најавува премиерот стокатници...Сепак премиер е бе, па не може се што ќе рече да е вистина нели:smir: Знаете ли вие, колкав проблем ќе се јави, при фундирање (темелење) на ваквите објекти на Скопското тло? Или ќе земаме примери од јапонските облакодери, каде се фундира со шипови, кои одат и до 1/3 од висината на самиот објект во земја? Туак повторно се враќам на точката 3 и клучното, болдирано зборче.

Од Ера, ќе побарам слики (т.е. рендер, уште се припрема теренот за работа) и во најбрз можен рок ќе поставам. Ќе гледам да добиејам точни технички податоци, како и површина на комплексот, целокупна намена и сл.
 
имаш право пр.МРТВ од 26-27 спрата се користат само 10, а можда и помалку,

али сепак фали такво нешто во Скопје,би го одвоил местото спроти МНТ,доста атрактивно место,епицентар,како што би рекол Амди Бајрам...а сепак е пусто
а за инвеститори...ИНВЕСТ ИН МАЦЕДОНИА!!!
 
колку за информација зградава ја гради македонец
 
колку за информација зградава ја гради македонец

kolku za informacija zgradava ja gradi albanec od skopje so nekolku tajkuni od kosovo i albanija


Ај ве молам не се карајте. Двајца се тепаат, третиот победува, знаете?

The architectural work has been done by the Prishtina-based ANARCH architectural studio of Astrit Nixha.

П.с Пазете им го клипот за ЕНК проектот, закон :):)
 
Кој го гради комлексот, и чиј е архитектонскиот проект на истиот се две различни работи. Римз, може проектот да е на Anarch, а изведбата (градењето) на објектот да е на некој друг. Како и да е, како што спомнав погоре, објектите од ваков тип стануваат секојдневие дури и кај нас, на Балканот, кој, како и се останато, последен го прифати брзото и ефикасно градење - со префабрикувани елементи и монтажен систем на градење.

И пак ќе бидам малку критичен во врска со темава...ENK може претставува големо достигнување во Приштинската архитектура, но тоа достигнување останува таму и нема никакво поголемо значење (ни комплексот, а ни анимацијата на клипот :) ) Нема никаква иновација, па ни поголема важност во однос на архитектонска пластика. Секако, во недостиг на графички прилози, не сме компетентни да коментираме за проектантскиот распоред на комплексот.

Сакате најблиска споредба на овој објект со некој во Скопје. Па дури и се градат во исто време...Погоре еднаш спомнавме за ERA City, комплекс кој се гради на Сајмиште, инвестиран од Словенечка компанија, а и самиот проект е од словенечки архитекти. Освен хотел (поради договор со присутниот на тоа место Континентал), овој комплекс ќе ги има сите останати функции како и ENK. Само е многу поскладен, и далеку подобро се вклопува во урбанизмот на Скопје, одколку што тоа би го направила некоја 50-катница.

Бујрум:
1.jpg
2.jpg
 
Кој го гради комлексот, и чиј е архитектонскиот проект на истиот се две различни работи. Римз, може проектот да е на Anarch, а изведбата (градењето) на објектот да е на некој друг.


Ок, да се појаснам. Ни архитектот, ни тој што ја врши градбата, не се од Скопје.

Хепи? :D

Info:
Height: 165 m
Status: Under Construction
Investor: ENK Invest Group
Main contractor: Konstruktor (Split,Croatia)
Estimated Completion: Phase 1: 2011, Phase 2: 2014
Cost: 400 million EURO

Еве подетално.

Иако Кире, баш ми е гајле, како изградбата ќе влија врз архитектурата на градот Приштина, убаво или лошо. Воопшто не ми ни беше тоа постот, ни намерата.
Едниот вика македонец, другиот вика албанец од Скопје. Јас на двата им реков дека грешат.

Убаво не убаво, ми е гајле, не е мое. :)
 
Ок, да се појаснам. Ни архитектот, ни тој што ја врши градбата, не се од Скопје.

Хепи? :D

Info:
Height: 165 m
Status: Under Construction
Investor: ENK Invest Group
Main contractor: Konstruktor (Split,Croatia)
Estimated Completion: Phase 1: 2011, Phase 2: 2014
Cost: 400 million EURO

Еве подетално.

Иако Кире, баш ми е гајле, како изградбата ќе влија врз архитектурата на градот Приштина, убаво или лошо. Воопшто не ми ни беше тоа постот, ни намерата.
Едниот вика македонец, другиот вика албанец од Скопје. Јас на двата им реков дека грешат.

Убаво не убаво, ми е гајле, не е мое. :)

Абе вака сега...Јас само сакав да појаснам дека иако проектот е од албанско (т.е. косовско проектантско биро), изведувач може да биде секој. Еве според тебе, испадна дека изведувач е компанија од Сплит, Хрватска. Немав намера толку жустро да ти се спротивставам на твојот пост.

Моите коментари околу комплексот се однесуваат за самиот комплекс, и размислувањата на авторот на темава околу истиот, и како „добро би стоел„ еден ваков комплекс во Скопје. Јас само искористив прилика да го продолжам моето размислување за тоа, и да си го одржам ветувањето и да ставам слики од ЕРА во Скопје.

Мило ми е што не ти е гајле за влијанието, и мило ми е што на двајцата им кажа дека грешат. Во светов ни требаат секакви луѓе, со секакви размислувања и секакви приоритети во нивните излагања.

Хепи? :D
 
Искрено, мое мислење....
Зградава во Скопје би имало единствено значење...за вицот на Трендо со Спајдрмен да му падне во вода...кој сфати, сфати.

Во Приштина, можеби имаат потреба, мал град, многу народ, збутано им е се. Плус зградава се гради во периферија како што видов на клипчето, ко некој во Ѓорче да го гради ова...топ. Ама во Скопје, ко што сме шизофреничари, од чалам, ќе го градат на Камени Мост, демек ете ни се може :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom