Дали е најважен изгледот на партнерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување
изгледот само на почеток ми е до некаде битен... но не дека е пресуден.
повеќе би ми било да знае да ме насмее, да е фин, да има култура и образование него да има фаца...
 
Кој што сака нека рече, но за жал изгледот е секогаш на прво место. Сигурно нема некое машко да пријде на девојка, со намера за врска, доколку таа не го привлекува физички! Нема теорија. Исто така нема ни една девојка која, онака на прв поглед, би излегла на кафе со машко кое не ја привлекува. Не можете ова да го негирате, едноставно така е.
Секако, ова се однесува за почетокот. За понатаму, лично, сигурно не би бил со „плавуша“:)
Е сега, постои и друг случај, каде девојката или машкото не се толку убави... По некоја случајност, се наоѓаат две сродни души на некоја забава, роденден, или на некое Х место и почнуваат најдругарски муабет, за потоа да излезе дека едноставно им одговара меѓусебното дружење (им оди муабетот) па почнуваат да излегуваат, да се гледаат итн. Во ваква ситуација, онаа почетна каписла за почнување на врска, (изгледот), може да биде прескокнат.
Ова беше за започнување на врска, а за понатамошниот тек, кога некого навистина ќе го запознаеш и ќе сватиш дека ти одговара, изгледот како фактор за да опстои врската воопшто не е важен, иако не е баш најпаметно да се запоставиш, да се брадосаш, да пуштиш мев...:) Сепак треба да се има на ум дека врската може ќе заврши, и повторно ќе ти треба факторот „убавина“ за почеток на следна врска.:smir:
 
pa da pokraj se kako sto vikaat deka se izleguva od vnatre od srceto dlabogo od negovata ili nejzinata dusa sepak izleguva i od izgledot taka da dosta bitna rabota e i izgledot........woooooooow
 
Хммм... Изгледот.... па важен е. Еве рецимо искачам со девојката некаде во град... Не би облекол нешто што е сосема различно (пример - тренерки или нешто што апла не ми стои - невкусно) Исто така и за неа.. Незгодно би ми било да носи нешто што не е прикалдно за околината... Пример - сите се облечени во зимска облека (долги фустани, фармерки...) а мојата се облекува во мини скуња сакајќи да ги истакне своите атрибути... Ми бега во невкусно.
 
па на почетокот најчесто е пресуден, но не мора да значи..........др. работи се многу побитни:pipi:
 
Научно е докажано дека мажите ги бираат жените според физичкиот изглед на прво место (значи гради*, задник*, убаво лице*, рамен стомак* итн.), додека жените при барањето партнер во фокусот ја ставаат способноста да изгради кариера (внатрешни вредности) и да обезбеди средства за живот* (што технички е блага верзија на појавата спонзоруши :icon_lol: ), како и да има здраво тело.

Објаснение? Накратко и лаички:
1)Критериуми на мажите
*гради- им создава потсвесна сигурност на мажите дека е способна да го дои младенчето. Што поголеми, толку подобра ќе биде во доењето. Големината на градите реално нема врска со доењето, ама им создава на мажите таков потсвесен впечаток.
*задник- округло газе најчесто значи и широки колкови, а широки колкови во очите на машката потсвест значи дека жената е способна за раѓање, што и е основна функција.
*убаво лице- лице со нежни и убаво распоредени црти буди кај мажите желба да ја заштити и прегрнува жената.
*рамен стомак- знак дека жената не е бремена, односно дека е слободна за „парење“.

2)Критериуми на жените
*способност да обезбеди средства за живот- жената за разлика од мажот, уште од почетокот размислува на подолгорочни стази. Ако мажот има добра работа, или барем очигледен капацитет дека ќе си ја обезбеди иднината, тоа значи дека е „погоден“ да им обезбеди добар живот на нивните заеднички идни деца. Затоа на жените им е побитна ситуираноста кај партнерот, за разлика од мажите кои ретко бараат богати жени.
*здраво тело- значи дека е способен да ја оплоди.

Овие “тумачења“ (кои бтв се научни и не се моја измислица) може да ви изгледаат смешни, ама помислете дека потекнуваат од пред милијарди години, кога човекот и неговите сфаќања не биле толку развиени, кога мажот секој ден одел на лов, а жената во пештерата се грижела за семејството и за мирот „у куќа“. :) Иако луѓето се денес далеку поразвиени и повеќе милениуми не водат таков едноставен и „животински“ живот, нашиот мозок сепак се развивал во тој правец и сите основи на нашата егзистенција, љубов, секс, дружби, работа и се останато, всушност се сведуваат, повеќе или помалку, на горенаведените работи. :) Пусти луѓе, секој век сме станувале се покомплицирани и толку сме станале комплексни што не можеме ни да си се сфатиме самите себеси, кога суштината на циклусите е толку исконски едноставна.

Нејсе... (зборов) Целиов овој научен труд само за да заклучам дека не ме и е најважен толку изгледот, се додека е пријатен за гледање, што не значи убав, но ми е важна харизмата на човекот, неговиот шарм, тоа што зрачи одвнатре, тоа е тоа што плени, како и карактерот и сите доблести (и маани?) што ги поседува човекот.
..сето ова ми изгледа мајлогично =) што е и вистина=) али кога има ТОЈ се(убавина,карактер,пари,моќ и тн) е ондак не е за испуштање =)
 
Изгледот за мажите е најважен, жените тоа го знаат и затоа се шминкаат по 3 часа. Псај убаво објасни погоре.:)
 
Кој што сака нека рече, но за жал изгледот е секогаш на прво место. Сигурно нема некое машко да пријде на девојка, со намера за врска, доколку таа не го привлекува физички! Нема теорија. Исто така нема ни една девојка која, онака на прв поглед, би излегла на кафе со машко кое не ја привлекува. Не можете ова да го негирате, едноставно така е.
Секако, ова се однесува за почетокот. За понатаму, лично, сигурно не би бил со „плавуша“:)

Токму така! Ниедна женска нема да се залета по некој несреден, разбушавен, неизбричен на пример, така и ниедно машко не би се залетало во девојка со “подочњаци до колена“, несредена коса, да не речам запуштена и уште не знам што.
Прво треба физички да се привлечат, а после тоа следува паметот. Што ќе ми е мене некој што изгледа како маникен, а нема грам мозок во главата и обратно што ќе му е некоја топ женска на некое машко ако не знае два збора да рече?
Значи на почетокот важен е изгледот на партнерот, но тоа не значи дека тој изглед не треба да се задржи и понатаму во врската. Само нема да биде толку многу важен.
 
Првиот впечаток за една личност се добива преку изгледот, важен е, меѓутоа не и пресуден. Има други поважни работи, како карактерот пример, кој за мене е многу побитен. Се друго може да се среди.
 
da ne bese biten fizickiot izgled, silikonot kje go koristea samo za dihtovanje na prozorci i proizvodstvo na trkala za roleri.
 
Мене ми е многу поважен шармот. Физичкиот изглед и не толку. Доволно ми е да изгледа нормално, што е многу релативно.
 
Важен е. Пример.... Кога прв пат го гледаш твојот иден партнер (ако среќно завршите заедно) што е тоа најпрво што се случува помеѓу тебе и него? Го гледаш. Значи за да воспоставите прв контакт треба физички да ти се допаѓа. Потоа оди разговорот кој му го открива карактерот, што личност е. Е сега зависи кој како се определува но мислам дека надворешниот изглед е дота важен но не пресуден. Пресуден е сколопт од надворешниот изглед и карактерот.
 
Не е темата разбрана добро. Целта беше, дали треба да се дотеруваме за пратнерот.
Се разбира дека поголем број од времето тоа е убаво, но претерување значи или дека си несигурен за твојот изглед или дека на партнерот не му се допаѓа начинот на кој што изгледаш или најлошата варијанта се обидува да те смени(што обично жените го праат со сексуални уцени):helou:
 
Лично, не поднесувам несредени луѓе, кои не внимаваат на личниот изглед, а особено ми смета ако мојот партнер е таков.
Освен што вреѓа елементарно чувство за естетика, таквото невнимание е и одраз на некултура.
Постои кодекс на облекување, постојат мерила за што е пристојно и сл. и сметам дека секој треба да ги почитува.

Буквално можам да прекинам врска, само ако партнерот ми се облака недолично или е несреден. И по 10 години заедништво, сметам дека нема оправдување за некој да се запушти.
Карактер, блискост, се тоа фино. Али пошо иам и очи со кои, Фала Богу, гледам, нејќам истите да бидат сведоци на нешто непријатно и грдо.
Така да, да ептен ми е важен изгледот.
 
Јас сум себичен перфекционист, мене се ми е битно, како изгледа, како се средува, како се однесува, како џвака додека јаде.
Посебно во последно време, повеќе кој стил го преферира и како се поставува, како се носи.Физичка убавина, да, внатрешна убавина, секако, но како тоа ќе ми го испрезентираш мене, тоа ми е најбитно.

Нормално, тоа сакам да оди во двата правци, секако дека кога се разбудам после спиење изгледам поинаку од како ќе се скоцкам за излегување, но битното е да не си дозволам на сама себе да одадам непријатна слика за мене.

По таа логика, сакам складност помеѓу мене и партнерот.:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom