Janev
____________
- Член од
- 27 март 2007
- Мислења
- 2.856
- Поени од реакции
- 58
Неполни 24 часа по обелоденувањето на ужасната драма на блудничење врз малолетници во штипско, нова жртва на педофил во струмичко.
Во напуштена куќа во струмичкото село Банско 53-годишниот Зекерија Сулејманов повеќе пати блудничел врз 14 годишна малолетничка. За монструозниот чин и давал по 100 денари. Работата излегла на виделина откако сиромашните родителите се посомневале од каде и се парите на нивната ќерка.
Селаните шокирани од гнасниот настан со остри тонови на осуда. Иако втор ден како педофилот од Банско е во бегство, соселаните знаат каде се крие, за кого велатдека е во близината на селото. Инаку, соселанецот е повратник од издржување затворска казна за обљуба на немоќно лице штитеник на Завдот за лица со хендикеп Банско и постаро лице.
Последните случаи на педофилија ги открија слабостите во државниот систем кон лицата кои огрешувајќи се пред законот и издржувајќи ја казната, го повторуваат делото. За психолозите законската регулатива е недоречена, резултирајќи со недоволен надзор на истите по нивното излегување од затвор.
Од казнено поправните установи велат дека проблемот со тотална ресоцијализација на овие лица не е само нивна надлежност.
Психолозите и социјалните работници единствени во оценката. Душевното растројство кои педофилите со задоволување на ниските сексуални страсти им ги нанесуваат врз нивните жртви, децата, е трајна.
Штипскиот монструм од синоќа е во 30 дневен притвор. Досието за страотната и потресна драма за двајцата малолетници жртви на педофилот од Шашаварлија се комплетира, велат од штипското основно јавно обвинителство.