Па јас мислам ако се распадне Белгија, тогаш многу европски земји ќе се распаднат или ќе паднат во некаква федерализација. Едноставно Европа како во 16ти век (минус) Османлиска империја на Балкан. (има книга за оваа работа, кога ќе ја најдам ќе ја пишам).
п.с. ова со Белгија е нова работа или се зборува од 2СВ па наваму... ако е така работата уште многу долго ќе слушаме вакви изјави.
--- надополнето ---
Поврзана вест од
Вечер
НАТО се сели во Бон? Ревизорите кои откриле дека буџетскиот дефицит на Алијансата за оваа година е 640 милиони евра, имале чувство како да отпатувале во "Паркот Јура", а не во некоја современа меѓународна организација
Берлин лобира седиштето на Алијансата од Брисел да биде префрлено во главниот град на поранешна Западна Германија, Бон, тврди белгискиот весник "Хет Латсте Њуз". "Бон е подготвен да стане домаќин на Централата на НАТО, бесплатно нудејќи голем комплекс на згради со висок степен на безбедност", наведува весникот. Во прилог на преместување на седишето на Алијансата, Германија ги посочува "добрите услови" што ги нуди овој германски град, но и аргументот дека таму "нема опасност од внатрешнополитичка нестабилност, каква што е можна во Белгија во пресрет на вонредните парламентарни избори". Белгискиот весник тврди дека дискретниот притисок на Германија за префрлување на седиштето во НАТО во Бон наидува на голема поддршка од страна на Холандија. Централата на НАТО во моментов се наоѓа во бриселскиот кварт Евер. По приемот на десетте нови членки во НАТО во 1999 година, сегашниот комплекс стана претесен и беше решено да биде изграден нов од другата страна на булеварот кој минува пред сегашното седиште на Алијансата, што би требало да биде готов до 2012 година. Белгија бесплатно го отстапи земјиштето за изградба на новата централа, а Алијансата се обврза да обезбеди средства за реализација на проектот.
Поранешниот белгиски министер за одбрана Андре Флео во изјава за "Хет Латсте Њуз" наведува дека во седиштето на НАТО во Брисел "циркулираат белешки" во кои се говори за префрлање на седиштето во Бон. Според него, барањето за преместување на седиштето на НАТО со образложение за политичката нестабилност во Белгија е од конјуктурна природа, додека вистинската причина за нешто такво е од финансиски карактер. А, кога сме кај финансиите, еве уште еден куриозитет. Ревизијата во НАТО утврдила толку архаично сметководство и контрола на финансиските активности, што ревизорите имале чувство како да отпатувале до "Паркот Јура", а не во некоја современа меѓународна организација, изјави неименуван француски дипломат. Тој тврди дека во Алијансата биле користени застарени мерки за финансиска контрола, како и дека во нејзиниот буџет за оваа година има дефицит од 640 милиони евра, кој во најголема мерка е предизвикан со средствата потрошени во Авганистан. Францускиот дипломат смета дека, според најоптомистичката варијанта, следната година буџетскиот дефицит на НАТО ќе достигне 1,375 милијарди евра.
Летна во воздух храна за натовци
Најмалку седум лица се убиени во предградие на Исламабад кога вооружени лица нападнале цивилен конвој кој превезувал храна и гориво за силите на НАТО во Авганистан. Нападот го извршиле меѓу десет и 12 лица, кои исто така запалиле десетина камиони, сопственост на пакистански приватни фирми. Нападот е извршен во Тарнол, на околу 15 километри од Исламабад, по патот за Пешавар, град во северозападен Пакистан, преку кој се стигнува до авганистанската граница. "Седум лица се убиени - возачи, нивните помошници и случајни минувачи, додека четири се ранети", изјави претставник на локалната полиција. Вакви слични напади често пати се случуваат во северозападен Пакистан, во близина на авганистанската граница, но прв пат толку блиску до Исламабад. Американската војска преку територијата на Пакистан превезува 75 отсто од залихите за трупите во Авганистан.
Ако ова е вистина... тогаш пријатно Белгија.