@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
САД преку Тирана продавале старо оружје во Авганистан
Аферата има големи политички последици за Америка, бидејќи укажува дека глобалниот безбедносен приоритет му е подреден на локален и профитерски аранжман и оти се ослабува борбената способност на клучниот партнер
По аферата, земјите што купуваат оружје од САД повеќе
ќе внимаваат дали добиваат ново или старо оружје
Американскиот Стејт департмент ги истражува тврдењата за замешаност на американскиот амбасадор во Албанија во незаконска трговија со кинеска муниција, испратена од снабдувач на Пентагон на авганистанската армија. Комисијата на Конгресот за контрола и реформи на управувањето тврди дека амбасадорот во Албанија, Џон Видерс, со незаконската трговија со оружје ги загрозил интересите на САД. Заедно со Видерс се обвинети уште четворица бизнисмени, на чело со Ефраим Дивероли (22), шеф на компанијата „Еј и уај“ од Мајами Бич.Амбасадорот Видерс на 19 ноември 2007 година му одобрил на албанскиот министер за одбрана Фатмир Медиу да ги скрие доказите за недозволена трговија пред очекуваната посета на новинарот на „Њујорк тајмс“, тврди мајорот Лери Харисон, воен аташе во амбасадата. Медиу постигнал договор со Видерс и репортерот не можел да ја утврди реалната ситуација.
Прикривањето било направено зашто требало да биде испорачана стара муниција, заостаната од Студената војна и произведена во Кина, иако американските прописи строго забрануваат трговија со воена опрема од таа земја. Пратката вредна 298 милиони долари била наменета за војската на Авганистан, партнерот на меѓународната воена коалиција на чело со САД, која се бори против Ал каеда и талибанците.Обвинението против групата на Дивероли, пак, содржи 71 точка, вклучувајќи заговор. Но уште поголема е политичката штета за Вашингтон поради тоа што аферата укажува дека глобалниот безбедносен приоритет му е подреден на локален и профитерски аранжман, уште повеќе зашто се ослабува борбената способност на клучниот партнер. Земјите што купуваат оружје од САД, исто така, може да преиспитаат дали добиваат ново или старо оружје.Новинарот на „Тајмс“ во написот за спорната испорака не ја спомнал амбасадата во Тирана, но подоцнежната истрага стасала до нејзината трага. Шефот на истражниот тим, демократскиот конгресмен Хенри Вексман, побарал на сведочење во Вашингтон да пристигне амбасадорот Видерс. Тој, исто така, во писмо на десет страници до државната секретарка Кондолиза Рајс побарал одговори и одговорност и од Стејт департментот.Албанскиот министер Медиу веќе не е на функција. Тој беше сменет во март, по експлозијата во магацинот за оружје кај Тирана во која загинаа 16 луѓе, а пред објавувањето на аферата во „Њујорк тајмс“. Вашингтон, пак, веќе ги прекина официјалните аранжмани со „Еј и уај“.