Гегите како доселеници и јадро на албанскиот етникум денеска се доказ за овие работи. Се разликуваат и не се преклопуваат со наравите на соседите а преклопување мора да има ако се живее со милениуми еден до друг и се поминуваат исти политички системи.
Оф бе Геги Геги, сте му го узурпирале мозочето на дечково, па сте му измешале комори, предкомори, ензими, што уште не... Пусти Геги, на душа ќе ве носи "пријателов"..
Коа збораме дечко за генетика, очито не си ја разбрал приказната и тоа нешто мора постручно и по објективно, по лесно за тебе и твојот капацитет да го восприеме... Има еден форум, и поради еден тип како тебе (опседнат од Гегите) бевме сите банирани и немавме пристап, ама еве сега имаме, и ќе те почастам со линк, да видиш како некој кого не го боли таквото за 2001-ва и качачките походи во Македонија (ала Сердарот), може да биде објективен и објективно да "преговара" пред се научно...
http://community.haplozone.net/index.php?topic=2007.0
Еден од нив е Стивен Брд... Читај и учи...
Ако Гегите се јадро на Албанците, испаѓа дека Гегите носат 50% V13. Ако тој ген, е стар од време на Неолитот, испаѓа дека 50% од гегите се стари од време на неолитот. Ако 30% е Ј2b ген што доаѓа дивергентно со V13 на овие простори, значи некаде кај Неолит, испаѓа 80%, R1b е ген кој најчесто се среќава накај западна европа, и е присутен некаде 20%.
Ова се само едни крупни бројки, кои отсликуваат нешто што се вика испитување на молекуларна-биологија.
Ако Гегите носат V13 до 50, Македонците (за твоја Информација), носат некаде до 25% на истиот ген. Испаѓа дека денес, 25% кај Македонците, се една гранка (суштествена гранка), на тој Македонски етнос.
Ги измеша брзините ептен. Со ова, твоето знаење за Генетиката, и тропање (ама ако, не ти се бришат постовите, пошо со некој мора да си играме дрн дупка)... следново кажано е само глупост, и немање шо да се праи, па како оџата, си виткал чалмата...
Дека не можиш а да не истропаш некоја глупост, говори и следново
Како еден пример е афинитетот према алкохолот, се знае дека на овие простори мажите од исконско врем имале традиција на пиење кои дури и турците со 500 години ја презедоја (со нивното раки). Вакви примери за нарави можат да се најдат кај сите кои ќе им го дадат карактерот, потврдат сличноста а и разликата на дојдените.
Според цитираново, денес Торбешите (како религиско застранети Македонци) за жал не пијат ракија, и за жал истите не припаѓаат во континуитетот на култниот живот према ракијата и алкохолот.
Слично е и со Босанците (пошо нели и тие Славјани, а Славјаните од секогаш биле тука... испаѓа дека се Илири) кои исто така кутрите се еден добар дисконтинуитет на она античко силно генетско кондензирано чуство. За Арнаутите не праиме муабет, оти тие се дојденци, како што ќе потенцира авторот.
Слично пример е и со Илирите, кои биле ПИРАТИ-грабливци (оние приморските, а оние другите пљачкаши, ама ти бараш математика не документи, не те убедува ништо тебе), денес си ги имаат своите потомци во Сомалија, како Сомалијските Пирати, кои крадат и грабаат бродови и флоти на најмоќните држави како Германија, Франција па дури и најмоќната Америка. Така било и со Илирите и нивните поморски непријатели, РИМЈАНИТЕ. (ако знајш, ако не да научиш нешто)
Кај бугарите пак е обратно, тие имаат сличности и преклапања со соседите бидејќи нивното јадро не е настанато од малцинството туку само името нивно. Голем дел од наравите, јазикот, религијата ги превземаат од мнозинските етникуми на таа територија. Еден од тие етникуми од кои го превземаат и јазикот е Mакедонскиот кој не бил само распространет на просторите на етничка македонија туку и половина Бугарија.
Каква е врската на ова со Генетиката?
Генетските тестирања само ќе го потврдуваат тоа што секој со голо око може да го констатира. Да се констатира тоа треба само да се излезе и да се запознаат народите и нивните култури.
Море море, значи не им треба тестирање, самите си знаат.
Ако 50% од гегите се грабливци и грди луѓе, испаѓа дека и 25% од Македонците се исто така Грди и Грабливци нели, пошо исти гени носат.
Море море, научникот, тропање.
Сите народи, без разлика на политичките граници имаат свои типични карактерни особини како што секоја индивидуа има своја карактеристичен карактер. Кај индивидуите има секогаш примеси на карактерните особини од заедницата и овие не се предизвикани од политичко-општествениот систем.
Пошото Албанците ти се некако опсесија, еден Илиролог ни пренесува вака (за карактеристиките):
И ова да си го знајш, да не мешаш баби и жаби, генетика и историја, и историја и математика.
Многу етникуми имаат исти политички и општествено политички системи а сепак се различни. Некој ќе рече дека тоа лежи на религиозната разлика. Тоа не е точно. Германија и Франција се со иста религија и низ времето со горе долу исти политички системи ама германецот се разликува од французинот и од енглезот од километри...а и полјакот може да се земе за пример да се елиминира географската положба (меридијаните се паралелни со тие на Германија)
Пак има разлика од Генетика и антропологија, и пак ти кутриот Историја и Математика. Браво, нов метод на решавање на историските равенки.
При ова не мора да се вклучи и физичкиот изглед на самите луѓе иако и тоа дава информации ама не е денеска политички коректно да се користи како аргумент поради тоа што се случии на европскиот континент пред 60тина години. Карактерните особини се одсликуваат преку наравите кои се провлекуваат низ традициите на етникумите. Скоро секаде има преклопување ама никаде тоа преклопување не е тотално.
Кутриот ти. Пример не знајш дека Хуните си се Хуни, ама се по руси од тебе (нели ариевци). Нели не знаеш дека Финците си се Азијци, ама нели, се по руси и по бели од тебе, да не речам по Европејци.
Пак генетиката тоа знае да го забележи и дистанцира, а ти Не.
Политичко-општествениот систем само дава мали примеси при евулутивниот развој на етникумите а не комплетен опис. Комплетен опис се прави само со вклучување на сите традици кои како некој puzzle ќе ни дадат одговори на различни прашања.
И ова нема врска Генетика.
За се друго (за Албанците секако), тука:
http://community.haplozone.net/index.php?topic=2007.0
Spored IGENEA,bugarite imate sosema razlicen genetichen sostav od Makedoncite.
Ama toa si lichi de,sosema e ocigledno.
Другар бе, гените немаат врска со народите и идеите за народи.
Македонизмот е во твојата свест и душа, не во составот на твоите хромозоми.
Чекај сега, некој да ти открие тебе античко Македонски гени, и да ти измери колку носиш нивни, колку Илирски, колку Дардански, колку Славјански.
Формирањето на нациите, значи и формирање нова свест. Дури и некој твој предок, да се нарекувал Бугарин, Србин, Грк (поради матицата наречена црква, Пеќка Патријаршија, Охридска, Грчка итн.), денес нека не ти смета и нека не ти е срам да се нарекуваш Македонец, пошо има разлика од Македонец од 15 век, до Македонец на 21 век.
Брука...
Како ги одвоија Илири, Словени, Феникици.
Па Хелени, кој е поголем Хелен, тој сокриениот на Крит, африканецот во атика или македонецот до пелопонез.
Германецот во своите гени има 30% словенско.
Единствено нешто што го гледам од страна се хуните, другото си се од исто потекло.
А кој е Словенски ген бе? Пошо насекаде го пикаш носо, а ништо не знајш, баш ме интересира сега тука, каква ескиважа ќе напрајш.