Образовани идиоти

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо чудно, да видите само какви генерации идат, е тогаш треба да се разговара доста сериозно.
 
Но комент..
и ете таквите ќе ни седат во министерствата и парламентот
 
Прфесорот е добар детаљ на клипов :bip::bip: абе да не он внатре гарант помалце ке се глупирааат
 
Се повеќе земаат замав. Се сеќавам (да не речам во мое време, ќе изгледам бааги стар) кога јас бев на училиште, не смеевме да писнеме. Не од учителот колку што се плашевме од домашните. Можеше да завршиш со двојна повреда - учителот да те истепа дека си немирен, а домашните дека те истепал учителот па си ги посрамотил.
Го видов мојот класен пред некој ден случајно. Се поздравуваме во ходник, муабет малку завртивме што е и како е... Тој е познат за најстрогиот учител во нашето училиште. И за да биде иронијата поголема, додека зборевме, цело време поминуваа деца и му викаа на уво. Он како труп стои. Му викам "дај бе учителе..." а он ми враќа "еееее, се сменија времињата...".
 
Па го имаше клипов на некоја тема, ова во некоја гимназија во охрид мислам дека се случуваше.
 
децава се дегенерици уште во средно, а за натаму кој знае со ќе прават. треба да им го дадат клипчето на нивните родители за да знаат какви деца „чуват„
 
Па го имаше клипов на некоја тема, ова во некоја гимназија во охрид мислам дека се случуваше.
Побарав пред да отворам, ама не успеав да го најдам :toe:

децава се дегенерици уште во средно, а за натаму кој знае со ќе прават. треба да им го дадат клипчето на нивните родители за да знаат какви деца „чуват„
Мислиш не знаат нивните родители? Навистина мислиш така? :)
Основната едукација твоето дете не ја стекнува во училиште. Ја стекнува 20 години додека ти бил во јајца, да ми простиш на изразот.
 
Де бре, ова бетер од школите во американскине гета. И во мое основно се изживљаваа со некои професори и имаше бесни деца, ама ова е претерано.
Се сеќавам (да не речам во мое време, ќе изгледам бааги стар) кога јас бев на училиште, не смеевме да писнеме. Не од учителот колку што се плашевме од домашните. Можеше да завршиш со двојна повреда - учителот да те истепа дека си немирен, а домашните дека те истепал учителот па си ги посрамотил.
Ама ни ова твоево не чини Принц. Не сме во социјализам веќе да јадеме ќотек од професори. Во никој случај не смее да биде решено на тој начин, со физички казни.
 
Децава се да ги земеш и да ги изнатепаш и ич око да не ти трепне ама прво треба родителите да се натепаат па после децата.
Која култура... :tapp:
 
Точно Псај. Целосно се согласувам со тебе, па затоа и неколку пати сум им зборел на пријатели учители/професори дека не треба и не смеат да го прават тоа.
Верувам и на професоров од клипов некој негов пријател му го зборел истото па го послушал. И сега види третман....
 
Точно не треба тепање ама ова преминува секакви граници. Не признава авторитет, не покажува култура, арогантност од сите страни и ај после не ги натепај... Срамота...
 
Децата се испишани од школата после излегувањето на видеото на неколку веб портали. Баш слушав на вести пред некоја недела

Првадата е задоволена :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom