Mike Tyson
Never,never,NEVER GIVE UP!
- Член од
- 20 август 2007
- Мислења
- 2.630
- Поени од реакции
- 156
Идеме на поход на Светско бе будало

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Уште две години дек му е крајот. ..Идеме на поход на Светско бе будало![]()
Деновите на Гус Хидинк во Русија се избројани откако против холандскиот стручњак се сврте целокупната фудбалска јавност во оваа земја. Поранешниот менаџер на Челзи и селектор на Холандија, Јужна Кореја и Австралија не успеа да ја однесе Русија на Мундијалот во 2010 година и покрај тоа што добива годишна плата од девет милиони фунти.
Медиумите во оваа земја веќе почнаа хајка против "вечно вториот" тренер кого го нарекоа "дедо кој не успева да излезе на крај со руските фудбалски ѕвезди". Холанѓанецот не успеа да ја оствари целта на љубителите на фудбалот во Русија кои се надеваа дека по негово водство, конечно, не само што ќе играат на Мундијал туку ќе имаат и влијателна улога. Заборавен е дури и пласманот во полуфиналето на ланското Европско првенство, што е најголем успех на Русија по расцепувањето на СССР.
Популарноста на Хидинк најмногу падна поради откритието на новинарите дека тој е еден од најплатените светски стручњаци, а во Русија престојувал само 31 ден во текот на 2009 година. Тоа значи дека за секој ден поминат во оваа земја заработувал по 290.892 фунти. Токму затоа најтиражниот спортски весник Совјетски Спорт вчера на својата насловна страница напиша:
"Кој е подготвен уште еднаш да му плати околу десет милиони евра за 31 ден работа?"
Според познавачите на состојбата во руската репрезентација, Хидинк ја загубил контролата на соблекувалната по судирот со дел од ѕвездите меѓу кои и Андреј Аршавин и Роман Пављученко во врска со тактиката. Дури, објавено е дека фудбалерот на Арсенал на соиграчите им давал инструкции спротивни на оние на селекторот во врска со начинот на однесување и играње на теренот. Тоа е и причината поради која Аршавин во репрезентацијата игра многу послабо отколку во Арсенал каде се промовираше во лидер на тимот.
Втора работа поради која Хидинк ја загуби популарноста беше тримесечниот ангажман во Челзи минатата пролет. И покрај тоа беше јасно дека Холанѓанецот оди во Лондон на инсистирање на милијардерот Роман Абрамович, кој го спонзорира и националниот тим на Русија, најголемиот дел од навивачите не гледаа со одобрување на тоа. Дури, постоеше опција тој да остане во Челзи и по завршувањето на сезоната, но одби и го одржа ветувањето дека ќе се врати во Русија по завршувањето на сезоната. Следуваше поразот од Германија во клучниот меч за првото место во групата, а потоа и неуспехот во баражот каде иако голем фаворит против Словенија, Русија испадна поради примениот гол на домашен терен.
"Минатата пролет Гус требаше да биде тука и да се концентрира на подготовките на националниот тим за претстојните последни натпревари од квалификациите. Место тоа, замина во Лондон да го води Челзи, а ние не можевме да направиме ништо бидејќи иницијатор на тоа беше Роман Абрамович. Сигурен сум дека вакво нешто не може да се случи во некоја од топ-20 репрезентации во светот", вели во својот текст колумнистот на Совјетски Спорт, Александер Горбунов.
Неполна недела по баражот за пласманот на Светското првенство во Јужна Африка, во Русија почнаа шпекулации за иднината на Хидинк. Се спомнува советничка функција во аргентинската репрезентација каде би работел со Марадона, потоа селекторско место во Нигерија, а последната информација е технички директор во Челзи.