Група Ц: Франција - Италија 17.јуни 20:45

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Солидна игра на Италијанците и заслужена победа. Со играта можеби не заслужија пласман во 1/4 финале, но и покрај тоа што играат со Шпанија не смеат да се отпишат. Италија често знаеле да почне лошо во групата па да стигне до финале. Најмногу сакам да поминат и во 1/2 финале да им се заблагодарат на Холандија за денешниот натпревар со тоа што ќе ги испратат дома.:)
 
Па овдека зборуваме токму за таа жештина со која настапуваат некој "фанови" на некои репрезентации!
Кога беше ракометот Македонија-Исланд, за двата дуели имаше помалку коментари одколку во случајов за посраните италијанци!
Тоа ми беше муабетот!
И зошто да навивам за нив кога повеќето не не признаваат за држава, не ни го признаваат името, Италија, Франција и Шпанија дури и гласаа против нас за влез во НАТО, Холандија не не сака во ЕУ.
Хрватите барем не признаваат колку толку ама пак не сум запален за нив!
 
Уау брат ... немој да се правиш ни ти многу голем навивач молим те... и тоа дали ги мразиш таквите навивачи или не ич нас не не интересира овде... Човекот сакал да ги критикува и искрено да ти кажам беа за критикување. Иначе ке видиме што сега ќе направат против фуријата... само јас не би се надевал многу.

Ти нешто као портпарол функционираш или што е работава?

Нејсе...

Едно е да критикуваш, друго е да ти е мило што Италија го "лапнала"!!!

Значи и јас критикував, посебно за изборот на играчи на првиот натпревар, ама ВООПШТО НЕ МИ БЕШЕ МИЛО што Италија го "лапнала"!

Can you see the difference?

А ваквите коментари од типот , "не се надевајте" одамна почнав да ги игнорирам.

Италија е во 1/4 финале, се може да се случи, ама осеќам кога ќе игра полуфинале, ќе се појават коментари од типот "не се надевајте на финале" ... и се така до 29ти!!!
 
Италија, Франција и Шпанија дури и гласаа против нас за влез во НАТО, Холандија не не сака во ЕУ.
Хрватите барем не признаваат колку толку ама пак не сум запален за нив!

Италија воопшто не гласаше против, и во ниеден момент не ја подржа гејлада. Проструија информации дека Италија го подржала ставот на гејлада, но се јави Министерството на Италија веднаш со ДЕМАНТ!!!

А Холандија е еден од поголемите подржувачи на Македонија, и еден поголемите пријатели на Македонија. Холандија има инвестирано во Македонија големи пари и тоа главно преку донации, т.е. неповратни средства.
 
Па овдека зборуваме токму за таа жештина со која настапуваат некој "фанови" на некои репрезентации!
Кога беше ракометот Македонија-Исланд, за двата дуели имаше помалку коментари одколку во случајов за посраните италијанци!
Тоа ми беше муабетот!
И зошто да навивам за нив кога повеќето не не признаваат за држава, не ни го признаваат името, Италија, Франција и Шпанија дури и гласаа против нас за влез во НАТО, Холандија не не сака во ЕУ.
Хрватите барем не признаваат колку толку ама пак не сум запален за нив!
Чомбе ова е тема Франција - Италија, а не е политика...Што да правам јас кога не следам ракомет?Не ме интересирал, па неможам да коментирам за Македонија-Исланд, кога не ме привлекувал ракомет никогаш!Франција и Шпанија можеби, но Италија не..Тогашнот премиер Проди, изјави дека Италија ја поддржала Македонија, и тоа е тоа..Немој да извртуваш..И те молам, не мешај политика со фудбал...:)
 
Нема повеќе, се е политика, ММЕ!
 
Кога ќе не примат во НАТО и ЕУ, ќе зборуваме за чист фудбалски аспект, вака тешко!
 
Чомбеее..знам дека секаде се меша политиката..Ама ти викам барем ние да не ја мешаме..Ако е така зошто постојат подфоруми фудбал?Цел форум да се викаше политика!
 
Очигледно воопшто не си го сфатил значењето на мојот пост, затоа следен пат размисли малце пред да се правиш паметен.

Постот си е прикаска самиот за себе. Нема јас што да сфаќам. Кој сака нека сфати и сам нека процени, за мене ти си квазинавивач, а другите сами нека си проценат.
 
И зошто да навивам за нив кога повеќето не не признаваат за држава, не ни го признаваат името, Италија, Франција и Шпанија дури и гласаа против нас за влез во НАТО, Холандија не не сака во ЕУ.
Хрватите барем не признаваат колку толку ама пак не сум запален за нив!

Прекини да мешаш политика и тука. За тие што навиваш таму да си пишуваш. Ајт.
 
Постот си е прикаска самиот за себе. Нема јас што да сфаќам. Кој сака нека сфати и сам нека процени, за мене ти си квазинавивач, а другите сами нека си проценат.

Добро чоек, што сакаш мисли, не ме интересира.
 
Ве советувам да не ја мешате политиката во спортот. Не е во согласност со фер плејот. Мислам дека секој спортист треба да ја има прочитано листата со фер плеј правила, а гледам не би било лошо и фановите на клубовите да ја прочитаат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom