Фан клуб: Рафаел Надал

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Во третиот сет веќе Надал му го научи сервисот на Иснер и немаше толку многу проблеми, се снаоѓаше на секој дел од теренот, и имаше феноменални дијагонали, стварно напредува а и не верувам дека е ова максимум што може да го покаже Надал.
Очекувам и победа против следниот противник и освојување на турнирот.:)
 
ВАМОС Рафа, очекував вака тежок дуел но добро е што победи.Ху ис некст ? :)
 

Еве нешто овдека за тие што не гледале како мене:smir:Иначе ова ако му е максимумот тешко дека ќе дојде до титула, а и Федерер и Ноле ги нема. Мора малце повеќе да запне.:toe:

Денес е 1/4 финале ( против Бердих ) грешно сум проценил значи ќе го гледаме во финале како брани титула ѕверот:vozbud::vozbud::vozbud:


VAMOS RAFAAA!!!
 
Значи да се разбереме добро, сега проверив:
1/4 финале Надал - Бердих
1/4 финале Mонако - Љубичич
1/4 финале Содерлинг - Мареј
1/4 финале Робредо - Родик

1/2 финале Надал - Бердих / Mонако - Љубичич
1/2 финале Содерлинг - Мареј / Робредо - Родик

Уште не ми е најсигурен, ама има причично лесен ждреб, ако игра добро не би требало да има проблеми до финале.
 
Од 3 ипол сабајле игра Надал...ќе се најде некој да ми каже на која програма ќе го даваат?

Најдов на телетекст Канал 5 и пишува дека даваат од 22:00, а тогаш почнува Љубичич...за Надал од 3 ипол не пишува...:toe:


И конечно заврши Надал после 2 часа и 12 минути со победа од 6-4 7-6. Солидна игра покажа, ништо посебно од тоа што знае. Во првите 5 гејма изигра на ниво и од како не искористи на 3-2 / 3 брејк топки потоа почна слабо да игра. На 4-3 успеа Бердих да го врати брејкот ама џаве коа Надал одма направи рибрејк на 5-4 и го зема сетот. Во вториот сет све почна најнормално, додека во 6 гејм на 3-3 не направи Надал брејк. Водеше 4-3 ама џаве одма успеа рибрејк да направи Бервих, со што се врати во игра. На крај во тајбрејкот Надал го доби со 7-4 со што стигна до една тесна победа.
Сеа во 1/2 финале ќе игра против Љубичич, не верувам дека ќе направи дедото некој притисок врз играта на Надал. Така да слободно може да очекуваме во финале да заигра и ако може да му се падне некој полесен противник.:smir:

VAMOS RAFAAA!!!
 
Со Љубичич не би требало да има проблеми мислам дека повеќе му одговара играта на Љубичич одколку на Иснер што беше кој имаше многу јак сервис.Финале на овој турнир не му бега се надевам и на титула,ако игра во финале со Мареј ќе му врати на Мареј :)
 
Дали полека но сигурно се враќа Надал или сепак грешам?:nesum:
 
Форхендот му е одличен на овој турнир.
Има некои гејмови во кои му паѓа малку концентрацијата и затоа Бердих му направи два брејка, а не поради некоја многу добра игра.
Не прави многу неизнудени грешки и е солиден во поставувањето на теренот.

Љубичич не е за потценување, иако го немам гледано на турниров, според резултатите е во одлична форма.
Последен пат кога се сретнаа, Надал беше во полоша форма и Љубичич беше подобриот играч, ама Љубичич заработи повреда и мораше да се предаде.

Останува да видиме каков отпор ќе прикаже Љубичич.
 
Не изигра лошо Надал бе, добро изигра, се гледа дека е мотивиран 100% и мислам нема сега да има проблеми со Љубичич, овој веќе е стар вк, Надал за разлика од него е многу по брз така да незнам мислам дека треба да биде ова лесна победа.

Кога игра сега против Љубичич ?
 
Не изигра лошо Надал бе, добро изигра, се гледа дека е мотивиран 100% и мислам нема сега да има проблеми со Љубичич, овој веќе е стар вк, Надал за разлика од него е многу по брз така да незнам мислам дека треба да биде ова лесна победа.

Кога игра сега против Љубичич ?

Утре играат :smir:
 
Да се надеваме дека Надал после долго време ќе освои трофеј и тоа ќе му биде одлична увертира пред другите натпреварувања.На следниот натпревар очекувам добра игра и упте поголема желба за победа и влез во финале.
 
Па да, само на брзина може да го фати, да го шета низ терен и повеќе да оди на мрежа бидејќи Иван слабо ги игра поените во таква ситуација и не баш сјајно ги гаѓа лобовите, но сепак има маестрален сервис кој не е толку силен колку прецизен - против Ноле се истури од погаѓање линии од сервис квадратот. Според мене хрватот има блага предност, но ако Надал останува подолго во поенот и го уморува Ивана тука некаде се. Сепак мислам дека ќе биде повеќе тактички тенис со надмудрување. А за финалето Мареј осваја со кого и да игра. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom