- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Малку off, пронајдени остатоци од антилопа крај Делчево:
ПРОДОЛЖИЈА ИСТРАЖУВАЊАТА НА ЛОКАЛИТЕТОТ КАЈ СТАМЕР
Праисториска антилопа откриена во Делчевско
Фосилни остатоци од праисториска антилопа и три заба од мастодон пронајдоа вчера во Делчевско екипата палеонтолози од Природно-научниот музеј на Македонија.
Екипата вечера ги продолжи истражувањата на масовната гробница на праисториски животни кај село Стамер и уште првиот ден дојде до овие пронајдоци.
Првите сондажни истражувања на овој локалитет почнаа лани, кога невработениот рударски инженер од Делчево, Љубе Митевски, случајно откри фосилни остатоци од неколку праисториски животни.
Во истражувањето, кое траеше до октомври, беа откопани череп од праисториска жирафа, предна нога на мастодон од групата слонови, заби од хипарион, праисториско животно предок на денешниот коњ, кој бил голем колку денешната лисица и имал три копита, како и фосилни остатоци од неколку други видови животни.
Истражувањето ќе трае десетина дена, а е финансирано од Министерството за култура. Остатоците од животните се стари од четири до десет милиони години, значи многу постари од човекот.
Особено интересни се животните што се стари помеѓу четири и седум милиони години, бидејќи таквите досега откриени локалитети се многу ретки во светот, па очекуваме овде да има животни што досега не се откриени во Европа - изјавија вчера раководителите на проектот, Светозар Петковски и Ристо Гаревски. Се претпоставува дека праисториската гробница е создавана во долг временски период кај тогашното Пијанечко Езеро, во кое, бегајќи од големи пожари, често се давеле многу животни.
Лани беше направен заеднички проект за посеопфатно истражување на локалитетот од македонски, бугарски и од француски научници, за што се очекуваат пари од европските фондови.
(Љ.Ш.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D13A4E6AA90B9A4386C59AD2819ACD30