Поправен и класен испит

  • Креатор на темата black angel
  • Време на започнување
B

black angel

Гостин
bas me interesira sto mislite deka samo za nekojsi 5 dena ke uspeeme da naucime materijal so ne sme go naucile cela godina?Jas ne znam so ke postignat so toa sto ostavaat deca na polaganje jas licno mislam deka na sekoj treba dsa mu se dade nekoja prolazna ocena ke bide polesno za profesorot a i za ucenikot nema da se gnjavat vo juni.Vie sto mislite?DA ili NE?
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Охооо од искуство знам..го научив и ден денес го памтам.
башка што жива се изедов што допуштив до таму да дојдам.
 
Х

Ханзо

Гостин
Мислам дека треба да повторуваш година... Самата си крива што си стигнала до полагање. Никој друг. Твоја е одговорноста.
 
B

black angel

Гостин
cekaj spored tebe tie so se na polaganje treba da gi osudime da padnat godina?a sto ako ne im ide toj predmet so togas koa ne go naucile cela god ke go naucat za nedela dena pr.matematika,fizika,angliski?
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
не секогаш незнаењето води кон класен или поправен испит...
да било така прва и втора требаше цела генерација да бидеме на поправен математика.. али јбг.. останаа на поправен тие што не частеа вечери ручеци, што не одеа на приватни часови кај професорот, кои нема добри врски низ школо.....
така да ханзо не е така како што ти мислиш
 
Х

Ханзо

Гостин
Не може толку да не ти иде за цела година да не можеш да научиш за една бедна двојка. Тие филмови со неидење на предмети се чисти глупости. Е сега, имаш 5 дена и многу материјал. Седни и учи, ти посакувам се` најдобро на полагањето.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
cekaj spored tebe tie so se na polaganje treba da gi osudime da padnat godina?a sto ako ne im ide toj predmet so togas koa ne go naucile cela god ke go naucat za nedela dena pr.matematika,fizika,angliski?

Види вака,има предмети што не ни идат има предмети што едноставно имаме аверзија спрема нив тоа е факт и не е проблем од денес.Секој ученик различни работи го привлекуваат .Но нели затоа постојат отцените,па според мене и на оние предмети што не ни одат или не ги сакаме може да издвоиме барем една мизерна 2.

Јас пример математика војна водев со себе,од што едноставно не сум математички тип,ама девојко на крај од годината имав 3 од што едноставно мораш да го совладаш тоа ако не сакаш цело лето да се влечеш по полагање и ако не сакаш да се фрустрираш.

И нормално она што не е научено за една година нема да се научи за една недела,но едноставно мора да постојат мерки со кои ќе се казнуваат учениците инаку нели сите би кренале раце кога имаат сигурна 2.
 
Х

Ханзо

Гостин
не секогаш незнаењето води кон класен или поправен испит...
да било така прва и втора требаше цела генерација да бидеме на поправен математика.. али јбг.. останаа на поправен тие што не частеа вечери ручеци, што не одеа на приватни часови кај професорот, кои нема добри врски низ школо.....
така да ханзо не е така како што ти мислиш
Ок, се извинувам, може школово мое ми удрило во глава па летам во облаци. :smir:

А има и такви случаи со ручеци и еврејчиња, секако.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
Најнапред не е фер кон останатите ученици кои имаат реална двојка и оние на кои им ставаат 2ка колку да не одат на полагање. И верувај, ако навистина ти значи образованието и ти е важно да не губиш година ќе седнеш ќе научиш за четири дена за една мизерна двојка.
Имам другарки кои останувале на полагање и сум им помогнала па за еден ден научиле по 5-6 лекции, и тоа е доволно за да не повторуваат. Професорите останувале фасцинирани од одговори на ученици кои останале на полагање, како што кажа еден другар од класот, минатата година дал одговор како за 5ка.

Ако се сака може да се седне и да се научи. Како што рече КафеДелМар и јас го имам истиот проблем како неа, за математика мака мачам 4 години ама на крај сепак успевам да стигнам до 3.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.857
Поени од реакции
50.259
Секое лето полагав математика во август имам комплекс од таа наука тогаш не можев да ја научам сеа не можам да ја смислам :S

Не искочив побогат со знаење од полагањата,во јуни редовно ме бутаа а во август не пуштаа сите,кој научил по нормална постапка мене и другите ко мене со пола научено и импровизација колку да не понављаме најбитно им беше да видат дека и за тоа си се напнал и си скапал на книга дур нормалниот свет го користи летот
Позитивно е само што си јачаш карактер и влечеш поука(ако си паметен ова) или во мој случај ти стои во глава едно нешто за што сигурен дека никад во животот нема да те бива :) колку да знаеш да бегаш од него во животот.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Сепак сметам дека неуспехот на ученикот е во голем дел заслуга или неспособност на професорот. Да, треба да постои елементарна одговорност кај учениците барем да се обидат да научат и мислам дека тоа е повторно убиено од професорите. И да, не може за пет дена да се научи нешто што требало да биде усвојувано во текот на девет месеци.
Класот не би требало да брои повеќе од дваест ученици за да може на секој да му се обрне барем две минути индивидуално време.
За на крај - нер сум да се оставаат деца на плагање и да повторуваат. Со тоа ништо не се добива, освен фрустрации и комплекси кои си ги носат до крајот на животот.
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Ма учениците се криви никој ништо не учи и кога треба да учи или треба да одговара не е на час, избегал и ќе дојде ќе го оправда мама, а кога на крај ќе има 5 кеца тогаш професорот е крив епа незнам кој е крив година дена да не се знае ни воведот по предметот.:tapp:
 
B

black angel

Гостин
a da izvini ama si slusnal za tie slucai kadesto spored prof ti nisto ne znaes a solidno si naucil i ti stava poniska ocenka od taa sto bi trebalo da ja imas?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom