Вистинската причина за предвремените избори ?

Има ли скриени антимакедонски сценарија зад предвремените парламентарни избори ?

  • Нема, Македонија созреа демократски за такво искуство

    Гласови: 14 33,3%
  • Има, во врска со менување на името

    Гласови: 12 28,6%
  • Нема, ДПМНЕ само се одбрани од идејата на СДСМ за широка коалиција со помош на меѓ. заедница

    Гласови: 16 38,1%

  • Вкупно гласачи
    42
  • Гласањето е завршено на .
Член од
5 јуни 2008
Мислења
14
Поени од реакции
0
Изборниот резултат е познат, еуфоријата полека спласнува, граѓаните во својата меморија повеќе несвесно отколку свесно се враќаат на замрзнатата слика, за ситуацијата пред предвремените избори, која беше дефокусирана со истите. Повторно стануваме свесни за проблемот со името, проблемот со ултимативните барања за измислените малцински права на албанското малцинство, притисоците за признавање на Косово, и повторно некој ги активира антимакедонските механизми - громогласно се огласи предавничката иновација, алтернативата за невладината петта колона, т.н. полтички аналитичари, платени новинари, корумпирани политичари, повторно се зборува за енормни количини пари влезени во Македонија.
Македонскиот народ без вистинско лидерство изманипулиран од безидејната стерилна политика останува во летаргија. Македонските интелектуалци профитираат на политичката глупост, а МАНУ спие со отворени очи, окупирана сама со себе. Македонија од факт како држава повторно се отвара како прашање.
Во вакви релани околности никој да даде одговор или барем да го држи прашањето отворено додека таков одговор не биде одговорен, -ЗАШТО И КАКО СЕ СЛУЧИЈА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ?
-ЗАШТО НИВ ГИ ИНИЦИРА ДУИ И ЗАШТО ДПМНЕ ВО ИСТИОТ МОМЕНТ ГИ ПРИФАТИ ?
-МОЖНО ЛИ Е ТАКВА СОГЛАСНОСТ БЕЗ МЕНТОР БЕЗ ПРЕТХОДНО ДОГОВАРАЊЕ ?
-КОЈ Е ДОГОВОРОТ ? КОЈА Е ЦЕНАТА КОЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА ПЛАТИ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ?
Денес за прв пат го открив овој форум, ова нека биде мој поздрав до оние кои ги интересира политиката. Мојот став по ова прашање ќе го изнесам доколку оваа тема биде прифатена во форумот.
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
452
Поени од реакции
2
Доста во вашите глупости, изборите поминаа, изгубивте гадно.

Да не спомнувам дека имавте глупава кампања и глупо изигравте со вашите предавнички партнери. сдс ќе има само 18 пратеници во идното собрание.

Време е да работите на себеси наместо да плукате по Вмро, вие сте светлосно години за Вмро како што стојат работите.

Клуч за темава?

Нема смисла изборите се одамна завршени и сите причини за изборите беа свртени по тв и тука, вклучително и овие црни сценарија. Ова е само чиста сдс пропаганда, сега го нашол форумот ха ха ха:locked:
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
ВМРО преродба , СДС - реинкарнација ...:tapp: шо е работава ..
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Прв пост(тема) и тоа баш во политика и баш за изборите и баш одкако завршија изборите, и баш просдс пост...хмм?!
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
ВМРО-ДПМНЕ уште некаде октомври 2007 беше решен да оди на предвремени избори.
Општинските штабови добија соопштение од централата да се спремаат за предвремени избори.

Мене друго нешто ми пречи.
Избори се.
Што е тоа, објавување војна ?
Најдемократски чин е.
Избори како избори се можност одредена влада пред судбоносни одлуки да го осети пулсот на народот.
Пример, ако тепаше СДСМ тоа ќе значеше било каков компромис со Грција со цел што побрзо да се влезе во НАТО.
Народот не го одбра тоа и јасно покажа дека побитен е идентитетот и името и остварување на програмата.

Основна функција на политичката партија е да владее.
Не гледам друга причина за постоење.
ВМРО-ДПМНЕ направи одлична анализа и успеа да го материјализира добриот рејтинг.
Денеска таа е многу појака но и носи многу поголема одговорност за состојбите во земјата.

Ако радикалните структури на Албанците решиле да направат криза, тоа ќе го направат и без изборите.

Мислам дека настаните што се случија со исклучок на човечката жртва, се добри од аспект на проветрување на партиите.
Ќе се убрзаат вистинските потребни процеси на демократизација на партиите.
Соголени се одредени појави до коска, проблемот е лоциран точно во епицентарот.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Во вакви релани околности никој да даде одговор или барем да го држи прашањето отворено додека таков одговор не биде одговорен, -ЗАШТО И КАКО СЕ СЛУЧИЈА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ?
-ЗАШТО НИВ ГИ ИНИЦИРА ДУИ И ЗАШТО ДПМНЕ ВО ИСТИОТ МОМЕНТ ГИ ПРИФАТИ ?
-МОЖНО ЛИ Е ТАКВА СОГЛАСНОСТ БЕЗ МЕНТОР БЕЗ ПРЕТХОДНО ДОГОВАРАЊЕ ?
-КОЈ Е ДОГОВОРОТ ? КОЈА Е ЦЕНАТА КОЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА ПЛАТИ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ?
1. Чисто политички маневар, и не се сложувам дека на барање на ДУИ се организирале предвремените.

ВМРО истакна после Букурешт дека ќе распише предвремени но за тоа му требаше мнозинство во Парламент.

На ДУИ исто од причина на високиот моментален партиски рејтинг со надеж ако ги победат повторно убедливо ДПА во албанскиот блок, тогаш Груевски не ќе има причина да не ги земе во Влада.

Многу добро темпиран потег од Груевски, кој ја искористи максимално својата позиција на висока популарност.

Сепак кон изборниот резултат придонесе и негативната бедна кампања на “СОНЦЕ“.

2. За што би бил потребен ментор?
Договарањето некогаш може да биде само преку политички сигнали и преќутна согласност.

Двете најмоќни партии во двата блока,ВМРО и ДУИ, имаа највисок рејтинг и на двете партии не им одговараа моменталните односи на сили.

ДУИ се залажа и ја апна јадицата за лесна победа и влез во Влада- алчност, и тука е нивниот проблем.

3.
Зашто би требале да плаќаме цена за предвремените?
Зашто дури после избориве?

Нели полошо ќе беше да имавме слаба Власт заложник на коалиционите партнери Петковски,Андов, со кои имаше големо разидување пред Букурешт и после.

Опозицијата сакаше предвремени, ама во Септември. Зашто?
Оти се надеваа дека во наредниот период ќе успеат да му ја влошат ситуацијата на Груевски па може и да се протнат на мала врата преку широка коалиција во Влада.

А со влошување на ситуацијата на Груевски, се мисли на влошување на интересите на Државата севкупно.

Свесни беа дека реално на избори немаат сила.

Свесно ДОГОВАРАЊЕ ПРЕВРАТИ,
-оневозможување на функционалност на Парламентот за донесување потребни закони и одредби,
-уцени од коалиционите партнери,
-кревко мнозинство,
-пропагирање на смена на името, оддавање значајни позиции на преговарачкиот тим и целосно поткопување на нашата страна.
-Преку разните приватни медиуми, платени“експерти“ и политичари кои отворено притискаа на компромис по секоја цена.

И целосно уназадување на земјата во наредните 6 месеци.
За кои немаше да има простор за корекција после.
Значи свесно работење против Државните интереси.

Тоа ќе беше цената доколку немаше превремени и чиста слика.

Албанскиот фактор ќе играше независно од одржување или не, на предвремените.
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
452
Поени од реакции
2
Ајде бе не гризете на темава....Сто пати се зборувало за причините, сега и касно е по избори да се замараме со ова пак.

Прв пост и одма шири сдс пропаганда тука. Зошто не се занимаваш со сопствените проблеми? Имате 18 пратеници и партија пред КОЛАПС!
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Добро, и ти не скокај ко попален. Нигде не гори, како до сега така и натака.

Нема потреба за ограничување на дискусии, секој што сака да дискутира има исти права.

Ако сакаш и ти отварај теми во полза за ВМРО. Затоа олабави.
 
ок, вртете се во круг за истите прашања.

Толку од мене на оваа тема.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
14
Поени од реакции
0
Да бидеме внимателни, Македонија е на крстопат

Се согласувам дека ваквото мислење има своја логика. Мојата дилема е фокусирана на три можни опции, надвор од онаа која сама за себе е демократски преседан, бидејќи досега не беа можни предвремени избори.
Првата, која ја посакувам, е дека предвремените избори беа со цел да нема овластена институција (парламент) која би прифатила предавство со името. Дури и да не е така, изборите и дадоа време на Македонија и македонскиот народ да се совземе од хистеријата иницирана од СДСМ и медиумите, да се направи компромис по секоја цена.
Втората можна опција ( не смее да се отфрла ниедна) е, додека се има добар рејтинг да се земе нов мандат, а потоа слично како со референдумот за промена на законот за територијална поделба, кога едните беа отворено против (СДСМ) а другите во една скриена игра со САД практично го опструираа референдумот (доказ изминатите 2 години, а и во проширената преродба нема ништо за Кичево и Струга), ДА СЕ НАПРАВИ КОМПРОМИС, што би преставувало вовлекување преку измама на макеоднскиот народ сам да се самоукине.
Третата опција е дека ДПМНЕ само заради политички прагматизам во политичката игра со предвремените избори се одбрани, СДСМ на еден паразитски начин да не се прикачи на власта без избори, кога има низок рејтинг.
Секако политиката која е комплексна посебно македонската која во добар дел ни ја диктираат и однадвор, може да биде и комбинација од сите наведени опции. Сепак народот доби воздух, време да покаже национален имунитет, да покаже национално достоинство, и без оглед на можните сценарија тој веќе покажа дека е над македонската политика.
Народот е против промена со било каква додавка или придавка. Очекувам Груевски наместо да го турка народот во некое сценарио со референдум, самиот да каже НЕ за било каква промена, и да ги прекрати разговорите со Грција.
Не смее нашата позиција да биде Република Македонија (Скопје). Тоа би бил провиден трик, веќе виден со референдумот против новата територијална поделба, кога Македонија го претрпе најголемиот удар врз националните интереси на македонскиот народ.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Она што можам да ти кажам дека си пропуштил многу дискусии на форумов.

Премногу има да се елаборира одново и нема ефект.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Изборниот резултат е познат, еуфоријата полека спласнува, граѓаните во својата меморија повеќе несвесно отколку свесно се враќаат на замрзнатата слика, за ситуацијата пред предвремените избори, која беше дефокусирана со истите. Повторно стануваме свесни за проблемот со името, проблемот со ултимативните барања за измислените малцински права на албанското малцинство, притисоците за признавање на Косово, и повторно некој ги активира антимакедонските механизми - громогласно се огласи предавничката иновација, алтернативата за невладината петта колона, т.н. полтички аналитичари, платени новинари, корумпирани политичари, повторно се зборува за енормни количини пари влезени во Македонија.
Македонскиот народ без вистинско лидерство изманипулиран од безидејната стерилна политика останува во летаргија. Македонските интелектуалци профитираат на политичката глупост, а МАНУ спие со отворени очи, окупирана сама со себе. Македонија од факт како држава повторно се отвара како прашање.
Во вакви релани околности никој да даде одговор или барем да го држи прашањето отворено додека таков одговор не биде одговорен, -ЗАШТО И КАКО СЕ СЛУЧИЈА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ?
-ЗАШТО НИВ ГИ ИНИЦИРА ДУИ И ЗАШТО ДПМНЕ ВО ИСТИОТ МОМЕНТ ГИ ПРИФАТИ ?
-МОЖНО ЛИ Е ТАКВА СОГЛАСНОСТ БЕЗ МЕНТОР БЕЗ ПРЕТХОДНО ДОГОВАРАЊЕ ?
-КОЈ Е ДОГОВОРОТ ? КОЈА Е ЦЕНАТА КОЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА ПЛАТИ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ?
Денес за прв пат го открив овој форум, ова нека биде мој поздрав до оние кои ги интересира политиката. Мојот став по ова прашање ќе го изнесам доколку оваа тема биде прифатена во форумот.

Predvremenive izbori se dokaz deka vo Makedonija pochnuvaat demokratski procesi.
Da go napraveshe i Gligorov istiot poteg-da podneseshe ostavka i da se raspishea predsedatelski izbori-pred da go smeni imeto,deneska ke ja nemavme ovaa situacija.Gligorov so stavot za promena na imeto siguren sum deka nemashe da bide izbran za Predsedatel na R.Makedonija.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
14
Поени од реакции
0
нема бегање од минатото, но во иднина без национални делби!

е да! ама да не беше Љубчо и Невзат и јагнињата немаше и без тоа да го изберат. И ако сме ВМРО, она историското да грее во нас, победата ке биде наша ако сите Македонци бидат ВМРО да им дозволиме и тие во СДСМ да бидат, а моделот на државата на избори ! Цела Македонија ВМРО, сите ВМРО. Тоа а македонскиот глобален патриотизам !!!
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Никој не им брани и на оние од СДС да се осеќаат како дел од ВМРОвските идеали. И да ги применуваат чисто патриотските ставови и да ги имплементираат само во корист на интересите на Македонија.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Се согласувам дека ваквото мислење има своја логика. Мојата дилема е фокусирана на три можни опции, надвор од онаа која сама за себе е демократски преседан, бидејќи досега не беа можни предвремени избори.
Првата, која ја посакувам, е дека предвремените избори беа со цел да нема овластена институција (парламент) која би прифатила предавство со името. Дури и да не е така, изборите и дадоа време на Македонија и македонскиот народ да се совземе од хистеријата иницирана од СДСМ и медиумите, да се направи компромис по секоја цена.
Втората можна опција ( не смее да се отфрла ниедна) е, додека се има добар рејтинг да се земе нов мандат, а потоа слично како со референдумот за промена на законот за територијална поделба, кога едните беа отворено против (СДСМ) а другите во една скриена игра со САД практично го опструираа референдумот (доказ изминатите 2 години, а и во проширената преродба нема ништо за Кичево и Струга), ДА СЕ НАПРАВИ КОМПРОМИС, што би преставувало вовлекување преку измама на макеоднскиот народ сам да се самоукине.
Третата опција е дека ДПМНЕ само заради политички прагматизам во политичката игра со предвремените избори се одбрани, СДСМ на еден паразитски начин да не се прикачи на власта без избори, кога има низок рејтинг.
Секако политиката која е комплексна посебно македонската која во добар дел ни ја диктираат и однадвор, може да биде и комбинација од сите наведени опции. Сепак народот доби воздух, време да покаже национален имунитет, да покаже национално достоинство, и без оглед на можните сценарија тој веќе покажа дека е над македонската политика.
Народот е против промена со било каква додавка или придавка. Очекувам Груевски наместо да го турка народот во некое сценарио со референдум, самиот да каже НЕ за било каква промена, и да ги прекрати разговорите со Грција.
Не смее нашата позиција да биде Република Македонија (Скопје). Тоа би бил провиден трик, веќе виден со референдумот против новата територијална поделба, кога Македонија го претрпе најголемиот удар врз националните интереси на македонскиот народ.
Pricina e prosta.
Uste od pred minati izbori `06,od ko vide deka narod i e i ne e ovca,NG rabotese samo za ovie novi izbori.Rezultat go gledame.

Inaku izborite se glupost,ama aj odi objasni mu go to na ova Vmro.Izlegoa po debilana i od Sds..A mislevme nema beter?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom