Забрането носење кратки пантолони во училиште...?

Статус
Затворена за нови мислења.

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Добро зашто сте сите лизни мазни па неможете да издржите нешто што не е совршено прилагодено на вашите потреби.На крај краева не идете у школо ладете се дома или шетајте голи никој не ви брани.
Постои многу поедноставно, попкрактично, поевтино и пред се попаметно решение, знаете на што мислам, нели?
Но, проблем е што професорите, и останатите кои се задолжени за овој проблем, не се „паметни“.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин

е за жал јас незнам на што мислиш бидејќи не читам мисли можам да гледам на јогурт и кафе само.Ќе ми кажеш кое е тоа решение?!
 
Х

Ханзо

Гостин
Агора, да гледаме реално, бараш луксуз. Не знам кои филмови ти е увртени во глава, ама едноставно празен е муабетов. Во школо треба да си одиш пристојно облечен и да не цвикаш за 20 степени, како за сите така и за тебе. Теоретски...
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
е за жал јас незнам на што мислиш бидејќи не читам мисли можам да гледам на јогурт и кафе само.Ќе ми кажеш кое е тоа решение?!
Решението е практично само кога температурата е во одредени граници, а тоа е носење на облека која што одговара на температурата.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Решението е практично само кога температурата е во одредени граници, а тоа е носење на облека која што одговара на температурата.
Членот со постот над твојов мислам дека веќе ти одговори на ова.
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
452
Поени од реакции
2
Дали кога студи, тогаш екстра облека не е нарушување на тој кодекс на облекување? А кога е жешко и треба нешто да се скини тогаш "ааааааа тераат мода овие". Каква мода се куси пантолони жити се? Баш обратното...

Или клима или куса облека, здравјето е побитно од пристојноста. Се работи само за 10-20 дена од годината, крај мај почеток јуни, правилата имаат исклучоци токму заради вакви вондредни ситуации
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Агора да не сакаш и кафенце и нешто за разладување.Доста со филмовите од типот на Млади бунтовници.Удобни столчиња во нив уште да заспиете на часови,а и онака ви бега паметот додека трае часот.
Заради вакви работи треба целосна униформа,а не само горе маичиња некои.Си има кодекс на облекување во секоја институција,па така и училиштето.На сите им е топло,ама па сеа тоа е,ќе се прилагодиш.И кај мене во средно збореа за кратки панталон,стварно е невкусно,а замисли девојчињата у кратки фустани и панталони.
Е ова баш ти одговара на никот:pos::pos:.

Можните проблеми што би се јавиле со решавањето на некој проблем, не претставуваат причина за да не се реши тој проблем!!!

А што им фали на девочјињата во таква облека? хехехе
Агора, да гледаме реално, бараш луксуз. Не знам кои филмови ти е увртени во глава, ама едноставно празен е муабетов. Во школо треба да си одиш пристојно облечен и да не цвикаш за 20 степени, како за сите така и за тебе. Теоретски...
Ако правилата важат за сите, зошто да не важат и сите правила, иако можеби некои од нив се луксуз?

п.с. Луксуз е носењето кратки пантолони?...

Членот со постот над твојов мислам дека веќе ти одговори на ова.
И јас одговорив на него...
Дали кога студи, тогаш екстра облека не е нарушување на тој кодекс на облекување? А кога е жешко и треба нешто да се скини тогаш "ааааааа тераат мода овие". Каква мода се куси пантолони жити се? Баш обратното...

Или клима или куса облека, здравјето е побитно од пристојноста. Се работи само за 10-20 дена од годината, крај мај почеток јуни, правилата имаат исклучоци токму заради вакви вондредни ситуации
Донекаде, се согласувам со тебе..

Абе ај да превземеме нешто...?
 
Х

Ханзо

Гостин
Постои многу поедноставно, попкрактично, поевтино и пред се попаметно решение, знаете на што мислам, нели?
Но, проблем е што професорите, и останатите кои се задолжени за овој проблем, не се „паметни“.
Може да ни го кажеш тоа „паметно“ решение, зашто нели ти си „паметен“ како што сакаш да ни се прикажеш преку изразувањето во келвини и слични глупости...
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Дали кога студи, тогаш екстра облека не е нарушување на тој кодекс на облекување? А кога е жешко и треба нешто да се скини тогаш "ааааааа тераат мода овие". Каква мода се куси пантолони жити се? Баш обратното...

Или клима или куса облека, здравјето е побитно од пристојноста. Се работи само за 10-20 дена од годината, крај мај почеток јуни, правилата имаат исклучоци токму заради вакви вондредни ситуации
не се работи за тоа што е модерно моментално, туку за тоа што е премногу гола кожа во школо/факултет.ако е за тоа сите ќе идевме сегде голи во лето.
Истото важи и за оние кои се во работен однос.Сигурно не смеат во лето да идат полуголи на работа.
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
452
Поени од реакции
2
не се работи за тоа што е модерно моментално, туку за тоа што е премногу гола кожа во школо/факултет.ако е за тоа сите ќе идевме сегде голи во лето.
Истото важи и за оние кои се во работен однос.Сигурно не смеат во лето да идат полуголи на работа.
сега претеруваш. од куси пантолони до полуголи има голема разлика.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Може да ни го кажеш тоа „паметно“ решение, зашто нели ти си „паметен“ како што сакаш да ни се прикажеш преку изразувањето во келвини и слични глупости...
практично, едноставно, ефтино и т н = паметно.

Веќе го кажав решението во еден претходен пост.
не се работи за тоа што е модерно моментално, туку за тоа што е премногу гола кожа во школо/факултет.ако е за тоа сите ќе идевме сегде голи во лето.
Истото важи и за оние кои се во работен однос.Сигурно не смеат во лето да идат полуголи на работа.
Не реков школо да одиме „голи“, туку облеката да одговара со температурата на воздухот.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Агора да не сакаш и кафенце и нешто за разладување.Доста со филмовите од типот на Млади бунтовници.Удобни столчиња во нив уште да заспиете на часови,а и онака ви бега паметот додека трае часот.
Заради вакви работи треба целосна униформа,а не само горе маичиња некои.Си има кодекс на облекување во секоја институција,па така и училиштето.На сите им е топло,ама па сеа тоа е,ќе се прилагодиш.И кај мене во средно збореа за кратки панталон,стварно е невкусно,а замисли девојчињата у кратки фустани и панталони.
Многу пенкала кои ќе паѓаат се тоа бе, и многу работа ќе се собере :pos:
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Не реков школо да одиме „голи“, туку облеката да одговара со температурата на воздухот.
Ќе има листа со температури на кои ќе им бидат пресметани центиметри кои ја означуваат должината на пантолоните? на врата ќе има 2ца кои мерат колку ти се долги пантолоните и бараат на листата дали си соодветно облечен?
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Ќе има листа со температури на кои ќе им бидат пресметани центиметри кои ја означуваат должината на пантолоните? на врата ќе има 2ца кои мерат колку ти се долги пантолоните и бараат на листата дали си соодветно облечен?
Ќе има дадено една пристојна облека, веројатно училишна униформа, и една температура за која што ќе биде таа облека, а таа е 20 степени целзијусови:helou:
Или...ќе нема ништо, па сите ќе носат што сакаат...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom