Македонец ја побива теоријата на Ајнштајн!

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Exotic^
  • Време на започнување Време на започнување
За да било која образовна и научна институција во светов те смета за научник мора да имаш објавено научен труд, макар и во некое локално списание (journal).

Ако се работи за голем доказ (побивање на Ајнштајновата теорија) во кој веќе се вложени милијарда долари, научниот труд (и видувања на истиот) ќе бидат објавувани во многу други списанија.

Траг дека Стефан Пеев некогаш објавил било каков научен труд не постои.

Постои научник М. Пеев кој објавува трудови од областа на физиката. Ако господин Стефан си го сменил името, тогаш грешам.


Постои, јас лично го имам прочитано, но издавачките куќи не се нафаќаат да го испечатат. Дојди во Градската библиотека во Велес и ќе ти дадат една книгичка од 100-тина страници печатени дома, на принтер.
 
Епа вака сега да ви го кажам јас моето мислење. Мене лично Пеев ме има застанато на улица со другарите по чиста случајност зашто не го познавам лично. Извади од џебот неколку ливчиња, исечоци од весници од кои повеќето беа руски во кои имаше огромни статии за него и неговото побивање на Ајнштајновата теорија. Некое време работел во Русија, мислам на нуклеарки, ама не сум сигурен. На човеков се во животот му тргнало наопаку, најверојатно зашто мал број на луѓе го разбираат неговото дело кое што е од неописливи размери и тој после Русија се враќа изменет за 180 степени. Човекот сега е налудничав т.е луд. Како и да да знаете дека "Македонецот кој ја поби теоријата на Ајнштајн" не е мит туку е реалност и се надевам дека има луѓе што ќе му помогнат бидејќи човекот живее бедно и е отфрлен од сите.
 
Постои, јас лично го имам прочитано, но издавачките куќи не се нафаќаат да го испечатат. Дојди во Градската библиотека во Велес и ќе ти дадат една книгичка од 100-тина страници печатени дома, на принтер.

Објавил, не е исто што и отпечатил дома.
 
Тоа што го има во библиотека и се издава... доволно зборува

Тоа што го има во една библиотека во целиот свет зборува дека библиотекарката е фина жена.
А фината женичка нема кредибилитет да ја потврди научноста на домашниот материјал.
 
Последно што прочитав е дека им ги одбиле трудовите ....
 
Прочитав во Време дека физичарот Пеев ја побил познатата Ајнштајнова теорија.Еве и линк:
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1403&ArticleID=91319

Што мислите за ова?


Според вас ако е Македонец човекот не смее ни да помисли на тоа така??!!

Страшен менталитет имаме:kesa::kesa::kesa:

И да на темата ако има доволно факти да го подржи ова зошто да не веруваме.:toe:
 
Да го разгледаме написот!

Македонец ја побива теоријата на Ајнштајн
Теоријата за релативитет на Алберт Ајнштајн не е целосна и не е разработена до крај и во неа постојат многу нелогичности, тврди македонскиот физичар Стефан Пеев. Тој поаѓа од тврдењето дека равенката за релативитет, откриена на почетокот на минатиот век, не е разбирлива, зашто науката се уште нема целосно сознание за времето, просторот, но и за брзината на светлината. - Моите математички истражувања ја побиваат познатата теоријата на релативитет, дека енергијата е еднаква на масата по брзината на светлината на квадрат, Е = МС . Брзината на светлината не треба да се степенува на квадрат, бидејќи не е изедначена со соодветна мерна единица. За таа теорија да биде целосно точна, потребно е да се воведат нови мерни единици, како што се маса на време и маса на простор, во функција со времето - смета Пеев. Ајнштајновата теорија за релативитет се темели на две тврдења. Во првата се образложува човечкото движење низ времето. Пеев тврди дека тоа воопшто не е точно, бидејќи појавите во вселената не течат истовремено, туку зависат од променливата брзина на времето. За погрешно го смета и тврдењето за движењето на човекот низ светлината. Тој смета дека брзината на светлината не е константна, туку зависи од брзината на времето и од просторот. - Основната грешка на Ајнштајн е користењето погрешни мерни единици, а тоа во физиката е недозволиво. Брзината на светлината ја мерел со единици мерки за просторот и за времето, а треба да се мери со единици за брзината на времето и за брзината на просторот, бидејќи станува збор за брзина - вели Пеев во неговиот научен труд „Космос“.
За истражувањата на Пеев за микросветот и за макросветот, на кои работел повеќе децении, интерес покажала американската Академија на науки, која што за истражувањата за да се потврдат заклучоците на Пеев досега вложила околу милијарда долари. Приказната за велешкиот научник стигнала и до страниците во прочуениот „Њујорк тајмс“ и во најпознатите весници во Кина. Во нив, според Пеев, се укажува дека ова истражување би можело сериозно да ја промени теоријата на Алберт Ајнштајн, еден од најголемите научници во светот.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1403&ArticleID=91319
- Зошто да не се степенува....равенка за кинетичка енергија е Е=1/2 . MV*2 ..половина од производот на масата М и квадратот на брзината V..
ајнштајн во равенката само за V заменил С ....бидејки сметал дека брзината на светлината е најголемата можна брзина а со тоа дека така се добива најголемата можна кинетичка енергија за одредена маса.
Значи и мерните единици потполно одговараат.

- кој се тие нови мерни единици?

- точно брзината на светлината не е константна..исто како и брзината на звукот и таа зависи од видот на медиумот (материјата) низ која проаѓа

- брзината на времето???????? во што ќе се мери... колку секунди прошле за една секунда... сек/сек?????

- брзината на просторот???????????? простор [ m*3, метри кубни]...... брзина на просторот..... метри кубни во секунда..или негдека попознато како ..проток
 
Според вас ако е Македонец човекот не смее ни да помисли на тоа така??!!

Страшен менталитет имаме:kesa::kesa::kesa:

И да на темата ако има доволно факти да го подржи ова зошто да не веруваме.:toe:
Не е важно дали е Македонец или не...
Типот како прво не е физичар туку Машинец, а тоа што го напишал нема врска со некаква наука... Книгата му е од пред триесетина години, но нашиве бедни весници гладни за сензационализам на секои три четири години ја актуелизираат темата, за нашиот "генијален научник".
 
Равенката на Ајнштајн донекаде е точна, т.е. навистина енергијата е еднаква на масата по брзината на квадрат.
Сепак во универзумот постои и антиматерија со што равенката може да биде и Е=-mc2.
 
Равенката на Ајнштајн донекаде е точна, т.е. навистина енергијата е еднаква на масата по брзината на квадрат.
Сепак во универзумот постои и антиматерија со што равенката може да биде и Е=-mc2.
Антиматеријата имат негативна енергија???
 
Сеа гледаф на то гуглено за тој Ајнштајн.
А бе не ви е страм да побивате две педи стар чоек!!

Ја го биев (ферски) Кире звани снагата од Лопатица на пато за Оптичари и то пред жена му и децата Ко карпа маж ко му се фрлиф в очи ко теписон го свиткав.
Е то е за фалење!!
 
Сеа гледаф на то гуглено за тој Ајнштајн.
А бе не ви е страм да побивате две педи стар чоек!!

Ја го биев (ферски) Кире звани снагата од Лопатица на пато за Оптичари и то пред жена му и децата Ко карпа маж ко му се фрлиф в очи ко теписон го свиткав.
Е то е за фалење!!

Кога не си ја „свиткал’’ жена му ..ќути трај си:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom